Земјите од Западен Балкан стареат, масовното иселување една од причините - Канал 5

Земјите од Западен Балкан стареат, масовното иселување една од причините

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со демографски пад каков што не е забележан досега, а предвидувањата се дека овој тренд ќе продолжи доколку властите во овие држави не преземат долгорочни мерки.

Земјите од Западен Балкан стареат, масовното иселување една од причините

Проекциите на Обединетите нации покажуваат дека до 2050 година во сите држави од Западен Балкан ќе се намали бројот на населението. Најмногу на удар е Бугарија, а по неа следуваат Хрватска и Босна и Херцеговина.

Според податоците на бугарскиот Завод за статистика, оваа држава во периодот од 1989 до 2017 година изгубила два милиони жители, а како главни причини за тоа се наведуваат падот на наталитетот и економската миграција. Доколку овој тренд продолжи, предвидувањата се дека до 2050 година бројот на жители во оваа земја ќе падне на 5,2 милиони жители за разлика од 2017 година, кога имало седум милиони жители. Ситуацијата е слична и во Хрватска и во Босна и Херцеговина.

Во соседна Србија во првата деценија на овој век, според пописот од 2011 година, заминале 150 илјади луѓе или просечно 16.000 годишно. Просечната возраст на иселениците била 28,7 години, а една петтина биле со вишо или високо образование. Статистиката на ОЕЦД, пак, покажува дека само во земјите членки на Европската Унија, просечниот прилив на работници од Србија се движи од рекордни 60.000, колку што си заминале во 2015 година, до сегашните околу 35.000 луѓе годишно, но тука се вклучени само миграциите во земјите членки на ОЕЦД.

Очекувањата за нашата држава се слични како оние за останатите земји од регионот. Така, прогнозите на Обединетите нации се дека до 2050 година ќе има еден милион 931 илјада жители и земјата ќе бележи негативен природен прираст од -7,3.

Демографите предупредуваат дека иселувањето станува сè поизразено и оти сè поголем број села се празни, а државите влегуваат во длабока демографска старост. Младите, а сега и цели семејства, заминуваат во странство, притоа не размислувајќи да се вратат назад во матичната држава. Причините за заминување се различни – од подобра заработка до разочараност од нефункционалноста на државата.

Невработеноста и постоењето корупција и партизација се наведуваат како главни причини за иселувањето на младите и во студијата што неодамна ја објави германската фондација „Фридрих Еберт". Анализирајќи ја состојбата на младите во шест држави од Западен Балкан во однос на нивните врсници од четири држави од Југоисточна Европа кои се членки на ЕУ, во студијата се посочува дека невработеноста е проблем за целиот регион, а барањето врски и плаќањето мито се широко распространети во регионот на Југоисточна Европа. Голем број од младите кои биле испитани навеле дека постојат случаи на купување испити и дипломи, а за да се добие работа, потребно е членство во некоја политичка партија.

Покрај младите, голем е процентот и на оние кои се добро платени во сопствената држава, но сепак заминуваат поради разочараност од непотизам, вработување преку врски, нефункционалност на судството, непочитување на законот…

– Добро сме ситуирани. Имам добро платена работа, немаме кредити, а решено ни е и станбеното прашање. Сепак, размислуваме да заминеме од државата пред сè заради децата, за да имаат подобра иднина. Сакаме да им овозможиме добро образование и подобри услови за живот, вели скопјанката Д. Ј.

Експертите предупредуваат дека земјите што се соочуваат со масовно иселување мора да ги сфатат причините за иселувањето и да најдат адекватни решенија за да се надмине „демографскиот колапс" што им се заканува на државите.

Виенскиот институт за меѓународни економски студии, кој има направено анализа за 23 држави од Средна, Источна и Југоисточна Европа, смета дека властите во овие земји треба уште сега да донесат долгорочни мерки со кои би се спречил овој тренд.

Сè помалку квалификувана работна сила

Последиците од масовното иселување се долгорочни за општеството. Освен намалување на бројот на жители и опасност од изумирање на цели населени места, општествата се соочуваат и со недостиг на работна сила и квалитетен кадар. Така, сè повеќе има дефицит на лекари, медицински сестри и друг медицински персонал, градежници, водоинсталатери, пекари, ИТ-техничари, просветни работници…, а поради намален интерес во некои држави се укинуваат и одредени програми во училиштата.

Според Виенскиот институт за меѓународни економски студии, државите како Бугарија и Хрватска до 2045 година можат да изгубат најмалку 20 отсто од работната сила, што долгорочно би имало негативни последици врз развојот на општеството.

Институтот за развој на иновации во Србија, кој истражувал колку ја чини Србија тоа што заминува работоспособното население, укажува дека во најповолен случај инвестицијата што државата ја вложува во образование на младите, а потоа ја губи со нивното заминување во друга држава, чини околу 300 милиони евра, а во најлош случај дури 1,2 милијарда евра.

Според пресметките од оваа студија, вкупните трошоци кои државата и семејството ги имаат за да се заврши основно училиште изнесуваат 13.572 евра по лице, до крајот на средното училиште износот се зголемува на 20.854 евра, додипломски – 34.139 евра, а за докторски студии се потребни 54.576 евра.

Дефицит на квалификуван кадар има и во нашата земја. Бизнисмените не можат да најдат соодветно квалификувани работници. Анализите на Сојузот на стопанските комори покажуваат дека кај компаниите голема е потребата од кадар од машинските и електроструките, поточно потребни се заварувачи, ракувачи на градежна механизација, оператори и програмери на ЦНЦ-машини, ИТ-техничари, бравари, водоинсталатери, електротехничари и ѕидари. Евидентна е и потребата од здравствени работници, фармацевти, одржувачи на хигиена, пекари…

– Недостигот од квалификувана работна сила во македонската економија е сѐ

поизразен, а дисбалансот на пазарот на трудот е предизвик за стопанствениците, велат од Сојузот на стопанските комори.

Една од препораките на експертите и на компаниите е да се направат реформи во образовниот систем и тој да се усогласи со барањата на пазарот на трудот за да се намали невработеноста, која е една од причините за иселувањето. На краток рок се препорачува спроведување разни дополнителни обуки и курсеви со кои ќе се оспособат младите да излезат подготвени на пазарот на трудот.

Со цел да се задржат младите да не ја напуштаат државата, Владата веќе работи на мерки кои се во насока на подобрување на животниот стандард. Дел од мерките од кои се очекуваат резултати се зголемување на минималната плата, зголемување на странските и домашните инвестиции со кои треба да се отворат нови работни места, поддршка за отворање нови бизниси и за самовработување, финансиска поддршка за младите земјоделци, зголемување на средствата за ученичкиот и студенскиот стандард…

Нема официјални податоци колку македонски државјани привремено живеат надвор од државата. Најпосакувани дестинации за нашите граѓани се Германија и Швајцарија./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски од Кичево: ЗНАМ не бара алиби, туку полага отчет-резултатите се вистинската политичка легитимација!

Политиката не е натпревар во ветувања, туку одговорност за секоја одлука и за секој резултат. 

Димитриевски од Кичево: ЗНАМ не бара алиби, туку полага отчет-резултатите се вистинската политичка легитимација!

Со оваа порака, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска во Кичево ја продолжи серијата панел-дискусии посветени на отчетот за изминатите две години, под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“.

„На средината од мандатот, ЗНАМ излегува пред граѓаните со сеопфатен отчет за работата на своите избрани и именувани функционери, преточен во посебна отчетна публикација. Граѓаните имаат право да знаат што е сработено, кои обврски се исполнети и какви резултати се постигнати. Отчетноста не е обврска само пред избори, туку секојдневна одговорност кон оние што ни ја дале довербата“ истакна претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Тој нагласи дека зад отчетот стојат конкретни активности и политики што треба да донесат промени во секојдневието на граѓаните, од повеќе од 1.200 капитални проекти во општините, преку изградбата и унапредувањето на патната инфраструктура и Коридорите 8 и 10, до линеарното зголемување на пензиите и растот на платите во повеќе сектори. Зад бројките, како што посочи, мора да стојат реални резултати, подобри услови за живот и поголема сигурност за граѓаните.

„Не бараме доверба врз основа на убаво изговорени зборови. Довербата се оправдува со работа, со одлуки и со резултати што луѓето можат да ги препознаат. Затоа сме меѓу граѓаните и денес, затоа ќе продолжиме да разговараме отворено и да одговараме за нашата работа. Македонија се сака со дела, а политичката одговорност се докажува токму така“ порача Димитриевски.

На панел-дискусијата се обратија и Весна Бендевска, потпретседател на Собранието и потпретседател на Движењето ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, заменик-министер за енергетика, рударство и минерални суровини и претседател на Градската организација на ЗНАМ,како и др.

Злате Мехмедовиќ, директор на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација и член на Извршниот одбор на ЗНАМ. Дискусијата ги опфати резултатите и предизвиците во здравството, енергетиката, законодавниот процес и функционирањето на институциите, со посебен акцент на одговорноста за преземените обврски.

Движењето ЗНАМ ќе продолжи со отчетните средби низ државата, отворено разговарајќи со граѓаните за сработеното, за предизвиците и за она што допрва треба да се реализира.

Затоа што отчетот не е крај на една работа, туку обврска да се продолжи уште посилно, со јасни цели, конкретни решенија и одговорност за секоја преземена обврска. Најважно е резултатите да се чувствуваат таму каде што се најпотребни, во секојдневниот живот на граѓаните.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува хаосот во Тирана: Запалени контејнери, водени топови и камена маса за дијалог на Рама (ВИДЕО)

Поддржувачите на Албанската демократска партија (ДП) денеска фрлаа камења кон зградата на Министерството за образование во Тирана.

Продолжува хаосот во Тирана: Запалени контејнери, водени топови и камена маса за дијалог на Рама (ВИДЕО)

Поддржувачите на Албанската демократска партија (ДП) денеска фрлаа камења кон зградата на Министерството за образование во Тирана, а за време на собирот пред министерството, каде што беше најавен и студентски протест, демонстрантите запалија контејнери, објави Коха.

Полицијата одговори со употреба на водени топови за да ја растера толпата.

Контејнер за ѓубре се запали додека демонстрантите фрлаа камења кон зградата на Министерството за образование во Албанија, во време кога протестите што ги повикаа студентите почнаа да стануваат тензични.

Според Коха, полицијата употребила и гумени куршуми.

Поддржувачите на ДП претходно запалија столчиња пред зградата на албанската влада што ја постави албанскиот премиер Еди Рама како повик за дијалог со студентите.

Според албанскиот „Еуроњуз“, протестот на ДП се одржува како знак на солидарност и поддршка на протестите предводени од студентите, кои траат веќе 12 дена. Фото: Танјуг/АП

Порано денес, албанскиот премиер Еди Рама повторно повика на дијалог пред најавените студентски и граѓански протести во Тирана и други албански градови.

Рама објави видео на Фејсбук на кое се гледа камена маса пред неговата канцеларија со хартии на кои пишува „дијалог“.

Рама во последните денови поставува столчиња и клупи пред својата канцеларија, поканувајќи ги студентите на дијалог, но тие ги отфрлија повиците.

Во Албанија веќе 12 дена се одржуваат протести предводени од студенти, кои започнаа поради незадоволство од состојбата на образованието, високите трошоци за студирање и лошите можности за вработување на младите, но прераснаа во пошироки демонстрации против владата на албанскиот премиер Еди Рама, со барања за негова оставка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повеќе од 50 пациентки добиле нови дојки веднаш по операцијата од канцер

Повеќе од 50 пациентки минатата година добиле целосна реконструкција на дојката веднаш по операцијата од канцер.

Повеќе од 50 пациентки добиле нови дојки веднаш по операцијата од канцер

50 пациентки минатата година, кои биле оперирани од рак на дојка веднаш по операцијата и отстранување на дојките со помош на хирурзите од пластична хирургија добиле нови дојки со помош на целосна реконструкција и поставување на ескпандери или ткиво од сопственото тело на товар на фондот за здравство, објаснува директорката Јасмина Ѓорѓиевска Павловска на Клиниката за пластична хирургија.

Оваа состојба многу има помага на жените полесно да ја надминат состојбата, дека се без дел од својата женственост. Во консултација со торакален хирург и онколог може да се консултираат за оваа интервенција. Исто така и жените кои со години немаат дојка, може да добијат реконструкција на дојката, на товар на фондот.

Во Македонија годишно има до илјада нови случаи со рак на дојка. Во последните години ракот се дијагностицира и кај жени пред 40 година од животот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер