Се појави тајното писмо на Инфантино до светските сојузи- им дава 35 милиони евра за продажба на Светското првенство - Канал 5

Се појави тајното писмо на Инфантино до светските сојузи- им дава 35 милиони евра за продажба на Светското првенство

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, им понудил на 211-те национални асоцијации до 35 милиони евра доколку ги поддржат неговите планови за реструктуирање на комерцијалните операции на Светското првенство. 

Се појави тајното писмо на Инфантино до светските сојузи- им дава 35 милиони евра за продажба на Светското првенство

Деталите за понудата се содржани во протечено писмо, пишува GB News.

План за ново комерцијално претпријатие

Во документот, кој го виде The Times, детално се опишани финансиските стимулации што претседателот на ФИФА сака да ги обезбеди за да обезбеди поддршка за основање на компанијата „FIFA Forward Enterprise“.

Тоа ново комерцијално тело би управувало со главните натпреварувања на организацијата и би им дозволило на приватните инвеститори да влезат. Националните асоцијации имаат 53 дена да одлучат дали ќе го прифатат предлогот. Инфантино рече дека прифаќањето на планот би го активирало финансискиот пакет од 8,7 милијарди евра почнувајќи од 1 јануари 2027 година. За споредба, постојната програма „FIFA Forward“ вреди 2,7 милијарди долари и ќе остане на сила доколку предлогот биде одбиен.

„Одлуката дали да се продолжи со овој предлог зависи целосно од вас“, напиша Инфантино во писмото. „Доколку одлучите да продолжите, овој пакет од 8,7 милијарди евра ќе биде достапен од 1 јануари 2027 година и ќе започне следната фаза од нашето заедничко патување.

Доколку сакате да го задржите статус кво и го отфрлите овој предлог, сè уште имаме планирано продолжување на програмата „Форд“ од 2,4 милијарди евра, како што беше презентирано претходно. Според овој предлог, секоја федерација ќе има можност да пристапи до износ до 35 милиони евра во циклусот што започнува во 2027 година.“

Продажба на акции на надворешни инвеститори

Пошироките планови на ФИФА вклучуваат формирање на посебно комерцијално тело кое се проценува дека вреди околу 20 милијарди евра. Се очекува повеќе од 20 проценти од компанијата да бидат продадени на надворешни инвеститори. Инфантино тврди дека овој потег ќе донесе милијарди долари нови приходи кои би биле распределени глобално. Тие пари би ги зголемиле инвестициите во аматерски фудбал, тренери, инфраструктура и национални тимови.

Остри критики кон фудбалските организации

Сепак, неколку водечки фудбалски организации силно ги критикуваа предлозите. Англиската фудбалска асоцијација (ФА) објави дека не биле однапред информирани за плановите. „Не знаевме за овој предлог, ниту добивме никакви конкретни детали за тоа што всушност претставува и кои се условите. Врз основа на ограничените информации што ги имаме, загрижени сме за недостатокот на транспарентност на процесот и управувањето што му претходеа на овој предлог, но и за самите принципи на предлогот. Кога ФИФА, како што вети, ќе го презентира предлогот на целосен и транспарентен начин, јасно ќе го искажеме нашиот став.“

УЕФА, исто така, остро реагираше и ја обвини ФИФА дека се обидува да го комерцијализира управувањето со фудбалот. „Ова ја преминува линијата што институциите што го регулираат фудбалот никогаш не треба да ја преминат. Душата и управувањето со фудбалот не се тргувачки средства - особено кога е целосно нејасно кој има финансиска корист од тоа. Никој од нас не поседува фудбал. ФИФА нема право да го продава.“

Реакцијата на Конкакаф е слична. Организацијата соопшти дека дознале за плановите од медиумите и го критикуваше отсуството на стандардни процедури и консултации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница

Државната изборна комисија, на денешната 21-ва седница, едногласно го усвои Заклучокот за објавување првични резултати од спроведените Предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница.

Државната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница

Државната изборна комисија, на денешната 21-ва седница, едногласно го усвои Заклучокот за објавување првични резултати од спроведените Предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, од спроведен прв изборен круг, врз основа на податоците од записниците од Општинска изборна комисија Брвеница.

Врз основа на податоците од доставените оригинални записници од избирачките одбори и Општинската изборна комисија, ДИК утврди дека од вкупно 16.256 запишани гласачи во заклучениот Избирачки список, правото на глас го оствариле 7.572 граѓани, односно 46,58%. Вкупниот број на важечки ливчиња изнесува 7.411, додека неважечки е 161 ливче.

Според утврдените резултати од гласањето одржано на 18-ти октомври 2026 година, кандидатот Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ, Коалиција „Твоја Македонија“, освои вкупно 2.945 гласа (38,89%), Аркин Јахији од Национална алијанса за интеграција освои 2.152 гласа (28,42%), Јакуп Хусеини од Коалиција ВЛЕН освои 1.529 гласови (20,19%), Јовица Радески од СДСМ, Коалиција за предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница 2026, освои 707 гласа (9,34%), Душан Богдановски од Група избирачи Душан Богдановски освои 57 гласа (0,75%), и Арифе Идризи од Група избирачи Арифе Идризи освои 21 глас (0,28%).

Со објавување на првичните официјални резултати тече рокот за поднесување на приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите. Проговорите се поднесуваат преку архивата на ДИК, во рок од 48 часа од објавување на првичните резултати, односно најдоцна до 21.10.2026( среда) до 12.30 часот.

Согласно член 148 став 2 од Изборниот законик, приговор за постапката за гласање се поднесува во рок од 48 часа по завршување на гласањето, односно најдоцна до 19.00 часот на 20.10.2026 година (вторник).

ДИК е должна во рок од 72 часа по приемот на приговорот да донесе одлука.

Против одлуката на Државната изборна комисија, подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението.

Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

Државната изборна комисија конечните резултати од изборите ќе ги објави веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа по завршување на нивната конечност а тоа значи 24 часа по завршување на целата постапка по приговорите, соопштуваат од ДИК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ ги продолжува контролите на зелените пазари, досега запленети 5 тони небезбедна храна

Пет тони небезебедна храна, овошје и зеленчук биле запленети на пазарите во Ѓорче Петров и Зелен пазар, од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

АХВ ги продолжува контролите на зелените пазари, досега запленети 5 тони небезбедна храна

Првиот човек на АХВ Оливер Миланов, објаснува дека станува збор за спречување на нелегална продажба на храна надвор од организираните пазарни простори.

За продавачите внатре во пазарите е во ред и треба да има контрола, објаснуваат дека тие плаќаат годишно за една теза шест илјади денари, а мораат да земаат и до три четри тезги, а плаќаат и други давачки. И купувачите велат дека надвор од пазарите цените се по 20 денари поевтини.

Од АХВ најавуваат продолжување на контролите на локациите околу пазарите.

И покрај забраните денеска повторно на тротоарите се продаваа производи. Продавачите објаснуваат дека тие продаваат неколку дена и немаат исплатливост за земање на тезга.

Инспекторите потенцираат дека самото продавање надвор од пазарите не значи дека секој производ е небезбеден, но непознатото потекло и несоодветните услови за чување се причини за претпазливост.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судење за „Пулс“: Обвинителството го оспори ангажманот на вештакот Русески кој бил обвинет за лажен исказ во друг случај

Обвинителството го оспорува ангажманот на вештакот Петре Русески кој по барање на одбраната го работеше градежното вештачење за  случајот со пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. 

Судење за „Пулс“: Обвинителството го оспори ангажманот на вештакот Русески кој бил обвинет за лажен исказ во друг случај

На денешното рочиште за пожарот во судницата во Идризово, обвинителката Наташа Сарамандова рече дека вештакот Русевски бил обвинет за лажен исказ во друг случај, па го повика Русевски самиот во судницата да одговори дали треба да биде изземен во ова вештачење.

-Јавното обвинителство пред да ангажира вешто лице во постапката прави проверки – Дали против него се води постапка или било осудувано тоа лице. Па очекуваме тоа да го прават и другите странки во постапката. Бидејќи е обвинет за лажно вештачење, Русески самиот да каже дали треба да биде изземен од случајот. – Обвинителство.

Русевски во судницата потврди дека против него и уште неколку вештаци се води друг случај за лажно вештачење, но рече оти смета дека тој не треба да биде изземен од овој случај.

-Да, така е. Сите работиме по закон. Инаку 11 вештаци се обвинети за лажен исказ, врз основа на изјава на еден вештак. И тоа е обвинение што две години нема рочиште. Не сметам дека треба да бидам изземен.- Градежен вештак Петре Русевски.

На овие обвинувања на обвинителството реагираше и одбраната – велат дека обвинителите го малтертираат и навредуваат вештакот, бидејќи всушност немаат релевантни прашања за него. Русевски денеска одговарајќи на прашања, меѓу другото, рече и дека материјалите во дискотеката не придонеле за побрзо ширење на пламените јазици, како и дека не може да се согласи дека била направена градежна реконструкција во дискотеката, во периодот кога таа се реновирала.

Судењето за пожарот во дискотеката Пулс во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени со изведување на докази на одбраната, ќе продолжи на 21 октомври.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер