Жена била силувана во авион кон Лондон- останала без отштета поради дупка во законот - Канал 5

Жена била силувана во авион кон Лондон- останала без отштета поради дупка во законот

Жена која била сексуално нападната додека спиела на лет за Лондон ги оспорува правилата на британската влада кои ѝ го одземаат правото на надомест бидејќи авионот не бил регистриран во Велика Британија.

Жена била силувана во авион кон Лондон- останала без отштета поради дупка во законот

Нападот се случил минатиот септември во авионот на „Катар ервејс“ од Доха до аеродромот Гетвик во Лондон, објавува „Гардијан“.

Сторителот, 66-годишниот Момаде Џусаб од Фелтам, седнал до неа и ги вовлекол рацете под нејзините панталони. Тој бил уапсен веднаш по слетувањето.

Во мај оваа година, Џусаб бил прогласен за виновен во Крунскиот суд Луис по едно обвинение за сексуален напад со пенетрација и две обвиненија за сексуален напад, за што бил затворен шест и пол години.

Дупка во законот го негира надоместокот

На неговата жртва, која е именувана како Кели за да се заштити нејзиниот идентитет, ѝ било одбиено барањето за исплата од државната шема за надомест на жртвите на криминал. Причината е бизарна - инцидентот се случил во авион кој не бил регистриран во Велика Британија, иако летал кон Лондон.

Адвокатската канцеларија Leigh Day, која ја застапува Кели, ѝ пиша на министерката за правда Шабана Махмуд, барајќи од неа итно да го затвори она што го сметаат за апсурдна дупка во законот.

„Неправедно е и нелогично“

„Не разбирам зошто јас, и други жртви како мене, сме исклучени од шемата CIC“, рече Кели. „Бев нападната на лет на пат кон Обединетото Кралство, јас сум државјанка на Обединетото Кралство, а ова кривично дело беше истражено и гонето од британските власти“, додаде таа. „Треба да имам право на обештетување, а исклучувањето од шемата е неправедно и нелогично. Сè уште страдам од последиците од нападот и сакам да продолжам со мојот живот.“

Повик за итна промена на прописите

Интересно е што Законот за цивилно воздухопловство беше ажуриран уште во 1996 година, така што злосторствата извршени на странски авиони што летаат кон Обединетото Кралство може да се гонат во британските судови, што се случи и во овој случај. Сепак, прописите за обештетување не ги следеа овие промени.

„Нашата клиентка претрпела ужасен сексуален напад на лет за Велика Британија. ѝ беше одбиена компензација според Програмата за компензација на жртвите на криминал, едноставно затоа што станува збор за странски лет, а правилата не беа променети во согласност со ажурирањата на Законот за цивилно воздухопловство.

Тоа е дупка во законот што итно треба да се затвори и веруваме дека министерот за правда ќе се согласи, особено во светлината на посветеноста на оваа влада за справување со насилството врз жените и девојчињата“, заклучи Клер Пауел, адвокат во Leigh Day.

„Нашите мисли се со оваа жртва и ние остануваме решени во нашата мисија да го преполовиме насилството врз жените и девојчињата за десет години. Правилата што ги следи Телото за компензација за жртвите на кривични дела, како и вредноста на исплатите за повреди, ги утврдува парламентот. Достапни се и други начини жртвите да добијат поддршка“, рече портпаролот на Министерството за правда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер