3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
МакедонијаЛДП: Купете гориво пред да поскапи вечер, неспособниците од Владата да излезат од фотелјите и да им помогнат на граѓаните!Најостро реагираме на новиот бран поскапувања на горивата кои се очекуваат уште вечерва, додека власта комотно набљудува како се уништува економијата и се празнат џебовите на граѓаните и бизнисите. Цените на горивата растат поради војната во Блискиот Исток во која Македонија воопшто не учествува, но оваа влада за разлика од сите европски земји не сака да каже дека војувањето води до лудо зголемување на цените кои го уриваат стандардот и директно го осиромашуваат народот. За Либерално-демократската партија (ЛДП) и за народот популистичката манипулација е прочитана приказна на оваа влада која докажува дека нема ни знаење ни капацитет да се справи со руинираната куповна моќ на македонскиот граѓанин. Срамота! Ако владата е толку неспособна сама да понуди решение, барем нека ја послуша ЛДП и веднаш да ги усвои итните мерки за заштита: бараме итна имплементација на предлогот на ЛДП за поврат на ДДВ за горивата ексклузивно за македонските граѓани и домашни бизниси, а не за транзитерите и соседите. Крајно време е функционерите да излезат од комфорната зона на своите фотелји и да се прошетаат меѓу народот по градовите, селата, нивите, фабриките, меѓу младите, пензионерите и работниците – да видат дека со овие цени се живее прескапо! И за крај, упатуваме јасна препорака до сите граѓани: искористете го времето и купете гориво уште вечерва пред да стапат на сила новите поскапувања утре, бидејќи оваа власт нема да ви го полни празниот џеб! ЛДП порачува дека не смее да се дозволи народот да биде жртва на функционерска некомпетентност. Со почит, Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓанитеСо новиот ребаланс арамијата Мицкоски повторно ги отпиша работниците, земјоделците, граѓаните. Нема пари за минимална плата од 600 евра, нема мерки за заштита на стандардот, нема помош за земјоделците. Има нови долгови и високи камати што ќе ги плаќаат граѓаните и идните генерации. За 2 години Мицкоски натовари нови 4 милијарди евра долг врз грбот на народот, половина од вкупниот долг од независноста до денеска. Но тие пари не се за граѓаните туку за криминални тендери. Граѓаните арамијата ги остави сами. Секој месец нови поскапувања, а платите остануваат недоволни за живот. Од јануари трошоците за живот се зголемени за 4.000 денари. Октомвриската синдикална кошничка надминува 70.000 денари, а со кирија достигнува речиси 90.000 денари. Ниту три минимални плати не ја покриваат основната потрошувачка кошничка. Работникот работи цел месец, а не може да ги плати основните потреби на семејството. Околу 180.000 работници примаат плата под 31.200 денари, додека минималната останува на 26.000 денари. За нив Мицкоски нема пари. Се најавуваат и нови поскапувања на струјата и парното, во Европа се кројат планови поради ризикот од поскапување на храната. Само арамијата Мицкоски ништо не прави. Цела година ги остави граѓаните сами да се справуваат со кризата, одбивајќи ги мерките што ги предложи СДСМ. Ова е свесен избор на Мицкоски: за работниците нема, за партиските тендери има. Долг врз долг, ребаланс по ребаланс, а сметката секогаш кај народот. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
МакедонијаМинистерот Андоновски на панел-дискусија за дигитализација на приватниот секторВо среда ќе биде промовирана Ем услугата со која граѓаните ќе може личната карта и возачката дозвоја да ја имаат во дигитална форма.Ова го најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски кој утринава учествуваше на панел-дискусија за дигитализација на приватниот сектор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Омлет со зеленчукВо понеделник (19.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Васил МихаилСостојки за денешниот рецепт: 5 јајца 1 пиперка 1 главица кромид 2 - 3 чешниња лук 100 гр. кашкавал 100 гр. маслинки 10 шери домати масло сол, бибер и др. зачини по избор Прилог 3 потпечени лепчиња 2 парчиња сирење Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter