3Меланија Трамп ги донесе претставниците на Русија и Украина во Белата куќа- мировна мисија на првата дама на САД
3Се огласи НАСА по падот на вселенската опсерваторија: Влета во атмосфератат 22 пати побргу од звукот
МакедонијаЖерновски: Муцунски е фатен во лага, а кога нема резултати се заканува со апсења исто како МицкоскиТаман помисливме дека со одењето на Мицкоски на екскурзија, не на одмор, ќе се одмориме, едноставно од лагите од страна на Владата, кога еве се појави неговиот заменик, кој што лаже колку него, а веројатно и уште повеќе. Го слушаме Муцунски како ја објавува новата фаза во ВМРО, а новата фаза е откако редовно не демантираат нас, сега почнаа самите себе да се демантираат. Интересно. Да погледнеме какви изјави на Муцунски објавија медиумите пред 10 дена на 3 август. „Има разговори под радарот за деблокада на ЕУ интеграциите“, „Се водат разговори под радарот за деблокирање на европскиот пат“ „Се водат разговори под радарот за деблокирање на Македонија“. Три наслови. Различни медиуми. Ист лик, ист лажго - Тимчо Муцунски. После 10 дена му текна да се демантира самиот себе и да каже дека СДСМ лажат. Не он. И затоа денес кога ја држиме оваа прес-конференција за јавноста да се увери кој всушност ја откри новата стратегија и новиот проект на Влавата на Мицкоски. Значи не се работи за никакво премолчување, не се работи, се разбира што се однесува до Муцунски за некаков демант, едноставно е фатен во лага. Тоа е позната шема која што веќе ја видовме, но интересно е што сега Муцуцки се јавува во оваа улога. Откако ја среди состојбата во општина Аеродром, откако ја среди нашата дипломатија, ја среди состојбата во МНР, сега му дале задача да се занимава со домашната политика. И сега ќе се заканува на опозицијата, на граѓаните, дека шират паника. Ова нас во СДСМ ни е многу добро познато. Ние веќе ги видовме сите урнеци, сите типови на декрети по урнекот на Хитлер против слободата на говорот. И кога ние ја информиравме јавноста за труењето во Гостивар и дека на 50 места едноставно нема податоци дали водата за пиење и дали воопшто може да се користи макар како техничка, сега гледаме дека доцнат и со западно-нилската треска, повторно се закануваат, повторно истата шема. Да се потсетиме дека Мицкоски од собраниската говорница нарачуваше процеси против опозицијата и така натаму. Ги навредуваат и понатаму граѓаните со „талог“, ја навредуваат и понатаму опозицијата, продолжуваат со истата реторика која што секако нема да им помине. Сакам да им порачам - немаат аргументи, немаат резултати, немаат одговор на ниту едно прашање. Има само афери и има само лаги. На крај, сакам многу отворено да ги прашам, дали мислат или дали некој во ВМРО смета дека нас во СДСМ ќе не заплашат со вакви закани? Дали сметат дека народот ќе го заплашат? Зарем не гледат дека македонскиот народ не можат да го замолчат. Зарем не гледаат дека народот се буди. Народот ги прочита. Народот веќе не им верува. Сакам да им порачам дека ќе одговарат за сите лаги и за сите афери. Прес-конференција на СДСМ, Андреј Жерновски, Секретар за меѓународна соработка СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСтудентите во Албанија ја менуваат стратегијата на протестите- најавија кога ќе протестираат Студентите во Албанија објавија дека ја менуваат својата стратегија за протести по повеќе од 150 дена демонстрации, најавувајќи два национални протести неделно, секоја среда и сабота во 14 часот.Студентското движење објави дека првиот протест според новиот распоред ќе се одржи во сабота, 7 ноември, пред Министерството за образование, пренесува Euronews Albania. Организаторите велат дека месеците протести сè уште не доведоа до одговор од властите на нивното главно барање - оставка на албанскиот премиер Еди Рама. „По повеќе од 150 дена континуирани протести, властите во Албанија продолжуваат да го игнорираат барањето на граѓанското востание - оставка на премиерот Еди Рама“, се вели во соопштението. Студентите оценуваат дека политичката ситуација во земјата е обележана со автократско владеење и велат дека се подготвени за долгорочна борба. Како што истакнуваат, промената на стратегијата има за цел да ја зајакне студентската мрежа и да ги мобилизира граѓаните, така што протестите имаат посилно и поконтинуирано влијание. Во соопштението се наведува и дека ќе продолжат да ги поддржуваат сите други граѓански протести против владата, без оглед на датумот на нивното одржување. Студентите изјавија дека борбата за демократија во Албанија продолжува и дека нема да се откажат од своите барања. „Борбата на Албанците за демократија продолжува. Автократијата ќе падне, исто како што падна диктатурата“, рекоа организаторите на студентските протести.Тагови: Албанија студентите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
ТенисКарлос Алкараз влезе во четвртфиналето на Париз без минута борба Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Париз откако помина 0 минути на теренот.Како е тоа можно? Можно е затоа што Матео Беретини се откажа пред почетокот на натпреварот поради повреда што ја заработи во претходното коло. Италијанецот заработи повреда на рамото и не можеше да се соочи со третопласираниот играч во светот. Алкараз на тој начин ќе има дополнителен ден одмор, што ќе му значи многу, со оглед на тоа што е крај на сезоната и дека повеќето тенисери се веќе оптоварени со натпревари и турнири, а тој мора да учествува и на Завршниот турнир во Торино. Алкараз сега може да седи и да го чека својот следен противник. Тоа ќе биде победникот на многу возбудливиот дуел што следи, во кој ќе се сретнат Артур Фис и Тејлор Фриц.Тагови: Карлос Алкараз Париз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
СветГолем пожар во Њујорк- има загинати и повредени (ВИДЕО)Шест лица загинаа, а седум други беа повредени кога избувна пожар во куќа во населбата Сансет Парк рано утрово.Според противпожарната служба на Њујорк (FDNY), пожарот избувнал непосредно пред 1:40 часот наутро во куќата на улица 58 број 653. Пламенот се проширил на сите катови од куќата. Видео објавено на платформата на Citizen ја покажува куќата целосно зафатена од пламен додека пожарникарите се борат со огнот. JUST IN: A home in #SunsetPark was completely engulfed in flames as FDNY crews battled the blaze early this morning. - https://t.co/l1AsT02VY5 #breakingnews #brooklyn https://t.co/8UUbBWuRTy — News12BK (@News12BK) November 5, 2026 Во 1:46 часот наутро, пожарот станал пожар од втор степен, ширејќи се на соседната зграда. Во 2:10 часот наутро, бил прогласен за пожар од трет степен. Вкупно 231 противпожарни и итни медицински лица биле испратени на местото на настанот. Четири лица починале на местото на настанот. Две лица биле однесени во болница во критична состојба, каде што биле прогласени за мртви. Две лица претрпеле сериозни, но не опасни по живот повреди. Пет други лица, вклучувајќи тројца пожарникари, претрпеле полесни повреди. Six residents of home in Sunset Park Brooklyn killed in overnight fire Cause under investigation @1010WINS https://t.co/xRSsZVUrkT — glenn schuck (@glennschuck) November 5, 2026 На местото на настанот биле повикани и Одделот за згради и Црвениот крст. Откако беа пронајдени литиум-јонски батерии, беше повикан и тим за опасни материјали. FDNY соопшти дека главниот дел од пожарот е ставен под контрола кратко пред 2:40 часот наутро. Противпожарните екипи остануваат на местото на настанот. Возраста на жртвите сè уште не е позната. Причината за пожарот е под истрага. FDNY ќе одржи прес-конференција за да обезбеди дополнителни информации.Тагови: Њујорк пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter