3Судскиот совет ја усвоил претставката на 70 вработени од кумановскиот суд против претседателката Снежана Манев
БалканЖена почина по убод од стршленОд убод од стршлен вчера починала педесет и седумгодишна жена од Чачак, Србија.Таа почнала да се гуши веднаш по убодот од стршленот, а според нејзините блиски починала на пат кон болницата во Чачак. Селото во кое жената живеела со сопругот и синот е на помалку од 20 километри од Чачак. „Сето тоа се случи синоќа помеѓу 19:00 и 19:30 часот. Една жена забележала стршлен како лета околу нејзината глава и се обидела да го избрка мавтајќи со крпа. Во овие движења таа го соборила на подот и наместо да згази со стапалото, со истата крпа го згмечила, со прстите го стиснала стршленот, при што тој ја каснала“, вели роднина на жената, која додава дека веднаш повикале брза помош, пренесува Курир. Несреќната жена почнала да се гуши буквално во истиот момент кога ја каснал стршленот, јазикот веднаш почнал да и отекува. Кога пристигнала итната медицинска помош, таа едвај дала знаци на живот“, раскажува роднината низ солзите и додава дека присутните направија се што можеа, но дека сè се одигра во еден момент. „Сите сме во шок, оваа година има инсекти насекаде, особено за нас чии домаќинства се покрај реката или шумата, како што беше нејзиниот случај. Жената беше релативно здрава, мислам дека не ни знаеше дека е алергична.“ изјавил нејзин братучед. Смртта на жената е констатирана во Општата болница во Чачак. Лекарите предупредуваат дека каснувањето од стршлен има многу висок импулс на реакција, поради што е неопходна итна и брза интервенција, посебно за алегричните луѓе. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБременоста и мајчинството причина за нееднаков тремтман во работните односи, потврдува КСЗДБременоста и мајчинството сè уште се причина поради кои жените и натаму се соочуваат со нееднаков третман на работното место – од притисоци и неповолни услови, до страв дека ќе ја загубат работата.Бременоста и мајчинството сè уште се причина поради кои жените и натаму се соочуваат со нееднаков третман на работното место – од притисоци и неповолни услови, до страв дека ќе ја загубат работата, но и натаму е мал бројот на оние кои се охрабруваат да пријават дискримнација. „Најголем акцент ние ставаме на бремените жени односно нивната заштита во областа на вработување кадешто Комисијата има добиено повеќе од 21 претставка во изминатите три години, претставки кои се однесуваат на дискриминација врз бремени жени кои имаат нерегулиран работен однос“-– Зекир Абдулов. Заменик претседателот на кломисијата Абдулов вели и дека секој што бил предмет на дискриминација може да поднесе пријава онлајн или лично во Комисијата. „Пред Комисијата граѓаните имаат можност да пријават дискриминација онлајн преку веб страната, формуларот е достапен меѓутоа сите можат да пријават и на лице место пред Комисијата со помош на асистент“, – Зекир Абдулов. Примери за нееднаков третман се бројни, а мегу нив велат од комисијата голем дел се однесуваат на интерсекциска дискриминација, каде истовремено се преплетуваат полот, родот, бременоста и мајчинството Во 2025 година, Комисијата утврдила вознемирување на бремена жена на работното место, која била изложена на понижувачки и сексистички коментари. Меѓу нив биле и ставови дека „жена не може да води оддел“, дека нејзиното место е дома и дека бремена жена не треба да раководи со мажи. Од Комисијата најавуваат и иницијатива до Владата и Собранието за законски измени со кои дополнително би се заштитиле бремените работнички, особено оние со договори на определено време. Оттаму посочуваат дека со години се чека ново законско решение, додека во пракса сè уште има случаи во кои договорите не им се продолжуваат токму поради бременоста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИнфалцијата во септември стабилна: Трошоците за живот непроменети во однос на августБез раст на трошоците за живот во септември, но со годишна инфлација од 2,7 отсто. Податоците за трошоците на живот минатиот месец на Државниот завод за статистика, покажуваат дека во однос на август цените во просек останале на исто ниво со инфлација од 0.0%, но во однос на септември минатата година трошоците за живот се повисоки. Најголем раст, за 1,3% има кај покуќнината, опремата за домаќинствата и редовното одржување на домот. Поскапела и храната и безалкохолните пијалаци за 0,5 отсто, исто колку и групата лична нега и социјалната заштита. На спротивната страна, најголемо поевтинување е забележано кај рекреацијата, спортот и културата за 3,7 отсто, а транспортот поевтинел за 3,4 отсто. Иако годишната инфлација е пониска од лани, тоа не значи и пониски цени. Цените и натаму се зголемуваат, но растот е поумерен од 4 отсто лани, на 2,7 отсто годинава. Премиерот Христијан Мицкоски очекува инфлаторниот притисок дополнително да се намалува, а годишната стапка да се движи меѓу 1,5 и 2 отсто. Тој се повика и на европските податоци, според кои инфлацијата во еврозоната во септември била проценета на 3,8 отсто, оценувајќи дека Македонија останува меѓу земјите со најниска инфлација во регионот. -Во третиот квартал бројките се дека состојбата е под контрола. Во јули месец стапката беше 2,3%, а просекот во Европската Унија и во еврозоната беше 2,9%. Во регионот сме втори убедливо кога ќе ги анализираме стапките на инфлација од Словенија до Турција. Во август беше 2,6%, кога во Европа и во еврозоната просекот беше 3,2%. Сега Европската Унија објави проценка дека во септември месец е 3,8% во еврозоната. Според нашите проценки и анализите коишто ги има Државниот пазарен инспекторат за храната и безалкохолните пијалоци, очекуваме годишната стапка на инфлација да биде меѓу 1,5 и 2%, што ќе претставува најниска во регионот и една од најниските во Европа,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Откако Светска банка ја зголеми прогнозата за растот на македонската економија на 3,2 отсто за годинава, Мицкоски изјави дека очекува растот да биде повисок, меѓу 3,5 и 4 отсто.. Сепак од Светската банка, во засебен извештај за долгорочниот економски раст и создавањето работни места во Македонија, предупредуваат дека без структурни реформи за ниската продуктивност, слабите инвестиции и намалување на работосподобното население растот до 2050 година во Македонија би можел да забави на само 2,4%, Повикувајки се на овој извештај, од опозициската СДСМ критикуваат дека биле побиени оптимистичките тврдења на премиерот за економскиот напредок. Од таму оценуваат дека без рерофми земјата со децении ќе продолжи да заостанува зад европскиот просек. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
ЗдравјеДоцни вакцинацијата против сезонски грип – првите вакцини ќе пристигнат за десетина денаЗа десет дена треба да пристигнат првите 30 илјади дози вакцини против сезонски грип, а во наредниот период до почетокот на ноември треба да стигант плус 26 илјади дози. Оваа сезона во борбата против грипот се планирани 80 илјади вакцини против грип и се очекуваат до декември да пристигнат плус 30 илјади вакцини. Засега нема потврда на болни од грип. Доколку грипот почне порано, министерството за заштита на најранливите граѓани со план Б. Министерот Клековски најави дека се средува и системот „Мој Термин“ каде треба да се регулира системот за закажување на вакцина до 26 октомври. Првиот човек на здравство објаснува дека иако во светски рамки доцнат вакцините, заради задоцнета потврда од Светската здравствена орагнизација, кои ќе бидат вирусите на грип, граѓаните и во декември, не е доцна да ја примаат вакцината. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08