Жените во фудбалот освен со конкуренцијата се борат и со стереотипите и стигмата - Канал 5

Жените во фудбалот освен со конкуренцијата се борат и со стереотипите и стигмата

Фудбалот не е за жени, ако играш фудбал си „машкоданка", одбери некој „поженски" спорт. Ако играш фудбал не си женствена. Ти си жена и не можеш да носиш судиски одлуки. 

Жените во фудбалот освен со конкуренцијата се борат и со стереотипите и стигмата

Ова се само дел од стереотипите со кои секојдневно се соочуваат девојките кои се решаваат да се занимаваат со овој спорт.

Општеството, од друга страна, не помага нешто многу во сузбивањето на овој стереотип. Неадекватниот и нееднаков пристап до ресурси е очигледен, како и фактот дека има недоволно жени на раководните функции во одлучувањето за овој сектор, згора на тоа, изостанува и медиумска покриеност.

На сите овие предизвици се изложени голем број на девојки и жени кои се соочуваат со стигмата која често знае и да сруши нечиј сон и да влијае на нивното психофизичко здравје.

Ова го потврдува и Александра Ристовска, фудбалерка во Женскиот фудбалски клуб „Тиверија" и репрезентативка на сениорската национална селекција на Северна Македонија, која вели дека моментално во фудбалот, кој важи за еден вид „машки спорт" што го играат сè повеќе девојчиња, нормално дека е потешко да бидеш женско отколку машко, бидејќи машките ги имаат сите привилегии, додека за женските е доста потешко да се просперира.

– Секојдневието нè тера да ги согледаме одредените разлики кои се однесуваат на женскиот и машкиот фудбал во поглед на трибините кои се попразни на женските фудбалски натпревари или во медиумската застапеност, која е доста помала во женскиот фудбал. Го гледаме основниот стереотип. Исто така, во поглед на фудбалерките, односно девојчињата кои се одлучуваат да играат фудбал, можам да кажам дека тие имаат многу помала поддршка од своите семејства, бидејќи сè уште родителите фудбалот го гледаат како „машки спорт" и многу потешко се одлучуваат да им дозволат на девојчињата да играат фудбал, вели Ристовска.

Таа дополнува дека реакцијата кога ќе кажеш дека играш фудбал, кај поголемиот дел од населението е „зошто баш фудбал, има многу подобри спортови за женски".

– Сметам дека ние што играме фудбал сме доста поборбени. Се бориме не само против нашата конкуренција, туку и против народот што е околу нас, потенцира Ристовска.

Снежана Трпевска, претседател на Женскиот фудбалски клуб „Џиџи", исто така, споделува дека отсекогаш постоело психичкото насилство.

– Првенствено, на секое поле, почнувајќи од средината и околината во која што некое девојче игра фудбал, наспроти спортисти кои кажуваат дека фудбалот е игра само за машки, не и женски, поради тоа што нема масовност на девојчиња, вели таа.

На нив се надоврзува и Ивана Пројковска, фудбалски судија при Фудбалска федерација на Македонија, која вели дека ако кажам дека не се соочуваат со психичко насилство, ќе излаже, бидејќи со самото стапнување на теренот, првата реченица е: „Еј, женско"".

– Автоматски, на почетокот, стереотипот се оформува, односно излегува на површина. Дали е машко или женско, тие треба да нè гледаат со исти очи, ние се појавуваме како судии, како службени лица на натпреварот, а не се појавуваме врз основа на тоа кој пол сме, вели Пројковска.

Во однос на психичкото насилство, Пројковска истакнува дека тоа секогаш постои од страна на публиката, каде што, како што вели, има различни коментари и каде што се обидуваат да делуваат над женските судии поради тоа што сметаат дека полесно можат да влијаат врз нив или ако употребат некоја сила, во форма на викање или обид за физичка пресметка, да влијаат врз одлуката што треба да се донесе преку тоа психичко и физичко насилство.

Пројковска додава дека доколку има повеќе судијки и жени играчи сè помалку ќе се среќаваме со стереотипите и можеме да ги сведеме на минимум.

– Со промена на генерациите и со вклучување на женски членови во повисоките функции за фудбалот, дали во судењето, дали општо во фудбалот, дали во репрезентација, дали во канцелариската работа во Федерацијата, што повеќе женски се вклучат, толку полесно ќе им биде за нив и патот ќе биде изграден без предрасуди и без стереотипи, заклучува Пројковска.

Со неа се согласуваат и Ристовска и Трпевска, кои што се согласни дека еднаквиот третман, сразмерната медиумска покриеност и едукацијата ќе придонесат што побрзо да дојде денот кога ќе излезат на фудбалски терен заборавајќи дека се жени.

Од психолошки аспект, ова го потврдува и Тиана Ивановска, психотерапевт во „СебеСложувалка", која вели дека влијанието на фактот што фудбалот се смета за „машки спорт" врз фудбалерките и нивниот понатамошен психофизички развој е огромно.

– Честопати се случува и покрај нивната огромна талентираност да не го одберат фудбалот како животна кариера само затоа што се чувствуваат недоволно соодветно. Да не заборавиме и на фактот што честопати машкиот фудбал се перцепира како поатрактивен и токму поради тоа многу поголем број на спонзори ги поддржуваат машките фудбалски клубови отколку женските. Во секојдневието секој од нас може да наброи барем по еден машки фудбалски тим, додека за женскиот фудбал не можеме да го кажеме истото, вели Ивановска.

Во врска со стереотипите во овој домен вели дека најчесто се поврзани со нивната женственост, како тоа дека се „машкоданки", дека не се доволно женствени, дека се груби, дека се заглавени во машки свет и слично.

– Овие стереотипи предизвикуваат општествена стигматизација која со текот на годините станува сè посилна и голем дел од нив не можејќи да ја поднесат истата се откажуваат од својот избор и се насочуваат кон нешто кое што би било општествено поприфатливо, вели таа.

Со неа, еден од првите аспекти кои би можеле да бидат допрени од стигматизацијата е нивната самодоверба, како и нарушена слика за себе поврзани со перцепцијата за неадекватност и за „бивање" недоволно добар.

– Неможноста да се занимаваш со она што вистински те исполнува и го сакаш може да предизвика длабоки фрустрации кои неретко траат до крајот на нашите животи. Поради тоа е потребно да градиме општество кое ќе биде поддржувачко за секој еден од нас бидејќи само така ќе можеме целосно да го реализираме нашиот потенцијал притоа да сме среќни со тоа што го правиме, заклучува Ивановска.

Простор за напредок има, се чека на можностите и нивната реализација

Силвија Митевска, советничка за спорт во Владата на Република Македонија, вели дека спортот во женска категорија кај нас не е на задоволително ниво, но има простор за напредок.

– Знаеме дека нема доволен број на жени тренери, нема доволен број на менаџерки на женски спортски клубови, знаеме дека девојчињата понекогаш поради родови стереотипи, нормативи, не се приклучуваат кон спортот, тоа сè уште е резервирана област за момчињата и сметам дека тоа треба да го промениме, вели таа.

Митевска ги дополнува и другите бариери како нееднаков пристап до ресурси, платите, односно финансиската поддршка, како и медиумската застапеност, со што вели дека доколку не уживаме еднакви права и можности тоа е дискриминација.

– Ние целиме кон тоа да бидеме недискриминаторско општество, што значи треба да им приуштиме еднакви шанси и можности и на девојчиња и на момчиња, и на мажите и на жените. Доколку гледате дека спортот генерално е резервиран за машката популација, вие како жена немате доволно самодоверба за ова да го промените, и автоматски, нема да практикувате спорт а знаеме дека спортот е од многу причини важен, првенствено здравствени, а потоа и сите оние социјално општествени бенефити кон кои што ние се стремиме да ги исполниме, сподели Митевска.

Филип Поповски, генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија вели дека направиле анализа на конкретната ситуација во споредба со машкиот фудбал и на база на тоа направиле одредени правци, по кои што треба да се движиме.

– Во насока со поддршка од раководството на ФФМ, како и од ФИФА и од УЕФА, направивме пет столбови на кои што ќе се темели женска стратегија. Првпат во Македонија, во фудбалот, се формира женска фудбалска стратегија за период од пет години, која што ќе вклучува пет столбови, а тоа се раст на играта, промоција на женскиот фудбал, добро раководење, натпреварување и заштита на елитниот фудбал, изјави Поповски.

Тој вели дека фудбалот се игра за сите, фудбалот е достапен за сите и не постои разлика во однос на полот, за да може да биде прифатен од сите.

– Сметам дека ние, како традиционално општество, полека почнуваме да ги надминуваме овие стереотипи, затоа што сепак се менуваат генерации, имаме зголемен број на девојки кои што се занимаваат со фудбал, во последните четири години имаме значителен пораст на женски фудбалерки, како и на фудбалски клубови. Ако споредиме со анализа од пред пет години, можеме да видиме дека имаме и зголемен број на фудбалски клубови, веќе имаме и две развојни лиги и прва лига со 16 клубови која, исто така, ќе претрпи измени, вели Поповски.

Тој дополнува дека секоја година имаме зголемување, но веќе доаѓаме до еден момент кој што се вика критична маса и веќе ќе мораме да се фокусираме на креирање на квалитет.

Во однос на психичкото здравје на играчите тој вели дека прават кампови четири-пет пати годишно за девојчиња до 15 години, каде што со психолози и педагози вршат предавање и начин како тие да се справат со секојдневните потреби, затоа што, како што истакнува, генерално е дека девојчињата се занимаваат со фудбал до 15 години, потоа следи еден период каде што тие истите ги губат тие девојчиња.

– Ние тоа го лоциравме во анализата каде што мораме да се насочиме понатаму како да ги задржиме. Знам дека влијае самата економска ситуација во државата, каде што не дава можност професионално занимавање со фудбал кај жените, но верувам дека со максимална имплементација на клупскиот лиценцен систем во прва лига, каде што ќе се даде зголемен број на професионални фудбалери кои што ќе бидат со стабилна плата и платени придонеси и осигурување, да можат истите да живеат од самиот фудбал, исто како и мажите, вели Поповски.

Не постои „машки" и „женски" фудбал, постојат 17 Правила на фудбалска игра кои важат подеднакво исто, и за мажите, и за жените. Така вели теоријата. Додека, во праксата, кога излегуваш на фудбалски терен како жена, излегуваш со еден ранец полн стереотипи кои што со времето се растеретуваат, но, сепак, сè уште ги има. Просторот за напредок е тука, девојките не се откажуваат, останува на укажаните можности, услови и ресурси кои ќе доведат до поддршката која е неминовна за правилен развој и успех./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали мажите повеќе ги привлекуваат жени кои ги игнорираат?

 Психолог открива колку „ладниот“ однос навистина пали

Дали мажите повеќе ги привлекуваат жени кои ги игнорираат?

Насмевка, допир, хумор или внимание? Психологот Ноам Спенсер објаснува што откриваат истражувањата за флертувањето и зошто различните тактики не оставаат ист впечаток.

Флертувањето често е игра на суптилни сигнали, каде еден поглед, насмевка или досетлива забелешка можат да поттикнат нешто повеќе.

Сепак, не е секогаш лесно да се процени дали другата личност е навистина заинтересирана, а уште потешко е да знаете како да ѝ покажете дека и вие сте заинтересирани. Додека некои сметаат дека е најдобро да се останете малку недостапни, други тврдат дека отвореното покажување интерес дава најдобри резултати. Сепак, психолошките истражувања укажуваат на тоа дека успехот на флертот може да зависи и од тоа што всушност бара личноста, краткотрајна авантура или сериозна врска.

Психологот д-р Ноам Шпанцер, автор на книгата „Добриот психолог“ („The Good Psychologist“), за списанието *Psychology Today* пишуваше за научни сознанија кои објаснуваат зошто одредени тактики на флертување оставаат посилен впечаток од други. Неговата анализа, меѓу другото, се заснова на теоријата за сексуални стратегии, која сугерира дека методите што се користат за привлекување потенцијален партнер можат да варираат во зависност од полот и посакуваниот однос.

Што мажите најчесто препознаваат како знак на привлечност?

Кога станува збор за флертот меѓу мажи и жени, истражувањата покажуваат дека физичката близина и допирот може да играат значајна улога во сигнализирањето на романтичен интерес. Во студиите што анализирале различни начини на флертување, мажите како особено ефективни ги оцениле ситуациите во кои жената ќе им ја допре раката, ќе се приближи или ќе иницира лесен физички контакт.

Се разбира, тоа не значи дека постои универзална формула за освојување на кој било маж. Сепак, резултатите укажуваат на тоа дека говорот на телото може да пренесе порака која понекогаш е тешка да се каже директно. Приближувањето за време на разговор или спонтаниот допир можат да бидат дел од флертувањето, особено кога постои взаемен интерес.

Зошто хуморот и вниманието се важни кога мажот бара сериозна врска?

Иако флертувањето често се поврзува со физичка привлечност, истражувањата покажуваат дека ситуацијата се менува кога целта е долгорочна врска. Во такви случаи, жените реагирале попозитивно на однесувања кај мажите што укажувале посветеност, великодушност и искрен интерес.

Меѓу клучните тактики се издвојуваат:

заедничко поминување време,

покана за средба,

држење за рака,

покажување интерес за другата личност, и

способноста да ја насмеат жената.

Хуморот, особено, се смета за ефикасна алатка при флертување – особено кога мажот ѝ се додворува на жена со намера за сериозна врска. Со други зборови, кога се бара партнер за сериозна врска, физичката привлечност не е единствениот пресуден фактор. Подеднакво е важно другата личност да покаже желба подобро да ве запознае, да ве слуша и да биде подготвена да вложи време и труд во врската.

Дали жените прават грешки кога се обидуваат да привлечат маж?

Една од најчестите дилеми при флертувањето е дали отворено да покажете интерес или, пак, да оставите впечаток дека не ви е премногу грижа. Иако често се советува да се глуми „недостапност“, истражувањата на кои се повикува Шпанцер не ја потврдуваат тезата дека криењето на интересот е секогаш најдобрата стратегија.

Напротив, во зависност од ситуацијата, јасните сигнали можат да ѝ помогнат на другата личност полесно да ја препознае привлечноста. Насмевката, контактот со очи, заинтересираноста за разговор и природното приближување можат да придонесат за создавање пријатна атмосфера. Сепак, целта не е секоја интеракција да се претвори во низа однапред испланирани потези, туку да се изрази интерес на начин што одговара на нечија личност и на конкретните околности.

Исто така, важно е да не се толкува секоја насмевка или пријателски гест како знак на романтичен интерес. Луѓето можат да ги доживеат истите постапки на различни начини; затоа, корисно е да се земе предвид поширокиот контекст и да се процени дали другата личност возвраќа на тој интерес.

Дали постои тајна за успешно флертување?

Во една студија, објавена во 2022 година во списанието *Evolutionary Psychology*, учествувале 415 испитаници од Норвешка и 577 од Соединетите Држави. Учесниците ја оценувале ефективноста на различни тактики за флертување, како во контекст на краткорочни, така и во контекст на долгорочни врски.

Резултатите покажале дека сигналите за физички и сексуален интерес се оценети повисоко кога ги користат жени во контекст на краткорочни врски. Од друга страна, великодушноста и покажувањето посветеност се оценети повисоко кога ги користат мажи во контекст на долгорочни врски. Смеењето на шегите на другата личност се покажала како ефикасна тактика за двата пола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пресметајте го вашиот личен број за 2027 г. и дознајте каква година ве очекува – Еве што предвидува нумерологијата кога станува збор за здравјето, љубовта и парите

За многумина, Новата година претставува можност за нов почеток, промени и остварување на плановите.

Пресметајте го вашиот личен број за 2027 г. и дознајте каква година ве очекува – Еве што предвидува нумерологијата кога станува збор за здравјето, љубовта и парите

За многумина, Новата година претставува можност за нов почеток, промени и остварување на плановите. А ако сте љубител на нумерологијата, можете да ја согледате 2027 година од поинаква перспектива.

Според нумеролошките толкувања, секоја година носи одредена енергија, а вашиот датум на раѓање може да се искористи за пресметување на вашиот „личен број“ кој се поврзува со темите што ќе ви бидат во фокусот во текот на 2027. година.

Се разбира, нумерологијата не е научно докажан метод за предвидување на иднината; таа всушност систем на верување што многумина го користат како интересен начин за размислување за своите планови, односи и животни цели.

Како да го пресметате вашиот личен број за 2027 година?

Постапката е едноставна.

Соберете ги денот и месецот на вашето раѓање, а потоа додајте го бројот што ја претставува 2027 година.

Прво, соберете ги цифрите од годината:

2 0 2 7 = 11

Во нумерологијата, 11 често се смета за „мастер број“, но за потребите на оваа пресметка, може да се сведе и на една цифра:

1 1 = 2

Потоа, соберете ги цифрите од денот и месецот на вашето раѓање, па додајте го бројот 2.

На пример, ако сте родени на 14. август:

1 4 8 2 = 15

Потоа:

1 5 = 6

Вашиот личен број за 2027 година би бил 6.

Сега, погледнете што симболизира секој број според нумеролошките толкувања.

Личен број 1 – Нов почеток

Бројот еден се поврзува со иницијатива, независност и нови почетоци. За оние со личен број 1, 2027 година во нумерологијата се толкува како година во која може да почувствуваат потреба да ги земат работите во свои раце. Може да се појават нови деловни идеи, промена на правецот или одлука конечно да започнат нешто што долго време било одложувано.

Во љубовта, акцентот е ставен на независноста и јасното поставување граници. Главна тема на годината: почеток.

Личен број 2 – односи и трпение

Бројот 2 се поврзува со партнерство, соработка, емоции и трпение.

Според нумеролошките толкувања, 2027 година може да биде период во кој односите со другите стануваат особено значајни. Оние што се во врска може повеќе да се фокусираат на своето партнерство, додека оние што се сами може да бидат поотворени за запознавање нови луѓе.

Во професионалната сфера, акцентот ќе биде ставен на соработката, наместо на самостојното извршување на задачите.

Главна тема на годината: партнерство.

Личен број 3 – креативност и дружење

Бројот 3 се поврзува со комуникација, креативност, оптимизам и општествен живот.

Според нумерологијата, ова би можела да биде година во која многу луѓе ќе бараат повеќе социјална интеракција, патувања и активности што им носат исполнетост.

Ова е поволен период за секој потфат што бара имагинација, пишување, јавен настап, изведувачки уметности или работа со луѓе.

Главна тема на годината: изразување.

Личен број 4 – работа и стабилност

Бројот 4 претставува ред, дисциплина, одговорност и темелност.

Ако вашиот личен број е 4, нумеролошката прогноза за 2027 година го става фокусот на работата и поставувањето стабилни темели за иднината.

Напредокот можеби нема да биде брз, но целта е преку трпение и добра организација да се изгради нешто што ќе трае.

Главна тема на годината: стабилност.

Личен број 5 – промена

Бројот 5 се поврзува со слобода, движење, авантура и промени.

За овој број, 2027 година може да биде период во кој работите почнуваат да се придвижуваат. Промената на работата, патувањата, новото опкружување или одлуката за напуштање на воспоставената рутина може да станат клучни теми.

Според ова толкување, важно е да не се носат големи одлуки набрзина.

Главна тема на годината: промена.

Личен број 6 – љубов и семејство

Бројот 6 најчесто се поврзува со семејството, љубовта, домот и одговорноста кон блиските.

За оние со бројот 6, 2027 година може да биде период во кој семејните односи ќе бидат во прв план. Некој може да стапи во посериозна врска, да го прошири семејството или да се посвети на прашања поврзани со домот.

Главна тема на годината: љубов.

Личен број 7 – Повлекување и размислување

Бројот 7 се поврзува со интуиција, анализа, учење и потреба за мир.

Наместо постојаното брзање, 2027 година за овој број може да биде период во кој времето поминато во самотија станува особено значајно.

Тоа може да вклучува преиспитување на минати одлуки, развивање интерес за нови знаења или желба за промена на животните приоритети.

Главна тема на годината: внатрешен раст.

Личен број 8 – Пари и амбиција

Во нумерологијата, бројот 8 најчесто се поврзува со успех, моќ, материјални прашања и професионални амбиции.

Затоа, 2027 г. за овој број може да се толкува како период во кој кариерата, финансиите и резултатите од вложениот труд доаѓаат во преден план.

Сепак, нумерологијата не гарантира финансиски успех; затоа, овие толкувања треба да се сфатат како симболичен поглед на годината.

Главна тема на годината: постигнување.

Личен број 9 – Крај на циклусот

Бројот девет се поврзува со завршетоци, ослободување од старото и подготовка за нов циклус.

За овој број, 2027 година може да биде година во која одредени стари поглавја конечно се затвораат. Тоа може да се однесува на врска, работа, навика или план што повеќе не е во согласност со она што го посакувате.

Суштината на бројот девет не лежи само во завршувањето на работите, туку и во создавањето простор за нешто ново.

Главна тема на годината: крај и ослободување.

А што ако добиете 11 или 22?

Во нумерологијата, броевите 11 и 22 често се нарекуваат „мастер“ броеви и не секогаш се сведуваат на една цифра.

Бројот 11 се поврзува со интуиција, инспирација и силно внатрешно чувство.

Бројот 22 се поврзува со големи планови, организација и претворање на идеите во конкретни резултати. Ако вашиот резултат е 11 или 22, можете да го толкувате како посебен број или, пак, да го сведете на 2, односно на 4.

На крајот на краиштата, без оглед на бројот што ќе го добиете, најдобро е на нумерологијата да гледате како на забавна разонода, а не како на дефинитивно предвидување за тоа што ќе ви се случи.

Впрочем, иднината првенствено зависи од одлуките што сами ги носиме.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Три години штедел за да си купи скутер- влегол во продавницата со вреќа монети, продавачите ги броеле со часови (ВИДЕО)

Невообичаена приказна за трпение и упорност доаѓа од индиската држава Телангана, каде што 51-годишниот Б. Рави Џозеф успеал да ја оствари својата желба .

Три години штедел за да си купи скутер- влегол во продавницата со вреќа монети, продавачите ги броеле со часови (ВИДЕО)

Невообичаена приказна за трпение и упорност доаѓа од индиската држава Телангана, каде што 51-годишниот Б. Рави Џозеф успеал да ја оствари својата желба на прилично необичен начин - купил нова Хонда Актива со пари што ги штедел исклучиво во монети три години.

Џозеф, кој работи како пастор во црква, живее во округот Манчеријал. Почнал да штеди на 10 октомври 2023 година, кога решил дека секој пат кога ќе добие кусур во монети од 10 рупии (околу девет евро центи), ќе ги штеди.

Не секогаш имал поддршка

Па, малку по малку, за време на неговите дневни патувања до продавницата и други активности, успеал да собере 123.000 рупии, или околу 1.158 евра.

„Во текот на изминатите три години, од парите што ги трошев, вклучувајќи купување намирници и други трошоци, каде и да одев, успеав да издвојам нешто. Така штедев“, рече тој.

Сепак, неговиот план не секогаш наидувал на поддршка. Во еден момент се појавија гласини дека монетата од 10 рупии може да биде повлечена од оптек или да го изгуби статусот на законско средство за плаќање.

Поради ова, некои членови на неговото семејство почнаа да го одвраќаат од понатамошно собирање пари.

На почетокот, тие самите беа скептични во врска со необичниот начин на штедење, но со текот на времето ја прифатија идејата и го поддржаа во остварувањето на својата цел, објавува Индија Тудеј.

Тој имаше и поскапа желба

Џозеф првично размислуваше да ги искористи заштедите за да купи нешто корисно за домаќинството, но подоцна се предомисли и реши да ги инвестира парите во ново превозно средство. Неговиот претходен мотоцикл почна да се расипува и повеќе не работеше правилно, па затоа одлучи дека е време да го замени.

Тој исто така призна дека има уште една, многу поскапа желба - би сакал да може да купи мотоцикл Royal Enfield Bullet, но неговите финансиски можности не му го дозволуваа тоа.

Кога конечно одлучи да купи Honda Activa, се соочи со уште еден предизвик - да најде продавница што ќе ја прифати целата сума во монети.

Според менаџерот на салонот во Луксетипет, Џозеф прво се обратил кај продавачот 15 дена пред купувањето за да провери дали е можно да го плати скутерот исклучиво со монети од 10 рупии.

Вработените се согласиле да ја прифатат понудата, а потоа Џозеф се појавил во салонот со парите што внимателно ги штедел три години и го зел скутерот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер