Зголемените сообраќајни контроли даваат резултати, порача Спасовски

Проектот за поставување камери на крстосници и „боди камерите" на полицајците е еден од најголемите предизици и ставот, и мој, и на МВР.

Секогаш кога ќе се создадат услови да се исклучи субјективноста на луѓето што учествуваат во контрола на сообраќајот, тогаш ќе имаме најголеми ефекти, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Токму заради тоа направивме еден пилот проект започнат во 2016 година, а тоа е во автопатската сообраќајна полиција, каде се имплементираше проектот за поставување „боди камери". Во моментот се имплементираат во СВР Тетово, СВР Скопје и СВР Куманово и продолжуваме со имплеметнирање на овој пероект на целата територија на државата, информира министерот Спасовски.

Тој додаде дека се направени целосни анализи за тоа каде и колку треба да бидат поставени камери што практично ќе контролираат сообраќајни прекршоци, зголемена брзина на движење итн… на цела територија да се опфатат сите автопатишта, сите магистрални и регионални патишта, да имаме мобилни системи.

– Бидејќи е завршена оваа фаза сега ќе применеме кон носење одлука за распишување јавни повици и за имплементацијата на целиот овој проект. Тоа е една од задачите што ја имаме и во мандатното писмо од страна на Владата за да го имплементираме и конечно да бидеме и потранспарентни и неселективни во делот на постапувањето и секој кој прави сообраќаен прекршок да знае дека ќе сноси одговорност, нагласи Спасовски.

На новинарско прашање дали се гледаат ефектите по засилените сообраќајни контроли, министерот Спасовски осврнувајќи на тоа дека околу две недели веќе се преземаат посебни разработени планови за сообраќајни контроли не само во Скопје, туку и на територијата на целата држава, потенцира дека прво се покажало оти немањето континуитет во работењето на сообраќајната полиција претставува сериозен проблем.

– Утрово имав брифинг на оваа тема, имаме намалување на сообраќајните незгоди во периодот во изминатите 10 дена, а тоа значи дека овие контроли даваат резултати, изјави Спасовски.

Тој порача дека ќе мора сериозно да се справуваме не само со зголемена брзина на движење во сообраќајот и не само со лица кои имаат користено алкохол и психотропни супставнци, туку, како што подвлече, сериозен предизвик ќе биде како и на кој начин да се реши проблемот со нерегистрирани возила и управувањето моторно возила без возачка дозвола.

– За тоа веројатно ќе биде потребна и одредена законска измена, што ќе придонесе да бидеме малку по ригорозни во овој дел и сето тоа да даде поголеми ефекти, изјави министерот за внатрешни работи.

Меѓу другото, Спасовски информриа дека во делот од законот за возење под дејство под алкохол, пркумерна брзина на движење, поминување на црвено… остануваат ригорозни санкции, а има намалување во друго законски делови што ќе дадат поголем ефект во делот на казнената политика. Според него, не секогаш високата казна може да даде очекуван ефект.

– За овие случаи во кои имаме би рекол најголема можност да настрадаат луѓето, да имаме тешки телесни повреди, да има губење на човечки животи, тука ќе бидеме ригорозни и затоа санкциите се предвидени на највисоко можно ниво, пораша министерот Спасовски.

Кривична пријава против велешанка за употреба на исправа со невистинита содржина

Велешката полиција поднесе кривична пријава против М.В.(44) од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. 

Како што информираат денеска од МВР, пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца - детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Бугарија.

Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата.

Учениците од понеделник на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта  во Македонија од понеделник, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен од оваа учебна година.

Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни.

Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024.

Ден претходно, вторник 7 мај, скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето.

Како што информираше Министерството за образование и наука, наставата од двата дена кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30 ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ.

За планирањето и организирањето на дополнителните часови, МОН ги задолжи директорите на училиштата.

-Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН откако по реакции во јавноста и од синдикатите ја повлече претходната одлука пропуштената настава да се надомести во саботи.

Миовски фудбалер на годината на Абердин

Репрезенативецот на ѐмакедонија, центарфорот Бојан Миовски (24) е избран за фудбалер на годината на Абердин на свечена церемонија која синоќа ја одржа шкотскиот премиерлигаш.

Фудбалскиот клуб Абердин го прогласи македонскиот напаѓач Бојан Миовски за најдобар играч во тимот за сезоната 2023/2024.

Ова и не е толку големо изненадување ако се знае дека штипјанецот се најде и во идеалниот тим на сезоната во шкотската Премиер лига. Покрај тоа, Бојан е прв стрелец на Абердин, незаменлив е во првиот состав и главен адут на тимот.

Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски (24) е избран за фудбалер на годината на Абердин на свечена церемонија која синоќа ја одржа шкотскиот премиерлигаш.

притисни ентер