Жан-Паскал Хом е избран за претседател на новата младинска организација на АфД - „Генерација Германија“ - Канал 5

Жан-Паскал Хом е избран за претседател на новата младинска организација на АфД - „Генерација Германија“

Жан-Паскал Хом (28) од Бранденбург денеска со 633 од 725 присутни членови на основачкото собрание е избран за лидер на новата младинска организација на Алтернатива за Германија АфД (AfD) наречена „Генерација Германија“. 

Жан-Паскал Хом е избран за претседател на новата младинска организација на АфД - „Генерација Германија“

На основачкото собрание немаше други кандидати, а Јан Рихард Бер беше избран за негов заменик, објави „Велт ам Зонтаг“.

Хом е член на АфД од 2014 година, а во својот говор за време на кампањата изјави дека сака да соработува со сите фракции во партијата и да не дозволи да биде инструментализиран во борбите за власт.

Тој додаде дека има намера решително да се спротивстави на сите тенденции на раздор „без разлика дали доаѓаат одвнатре или однадвор“.

Името на Хом, член на десничарската АфД, се појавува десетици пати во извештајот за класификацијата на покраинската гранка на партијата што го изработи канцеларијата на Бранденбург за заштита на уставот, во кој се наведува дека има антиимигрантски и националистички ставови.

„Решително ќе се бориме за вистинска промена во миграциската политика што ќе обезбеди Германија да остане татковина на Германците“, рече Хом на основачкиот состанок на Генерацијата Германија.

На состанокот беше усвоен и младинскиот статут, кој ги дефинира правилата за улогата и работата на новата организација, која, за разлика од претходникот, Младата алтернатива, е наменета за близок однос со АфД.

Колидерката на АфД, Алис Вајдел, рече дека младинската организација е како полигон за обука на идните лидери.

Поради денешниот состанок, од утринава во Гисен, на неколку места се организираа собири против оваа партија и се блокираа пристапните патишта до градот, а во еден момент имаше конфликт меѓу полицијата и демонстрантите кои фрлаа камења и шишиња кон полицијата, која одговори со водни топови и употреба на бибер спреј.

АфД заврши втора на националните избори во февруари со повеќе од 20 проценти од гласовите и моментално е најголемата опозициска партија во земјата, а поддршката расте поради незадоволството од работата на коалициската влада на канцеларот Фридрих Мерц.

Германската разузнавачка служба претходно ја означи Младата алтернатива како докажана десничарска екстремистичка група, а потоа и самата АфД, но таа ознака беше суспендирана откако партијата покрена судска постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хрватската мисица на изборот во Виетнам ќе носи спектакуларен фустан инспириран од Плитвице и Крка

Мисицата, Ема Хелена Вичар, на 8 август заминува за Виетнам за да ја претставува Хрватска на 73-тиот избор за „Мис на светот“ (Miss World), еден од најпрестижните светски избори за убавина. 

Хрватската мисица на изборот во Виетнам ќе носи спектакуларен фустан инспириран од Плитвице и Крка

Натпреварот се одржува од 9 август до 5 септември и ќе собере околу 130 натпреварувачки од целиот свет. Покрај самиот избор за убавина, во последните децении „Мис на светот“ се фокусира на хуманитарна работа, образование и општествена одговорност преку слоганот „Убавина со цел“ (Beauty With a Purpose).

Токму во оваа категорија, убавата Ема ќе го претстави својот проект „Сина планета: Цел за живот“ (Blue Planet: A Purpose for Life), кој е посветен на заштитата на Јадранското Море и отстранувањето на отфрлените рибарски мрежи – сериозна закана за морските екосистеми.

Ема ќе се натпреварува во седум категории.

Како студентка на постдипломски студии по менаџмент на луксузни брендови во Монако и сопственичка на бренд за одржлива мода, Ема ќе се натпреварува во седум официјални категории, меѓу кои се талент, топ-модел, спорт и интервју. За категоријата „Топ-модел“, таа ќе носи спектакуларна креација на хрватската дизајнерка Марина Матиќ (LARIE), инспирирана од Плитвичките Езера и Националниот парк „Крка“.

Фустанот е украсен со повеќе од 500.000 кристали „Сваровски“, монистра и камења.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ПСЖ преговара за трансфер на Феран Торес

Европскиот и француски фудбалски шампион ПСЖ продолжува со директни разговори со претставниците на  фудбалерот на Барселона, Феран Торес во врска со можен трансфер ова лето. 

ПСЖ преговара за трансфер на Феран Торес

Барселона не сака да го продаде шпанскиот напаѓач, а до договор би можело да дојде само доколку самиот Торес побара да го напушти клубот.

ПСЖ размислува да ги ангажира и Торес и младиот белгиски крилен напаѓач Мика Годс.

Парижаните бараат засилувања во нападот по заминувањата на Ли Канг-ин, Гонсало Рамос и Ибрахим Мбаје.

Во исто време, Ливерпул силно инсистира на ангажман на Бредли Баркола од ПСЖ – потег што би можел да ги принуди француските шампиони да направат дополнителни промени во својата напаѓачка линија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерка на славен тенисер е бездомничка и моли за помош: Таткото-милионер се откажа од неа

Шарлот Настасе посвоената ќерка на легендарниот романски тенисер Илие Настасе откако нејзиниот славен татко  јавно се откажа од неа, сега живее како бездомничка.

Ќерка на славен тенисер е бездомничка и моли за помош: Таткото-милионер се откажа од неа

80 годишниот Илие Настасе е најдобриот романски тенисер на сите времиња. Тој има освоено две Грен слем титули (УС Опен во 1972 и Ролан Гарос во 1973 година), а двапати играл и во финалето на Вимблдон.

Во игра на двојки освоил три Грен слем титули (Ролан Гарос, Вимблдон и УС Опен), а во мешани двојки двапати победил на Вимблдон, со што вкупно има седум Грен слем титули.

Сепак, она по што е попознат се контроверзите надвор од теренот и неговиот начин на живот. Неговата посвоена ќерка Шарлот денес живее на улица. Таа е бездомничка и моли за помош. И нејзиниот татко знае за тоа, но не се грижи. Тој јавно се откажа од својата посвоена ќерка.

https://www.instagram.com/reel/DTyNr6IlBqX/?utm_source=ig_embed&ig_rid=A0kdDgMpLR8j4REqTZcO3DW

„Ѝ посакувам добро здравје, но ја молам да престане со скандалите. Таа си го тера својот пат. Ѝ помогнав кога ѝ беше потребно. Платив речиси половина милион евра за нејзиното образование. Таа живее во Америка, јас сум во Романија и веќе не ми е грижа. Секој си има свој живот“, рече Настасе, ставајќи крај на приказните за неа.

Илие Настасе некогаш беше тенисер број еден во светот и освои вкупно 64 титули во поединечна конкуренција и 45 во двојки, но повеќе се зборува за неговиот приватен живот. Зошто јавно се откажа од својата посвоена ќерка Шарлот?

Затоа што во 2021 година таа одлучи да отвори профил на платформата за возрасни „OnlyFans“. Тогаш тој ја прекина секоја комуникација со неа. Пред тоа, таа се испроба во разни професии.

Во 2020 година работеше како фитнес-тренер, потоа за американската авиокомпанија „American Airlines“, а кратко време беше активна и во модната индустрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер