Жена возела седум километри во обратна насока на автопат: Немав пари за патарина (ВИДЕО) - Канал 5

Жена возела седум километри во обратна насока на автопат: Немав пари за патарина (ВИДЕО)

Минатата недела шпанската полиција запре и приведе возачка која направила неверојатна глупост на автопатот Р3 кај Мадрид.

Жена возела седум километри во обратна насока на автопат: Немав пари за патарина (ВИДЕО)

Кога стигнала на наплатната рампа, возачката сфатила дека нема пари, па се одлучила на опасен маневар. Наместо да помине низ станицата, таа свртела и почнала да вози седум километри во спротивна насока.

Откако била приведена, таа во полиција потврдила дека сакала да избегне да ја плати патарината бидејќи немала пари.

Возачката со мароканско потекло се товари дека возела во пијана состојба и се загрозила себеси и другите возачи. Освен тоа, полицијата наведува дека таа немала легален престој во Шпанија.

YouTube video

Сепак, тестот за алкохол и дрога бил негативен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски од Тетово: Големите се плашат од голем ЗНАМ, затоа што политиката на нови луѓе станува реалност

„ЗНАМ влезе во власта со јасна цел, да биде реформатор, но и коректор кога е потребно. 

Димитриевски од Тетово: Големите се плашат од голем ЗНАМ, затоа што политиката на нови луѓе станува реалност

„ЗНАМ влезе во власта со јасна цел, да биде реформатор, но и коректор кога е потребно. Нашата одговорност е да работиме за државните и националните интереси, а секогаш кога ќе сметаме дека некои процеси не се движат во вистинска насока, гласно ќе ги браниме принципите на кои стоиме“ порача претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, на панел-дискусијата во рамки на караванот под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, која се одржа во Тетово.

Во своето обраќање Димитриевски нагласи дека ЗНАМ на политичката сцена влезе со јасна определба да биде носител на промени и да придонесе кон создавање држава со ред, систем и еднакви можности за сите граѓани.

„Не влеговме во политиката за да бидеме продолжена рака на некого, туку за да изградиме политички субјект кој ќе се бори за држава со ред, систем и одговорност. Европска Македонија е Македонија во која граѓаните имаат доверба во институциите, младите гледаат иднина дома, а одлуките се носат според принципи, а не според интереси. ЗНАМ не е проект на еден човек, туку движење на луѓе кои веруваат дека Македонија може и мора да биде подобра држава“ истакна Димитриевски.

Тој порача дека учеството на ЗНАМ во власта е водено од одговорноста да се спроведуваат реформи, но и да се укажува секогаш кога е потребно, со цел заштита на државните интереси и принципите на кои почива движењето.

Во рамките на панел-дискусијата, генералниот секретар на Движењето ЗНАМ и министер за јавна администрација, Горан Минчев, ги претстави реформските процеси во јавната администрација и досегашните активности за изградба на професионални и функционални институции, додека потпретседателот на Движењето ЗНАМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, се осврна на мерките за поддршка на земјоделците, развојот на домашното производство и рамномерниот регионален развој како основа за посилна и поконкурентна македонска економија.

Димитриевски нагласи дека иднината на Македонија зависи од создавање систем во кој квалитетот, интегритетот и посветеноста ќе бидат поважни од партиската припадност.

„На големите не им одговара еден ден да видат голем ЗНАМ, но јас сум убеден дека тој процес ќе се случи. Нашата сила е во луѓето кои веруваат во идејата, во луѓето со интегритет и карактер и во политиката која дава еднаква можност за секој човек. Македонија може да оди напред само ако создадеме систем во кој знаењето, трудот и чесноста ќе бидат поважни од партиската припадност“ порача Димитриевски.

Од Тетово беше испратена порака дека Движењето ЗНАМ останува посветено на својата визија, европска Македонија со силни институции, развиена економија и достоинствени граѓани, држава која напредува преку работа, одговорност и резултати, без откажување од националните интереси и достоинството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Волшебен момент од Светското првенство: Англичаните ја прекинаа церемонијата на доделување медали и побараа уште еден бронзен медал

Англичаните ја прекинаа церемонијата на доделување медали и побараа уште еден бронзен медал за да му го дадат нему.

Волшебен момент од Светското првенство: Англичаните ја прекинаа церемонијата на доделување медали и побараа уште еден бронзен медал

Голманот Џејсон Стил го заврши Светското првенство со бронзен медал околу вратот, иако не беше дел од составот на Англија за турнирот.

Неверојатна сцена по натпреварот за третото место на Светското првенство меѓу Англија и Франција. Англија победи со 6:4 (4:0) по еден многу хаотичен натпревар, по што започна доделувањето на бронзените медали. Еден од нив му припадна на фудбалер кој не беше на списокот на селекторот Томас Тухел и кој никогаш претходно не го носел дресот на сениорската репрезентација на Англија. Станува збор за голманот Џејсон Стил, кој иако не беше дел од официјалниот состав од 26 играчи, го помина целиот турнир со тимот; неговите соиграчи ја прекинаа церемонијата за доделување медали за тој да може да се качи на подиумот, а потоа Џордан Хендерсон му го стави медалот околу вратот.

Џејсон Стил има 35 години и е најпознат како долгогодишен голман на Мидлсбро, за кој бранел во периодот од 2007 до 2015 година. Во тоа време, тој бил член на сите младински репрезентации на Англија и настапил на Олимписките игри во 2012 година, а бил испраќан и на позајмици во Нортхемптон и Блекбурн. Бил откупен од Блекбурн, а потоа и од Сандерленд, додека од 2018 година е резервен голман на Брајтон.

Селекторот Томас Тухел го повикал во март 2026 година за пријателските натпревари против Уругвај и Јапонија, а тој на крајот се приклучил како голман за тренинзи за време на турнирот. Постоела и идеја тој да биде дел од составот од 26 играчи како специјалист за пенали, но од таа замисла на крајот се сепак се откажале. Сепак, неговите соиграчи се погрижиле тој – кој бил со тимот во текот на подготовките и на самиот турнир – сепак да го добие својот медал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарскиот претседател ја потпиша својата смена

Унгарскиот претседател Тамаш Суљок се согласи да се повлече, потпишувајќи го новиот амандман на Уставот, со кој заврши неговиот мандат на полноќ.

Унгарскиот претседател ја потпиша својата смена

Партијата Тиса на премиерот Петер Маѓар ја протурка промената на Уставот во парламентот оваа недела за да го отстрани Суљок, кого го сметаше за марионета на поранешниот премиер Виктор Орбан.

Суљок имаше пет дена да го потпише амандманот или ризикуваше постапка за отповикување. Тој потврди дека ќе го испочитува рокот, но ја обвини владата на за кршење на владеењето на правото. Со новиот амандман беше сменет и претседателот на Уставниот суд и се забранува пратениците да имаат повеќе од три мандати, што се однесува на повеќе од половина од сегашните парламентарци на фидес на Орбан. Тој го опиша амандманот како чин на тиранија и повика на протести.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер