Зевзекманија Прошетка во Узбекистан - Канал 5

Зевзекманија Прошетка во Узбекистан

Зевзекманија  Прошетка во Узбекистан
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трговскиот центар во Лисиче добива целосно нов изглед

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности за реконструкција на Трговскиот центар во населба Лисиче, проект со кој овој простор добива целосно нов и современ изглед.

Трговскиот центар во Лисиче добива целосно нов изглед

Реконструкцијата се одвива според предвидената динамика, а по нејзиното завршување трговскиот центар ќе прерасне во функционален, безбеден и уреден простор за секојдневен престој на граѓаните.

Во рамки на проектот се врши комплетно поплочување на околу 6.000 квадратни метри, се поставува нова урбана опрема, шах-маси и детско игралиште, а посебен акцент е ставен на целосно хортикултурно уредување и ново осветлување на целиот трговски центар.

„Трговскиот центар во Лисиче не добива само нови плочки. Го уредуваме целокупниот простор – со ново зеленило, современо осветлување, урбана опрема и содржини што ќе го направат ова вистинско место за собирање и дружење на граѓаните. Лисиче заслужува современ и уреден центар и токму тоа го реализираме“, рече градоначалникот Митески.

Со новото зеленило, современото осветлување и обновените пешачки површини, просторот ќе добие сосема нова димензија и ќе стане пријатно место за дружење, рекреација и секојдневни активности на жителите од Лисиче и околните населби.

Станува збор за капитален проект вреден 22,2 милиони денари, кој се реализира со поддршка од Владата.

Општина Аеродром продолжува со реализација на капитални проекти што создаваат современи, функционални и квалитетно уредени јавни простори, во интерес на сите граѓани.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Талевски на ИПС на православието: Дијалогот е единствениот пат кон соживот

На состанокот беше нагласено дека ИПС на Православието ги поддржува сите иницијативи кои водат кон соработка и разбирање меѓу нациите.

Талевски на ИПС на православието: Дијалогот е единствениот пат кон соживот

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Интерпарламентарното собрание на православието (ИПС на православието), пратеникот Миле Талевски, учествуваше на 33. Генерално собрание на ИПС на православието, што од 17 до 20 јуни 2025 година, се одржува во Хелсинки, Финска.

Делегатите на 33. Генерално собрание на ИПС на православието разговараа на темата „Малцинско христијанско население во време на криза: Односи меѓу општеството, државата и црквата – тешкотии и неволји“.

Генералниот секретар на ИПС на православието, Максимос Каракопулос, во воведното обраќање истакна дека човештвото денеска поминува низ сериозни и повеќеслојни кризи, војни, бегалски бранови, намалување на угледот на меѓународните институции и неизвесна иднина. Тој нагласи дека согласно податоците на Советот за човекови права на Обединетите нации, 388 милиони христијани во светот се прогонети поради својата вера, но додаде дека христијаните се цел на напади и во области на Европа. Поради тоа, тој упати порака да се работи на промоција на вредностите на мир, толеранција и соживот.

Пратеникот Талевски, во своето обраќање истакна дека во услови на сериозни предизвици, како што се: воени конфликти, политичка нестабилност, миграциски движења, економски кризи и продлабочување на општествените поделби малцинските христијански заедници често се наоѓаат во особено ранлива положба. Во таа насока, тој потенцираше дека е важно и од овие состаноци на ИПС на Православието, но и преку парламентите на земјите членки на оваа организација да работат на промоција на дијалогот и на политичко ниво, но и на ниво на религиозни заедници, бидејќи тоа е единствениот пат кон соживотот.

Пратеникот Талевски додаде дека Република Македонија како мултиетничко општество, претставува пример за соживот и меѓусебна почит меѓу различните верски заедници, кои активно придонесуваат кон општествената кохезија и зачувувањето на мирот.

На состанокот беше нагласено дека ИПС на Православието ги поддржува сите иницијативи кои водат кон соработка и разбирање меѓу нациите.

На 33. Генерално Собрание на ИПС на Православието присутни беа делегати од Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Египет, Естонија, Грузија, Грција, Иран, Јордан, Либан, Романија и Србија.

На маргините на состанокот, пратеникот Миле Талевски имаше неформална средба со спикерот на Парламентот на Финска, Јуси Кристијан Хала-Ано со кој разговараа за можностите за унапредување на соработката меѓу двете земји.

Во рамките на 33. Собрание на ИПС на Православието беше усвоена Декларација со која се нагласува потребата од заштита на малцинските христијански заедници ширум светот, особено во услови на војни, кризи и нарушувања на човековите права, како и зачувување на нивното културно и верско наследство. Декларацијата ги осудува сите форми на прогон, дискриминација и ограничување на верските слободи, повикувајќи на почитување на меѓународното право и еднаков третман на христијанските малцинства. Истовремено, поттикнува соработка меѓу црквите, државните институции и парламентите за поголема вклученост, дијалог и заедничко справување со современите општествени предизвици.

Присутните делегати ги разгледаа и Финансискиот и Ревизорскиот извештај, а разговараа и за идните активности на ИПС на Православието.

Интерпарламентарното собрание на Православието (ИПСП) е политичка меѓународна организација, интерпарламентарно тело, формирано по иницијатива на парламентот на Република Грција во 1993 година, со седиште во Грчкиот парламент во Атина, кое брои 25 земји членки и соработува со ИПУ, ПС на Медитеранот, ПАБСЕК, Парламентарната унија на Организацијата за исламска соработка и Пан-Африканскиот парламент.

Во контекст на новата историска и политичка реалност и промените кои настанаа во почетокот на деведесетите години со падот на комунизмот во Југоисточна Европа и Договорот од Мастрихт, учесниците на основачката Конференција „се согласија дека е потребно поголемо присуство и влијание на православието како заеднички религиски и културен израз на огромен број европски граѓани што ќе придонесе за обликување на современата, посткомунистичка Европа”.

Самата цел на организацијата е да развие повеќеслојна политичка и културна активност во насока на поттикнување на контакти и проширување на односите на доверба, разбирање на современите политички феномени и општествените трендови и истакнување на елементите на православието како позитивно влијание на меѓусебното разбирање меѓу културите. Двата столба на кои се заснова ИПСП се: од една страна одбрана на независниот парламентаризам и од друга страна ширење и консолидирање на принципите и вредностите на Православната христијанска традиција. Во основа секоја активност на ИПСП е фокусирана на оние кои страдаат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одговорна држава почнува со функционални институции: Минчев за реформите во јавната администрација

Минчев говореше за тоа како реформата мора да почне од највисоките позиции, бидејќи само професионални институции можат да испорачаат квалитетни услуги за граѓаните.

Одговорна држава почнува со функционални институции: Минчев за реформите во јавната администрација

Министерот за јавна администрација Горан Минчев, во гостувањето во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 ТВ, говореше за тоа како реформата мора да почне од највисоките позиции, бидејќи само професионални институции можат да испорачаат квалитетни услуги за граѓаните.

Новото законско решение за високи раководители воведува поинаков систем за избор на директори, државни секретари и други високи позиции во најважните институции. Со законот се воведуваат јавни конкурси, повисоки критериуми, тестирање и проверка на компетенциите, со цел изборот да се базира на квалитет и професионалност.

Министерот посочи дека една од долгогодишните слабости во системот е и практиката на долготрајни вршители на должност, каде што луѓе со години останувале на раководни позиции без целосна процедура.

„Не може ВД директор да стане трајно решение. Вршител на должност мора да биде краткорочна состојба, а не начин за избегнување на јавен конкурс“ нагласи Минчев.

Посебен дел од реформата се однесува и на управните одбори, каде што се воведува рационализација и намалување на бројот на членови на три.

„Имавме институции со пет, седум, девет членови на управни одбори. Прашањето е дали навистина толкав број луѓе се потребни за ефикасно управување или системот создавал непотребни трошоци“ рече Минчев.

Минчев посочи дека една од клучните реформи ќе биде новиот Закон за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ), со кој треба да се постави поефикасна и пофункционална структура на државните институции.

Министерството за јавна администрација продолжува со реформите чија крајна цел е јасна, професионални институции, одговорни раководители и јавна администрација која нема да биде товар, туку вистински сервис на граѓаните.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер