Земјотрес од 3,6 степени по Рихтер регистриран и во Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтер е регистриран утрово во реонот на Шипово, Босна и Херцеговина.

Мрежата  на Сеизмолошките станици на Хидрометеоролошкиот завод на Република Српска евидентирале земјотрес во 2 часот и 57 минути со магнитуда од 3,6 степени според Рихтер и  проценет интензитет во епицентралната зона од пет степени според Меркалиевата скала.

Земјотресот бил на длабочина од 2,5 километри. 
притисни ентер