Жена на руски политичар се разголи за народот да гласа за него (видео)

Провокативната фотографија на жената на регионалниот заменик, опкружена со разголени модели, претставува најновиот потег за да се поттикнат Русите да излезат на претседателските избори во недела.

На фотографијата која го привлече вниманието на медиумите, Јулија Дјалтова позира во друштво на осум разголени модели, чии голи тела ги покрива натписот на кој пишува „Ние одиме на избори“.

На фотографијата која е објавена на социјалните мрежи пишувало „Се гледаме на гласачките места“.

Јулија е сопруга на Александар Дјалтов, претседател на партијата Обединета Русија и пратеник во локалното собрание на Архангелск.



„Сите овие жени се поинакви, се занимаваат со различни работи – едната е инженер, другата професорка, третата фитнес инструктор. Сакавме да го направиме овој свет малку поубави и нашата земја подобра и покажавме дека различни типови на луѓе треба да бидат заинтересирани за иднината“ – изјавила Дјалтова пред новинарите објаснувајќи дека нејзиниот сопруг не е љубоморен ниту посрамотен поради овој потег.

Ова не е првата во низата провокативни кампањи. Неодамна се појави и серија на стикери кои ги објави магазинот „Максим“ за апликација за чет во кој жените на провокативен начин ги заведуваат мажите и ги поттикнуваат да излезат на гласање.

Исто така, руското издание на магазинот објави и сет на фотографии на провокативни модели кои одат на гласање. Погледнете го видеото.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер