Жените го слават 8 Март, рамноправноста се уште само декларативна - Канал 5

Жените го слават 8 Март, рамноправноста се уште само декларативна

Негирање на женските права, дискриминација и насилство, помало учество во политиката и на раководните функции, помали плати за исти работни места, повеќе неформална и неплатена работа, се дел од работите со кои денес се уште се соочуваат жените.

Жените го слават 8 Март, рамноправноста се уште само декларативна

Тие денеска го слават 8 Март како ден на борба за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите, но во пракса состојбите го покажуваат спротивното.

Денес се уште е мал бројот на жени на раководни функции, а тие не се и правично застапени во структурите за донесување на одлуки. Дополнително, се уште постои јаз во платите меѓу мажите и жените, односно за иста работа жените се помалку платени од мажите.

Затоа од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ бараат наместо честитки и подароци по повод Меѓународниот ден на жената, Владата да преземе конкретни мерки за надминување на родовиот јаз и на проблемите со кои се соочуваат жените во повеќе области.

– По повод денешниот Меѓународен ден на жената, сакаме да го привлечеме вниманието на општата и стручна јавност за нееднаквата положба на жените и да укажеме на неефективната правна заштита од семејното насилство, ограничените можности за вработување и недостиг на основни здравствени услуги со кои продолжуваат да се соочуваат жените во нашето општество. Затоа, за 8 Март 2022 година наместо подарок сакаме да посакаме „Свет без предрасуди, дискриминација и стереотипи. Свет кој е рамноправен, правичен и инклузивен. Свет во кој се ценат различностите. Свет кој ја слави родовата рамноправност", велат од ЕСЕ.

Оттаму додаваат дека иако семејното насилство е законски регулирано од 2004 година, државата се уште не ја обезбедува бесплатната правна помош која е потребна за жените да можат да се заштитат од насилството и да ги решат правните проблеми со кои се соочуваат, како што се развод на бракот, старателството, издршката врз децата, поделбата на имотот итн.

Напоменуваат и дека ограничениот пристап до пазарот на труд и невработеноста, во 2022 година остануваат клучните проблеми со кои се соочуваат жените во Северна Македонија. Оттаму додаваат дека жените во Македонија се уште се соочуваат со бариери во пристапот до основните здравствени услуги за женското здравје.

На вчерашните настани организирани по повод 8 Март, сите упатија пораки за поголемо почитување на правата на жената и нејзино економско јакнење.

Здружението на бизнис жени на Македонија побара државата да овозможи подобри можности и услови за освојување на економската независност на жената, како основа за нејзината сеопфатна независност и градење како рамноправен сегмент во општеството во целина.

Претставниците на жените од руралната средина побараа поголема поддршка за нивно зајакнување, но и остварување на правата. Со една политика, со една измена на закон, со донесување правен механизам за остварување право на породилно отсуство и боледување, нагласија, не само што ќе се елиминира ваквата неправда, туку и ќе се влијае позитивно врз зголемувањето на бројот регистрирани земјоделки и земјоделци и ќе се поттикне зголемувањето на бројот жени сопственички на земјоделски имот и земјиште.

Според министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, потребна е целосна вклученост на жените во заедницата, во сите сфери на општеството.

-Ова е потребно ако сакаме да зборуваме за родово сензитивно општество, за демократско општество и во тој контекст ако сакаме да кажеме дека едно општество се декларира како демократско и современо, тогаш тоа треба да овозможи еднакви можности и еднаков пристап до сите ресурси, но и еднаков бенефит од тие ресурси и за мажите и за жените, рече вчера Тренчевска на настанот „Силни жени – силни заедници".

Само на тој начин, смета Тренчевска, може да зборуваме за општество кое се грижи за сите свои граѓани, општество кое не дискриминира и дава еднакви шанси за сите.

-Наша цел е поддршка за сите жени, креирање политики кои ќе значат подобрување на положбата на секоја жена – претприемачка, жена од рурални средини или тешко вработлива жена, жена политичарка, работничка или домаќинка. Индивидуален пристап е потребен кон секој проблем и кон секоја група поради нејзините специфики, рече министерката.

Под слоганот „Сиромаштијата има женско лице" за денеска во Скопје е најавен шестиот Марш за женски права. На него, како што велат организаторите, заеднички ќе се упати порака дека и покрај тоа што жените се еднаква половина од населението во државата, сѐ уште не уживаат еднакви права.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Омлет со зеленчук

Во понеделник (19.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Васил Михаил

„Гответе со Дракче“ - Омлет со зеленчук

Состојки за денешниот рецепт:

5 јајца

1 пиперка

1 главица кромид

2 - 3 чешниња лук

100 гр. кашкавал

100 гр. маслинки

10 шери домати

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Прилог

3 потпечени лепчиња

2 парчиња сирење

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп има нов план: Дали Орбан би можел да застане на чело на Обединетите нации?

Претседателот на САД, Доналд Трамп, сака поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан да стане нов генерален секретар на Обединетите нации (ОН), пренесува „Џерузалем пост“, повикувајќи се на извори од три земји.

Трамп има нов план: Дали Орбан би можел да застане на чело на Обединетите нации?

Според извештаите, американски претставници веќе разговарале со Орбан и му предложиле да се кандидира за таа функција. Тој покажал интерес, но сè уште нема донесено конечна одлука.

Според извештајот, Вашингтон смета дека Орбан би можел да ја обезбеди поддршката од Русија и Кина. Тоа би значело дека неговата кандидатура би била поддржана од три големи светски сили кои имаат право на вето во Советот за безбедност на ОН.

Еден американски функционер проценува дека Орбан би можел да добие поддршка од најмалку осум од 15-те членки на Советот за безбедност, со можност бројот на гласови да достигне десет. Сепак, досега ниту една земја јавно не ја потврдила својата поддршка за него.

Орбан е „кандидатот од соништата“ на Трамп

Според извештајот, американските претставници подолго време разговараат за тоа каков профил на личност би сакале да видат на чело на ОН. Во текот на овие дискусии, често се спомнувала идејата да се најде „некој како Орбан“ – замисла со која, наводно, се согласиле и претставниците на Русија и Кина.

Претставник на Стејт департментот на САД го опиша Орбан како „кандидат од соништата за конзервативците од движењето MAGA“, првенствено поради неговото противење на масовните миграции и либералните невладини организации. За време на своето владеење, Орбан често бил во судир со Европската унија, додека истовремено одржувал добри односи со рускиот претседател Владимир Путин и со Кина.

Трамп му даде поддршка за време на унгарските парламентарни избори во април, а во неговата кампања учествуваше и новоизбраниот потпретседател на САД, Џ. Д. Венс.

Извори тврдат дека Трамп и Венс се подготвени да ја поддржат кандидатурата на Орбан, но само доколку тој одлучи да влезе во трката. Не се очекува никакво официјално објавување на неговата кандидатура сè додека не завршат американските избори на средината на мандатот.

Дали Европа ќе го поддржи?

Франција и Обединетото Кралство би можеле да се покажат како едни од најголемите пречки за кандидатурата на Орбан. Двете нации се постојани членки на Советот за безбедност на ОН и имаат право на вето, што значи дека би можеле да го блокираат изборот на некој кандидат, дури и ако мнозинството од другите членки го поддржуваат.

Сепак, американските претставници сметаат дека Лондон и Париз можеби нема да сакаат да блокираат кандидат зад кој стојат САД, Русија и Кина. Ниту една од овие две европски земји сè уште нема изнесено став.

Кој ќе го наследи Гутереш?

Меѓу кандидатите за следен генерален секретар на ОН е Лана Нусеибе, дипломат од Обединетите Арапски Емирати, која минатата недела ја објави својата кандидатура и, според извештаите, добива сè поголема поддршка.

За среда е закажано уште едно неофицијално гласање во Советот за безбедност на ОН, со цел да се утврди нивото на поддршка за различните кандидати. Сè уште не е јасно дали меѓу нив ќе биде и Орбан. Мандатот на актуелниот генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш, истекува на 31 декември.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Купете гориво пред да поскапи вечер, неспособниците од Владата да излезат од фотелјите и да им помогнат на граѓаните!

Најостро реагираме на новиот бран поскапувања на горивата кои се очекуваат уште вечерва, додека власта комотно набљудува како се уништува економијата и се празнат џебовите на граѓаните и бизнисите.

ЛДП: Купете гориво пред да поскапи вечер, неспособниците од Владата да излезат од фотелјите и да им помогнат на граѓаните!

Цените на горивата растат поради војната во Блискиот Исток во која Македонија воопшто не учествува, но оваа влада за разлика од сите европски земји не сака да каже дека војувањето води до лудо зголемување на цените кои го уриваат стандардот и директно го осиромашуваат народот. За Либерално-демократската партија (ЛДП) и за народот популистичката манипулација е прочитана приказна на оваа влада која докажува дека нема ни знаење ни капацитет да се справи со руинираната куповна моќ на македонскиот граѓанин. Срамота!

Ако владата е толку неспособна сама да понуди решение, барем нека ја послуша ЛДП и веднаш да ги усвои итните мерки за заштита: бараме итна имплементација на предлогот на ЛДП за поврат на ДДВ за горивата ексклузивно за македонските граѓани и домашни бизниси, а не за транзитерите и соседите. Крајно време е функционерите да излезат од комфорната зона на своите фотелји и да се прошетаат меѓу народот по градовите, селата, нивите, фабриките, меѓу младите, пензионерите и работниците – да видат дека со овие цени се живее прескапо!

И за крај, упатуваме јасна препорака до сите граѓани: искористете го времето и купете гориво уште вечерва пред да стапат на сила новите поскапувања утре, бидејќи оваа власт нема да ви го полни празниот џеб! ЛДП порачува дека не смее да се дозволи народот да биде жртва на функционерска некомпетентност.

Со почит,

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер