МакедонијаЖељазков: Бугарија останува на условот за уставни измени за напредок на Скопје кон ЕУБугарскиот парламент не поставува различни услови, но ние инсистираме на почитување на договорените предуслови за Македонија да започне преговори за членство во Европската унија, изјавил бугарскиот премиер, Росен Жељазков.Бугарскиот парламент не поставува различни услови, но ние инсистираме на почитување на договорените предуслови за Македонија да започне преговори за членство во Европската унија, изјавил бугарскиот премиер, Росен Жељазков во емисијата „Недела 150“ на БНР, како одговор на прашањето дали Бугарија би направила гест со повлекување на барањето и условот Бугарите да бидат вклучени во Уставот на Македонија. -Ние немаме никакви билатерални нерешени односи со нив, имаме Договор за добрососедство и потпишан протокол кон него, а фактот дека протоколот е оспорен пред Уставниот суд е дел од домашната политичка кореографија што се изведува во Скопје, вклучително и пред очите на Европскиот совет, кажал Жељазков. На прашањето дали е можен дополнителен билатерален протокол меѓу Бугарија и Македонија, кој некако би дал гаранции на Скопјe дека нема да има повеќе пречки на европскиот пат, претседателот на бугарската влада кажал дека не може да има поголема гаранција од едногласната одлука на Бугарското народно собрание. -На колегите од Скопјe треба да им биде јасно дека стоиме зад овој став, бидејќи е принципиелен. нема да менуваме ништо во однос на претворање во билатерален спор, ниту во барање невидливи влијанија и интеракции со главните политички играчи низ целиот свет, потенцирал Жељазков.Тагови: Бугарија ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦУК: Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“Директорот на ЦУК истакна дека наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“.Апликацијата ќе овозможи: • Прецизно испраќање на локацијата од местото на настанот; • Испраќање фотографии од местото на настанот; • Испраќање видеа од местото на настанот; • Директна видео-комуникација со Оперативниот Центар во итни ситуации. Дополнително, ќе биде достапна и функцијата „Silent Call“, која ќе им овозможи на жртвите на семејно насилство и на лицата кои се наоѓаат во опасност тивко и безбедно да побараат помош. Со воведувањето на овие нови функционалности продолжуваме да го модернизираме системот 112, обезбедувајќи поголема сигурност за граѓаните, попрецизно пренесување на информациите и поефикасна реакција на надлежните служби во итни ситуации. ЦУКТагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
МакедонијаКомисијата за финансирање и буџет одржа средба со експерти од ТАИЕКС-проектот за независноста на НБНа средбата беше реализирана конструктивна и плодна дискусија за прашања поврзани со независноста на Народната банка, монетарната политика и специфичните надлежности и обврски на централната банка. Во Собранието, денеска, се одржа средба на претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, и заменик-членот на Комисијата, Мартин Стојановски, со тимот експерти на ТАИЕКС-проектот, поддржан од Европската комисија, на тема „Заштитата на независноста на Народната банка во Република Македонија“. На средбата беше реализирана конструктивна и плодна дискусија за прашања поврзани со независноста на Народната банка, монетарната политика и специфичните надлежности и обврски на централната банка. Воедно, беа разгледани и прашања што се однесуваат на постапките за именување на гувернерот, вицегувернерите и членовите на Советот на Народната банка, како и извештаите на Народната банка и усогласеноста на националното законодавство со меѓународните стандарди и практики во областа на централното банкарство. Претседателката на Комисијата, Сања Лукаревска, им се заблагодари на експертите за размената на искуства и добрите практики, истакнувајќи дека ваквите средби придонесуваат за унапредување на законодавната рамка и за зајакнување на институционалната независност на Народната банка.Тагови: ТАИЕКС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членствотоЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството.Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Горан Минчев заедно со членот на ИО, Ивана Ѓорѓиевска, денес оствари работна посета на Општинската организација во Струмица, во рамки на караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“. Средбата со Извршниот одбор во проширен состав на ОО ЗНАМ Струмица беше можност за отворен разговор за актуелните состојби во организацијата, реализираните активности и плановите за периодот што следува. Беа разменети мислења за предизвиците на локално ниво, за потребата од уште посилна поврзаност меѓу членовите и за понатамошно унапредување на работата на организацијата. Во фокусот на разговорите беа и активностите што произлегуваат од одлуките на Централниот одбор, особено изборните постапки за делегати, како и номинирањето кандидати за координативните тела на Клубот на млади и Клубот на жени. Овие процеси претставуваат важен чекор кон поголема вклученост на членството и создавање нови кадри кои ќе придонесат кон понатамошниот развој на ЗНАМ. Караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжува низ цела Македонија, со јасна цел, силни локални организации, активни членови и политики што произлегуваат од потребите на граѓаните. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМТагови: ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook