ЗЕЛС бара повеќе пари од даноците

Во наредниот период најголемо залагање на ЗЕЛС ќе биде зголемувањето на зафаќањата од ДДВ од минимум шест осто и од персонален данок на доход од најмалку 30 проценти, јави МИА.

Во наредниот период најголем предизвик и најголемо залагање на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа - ЗЕЛС ќе биде зголемувањето на финансиската стабилност на општините во Република Македонија, односно зголемувањето на зафаќањата од ДДВ од минимум шест осто и од персонален данок на доход од најмалку 30 проценти.

Ова го истакна реизбраниот претседател на УО на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски на паузата на Генералното собрание на ЗЕЛС на кое за потпретседатели на УО беа избрани кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски и градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта.

- Ова барање не е од сега и датира уште од 2005 година. Процентот на издвојување на ДДВ беше 3 отсто, сега е 4,5 отсто, а се надеваме дека многу брзо ќе биде 6 проценти. Сметаме дека и тој процент нема да ги задоволи нашите потреби и програмски задачи. Затоа останува и заложбата 30 отсто од персоналниот данок на доход да биде приход на општините во Македонија. Ќе останеме цврсто на тој став и ќе продолжиме со нашите лобирања, рече Трајновски и нагласи дека поврзано со овие две барања е и капиталните инвестиции да се префрлат од надлежност на Владата во надлежност на општините.

Најави дека ЗЕЛС ќе се сконцентрира и на развојот на информатичко-комуникациската технологија и правењето заеднички софтвер што ќе го користат сите општини.

- ЗЕЛС се повеќе станува ИТ центар за општините во Македонија, бидејќи сметаме дека на тој начин ќе бидеме посигурни, поефикасни и поекономични. Со еден збор секоја општина не ќе мора да прави сопствен софтвер, туку тој ќе биде правен во ЗЕЛС, а сите општини ќе имаат можност да го користат и побрзо да ги извршуваат услугите, рече Трајановски.

Тој нагласи дека во наредниот период приоритет на ЗЕЛС ќе биде и подобрувањето на комуникацијата со граѓаните преку форумите на заедниците за, како што нагласи, да им се приближат и да ги видат нивните барања и потреби.

- Еден од приоритетите треба да биде и областа на урбанизмот и локалниот економски развој. Знаејќи го сегашниот систем на финансирање, ориентирани сме кон привлекување на што поголем број на инвестиции во општините и создавање што подобра клима за инвестирање во нив, рече Трајновски.

Енергетската ефикасност и употребата на обновливи извори на енергија, додаде, исто така ќе бидат во фокусот на УО на ЗЕЛС за наредниот период.

Поптретседателот Дамјановски посочи дека ќе се заложи за имплементација на Законот за рамномерен регионален развој и за целосна децентрализација.

- Законот за рамномерен регионален развој иако е шест години во функција во пракса не се спроведува. Ќе побараме и промени на законите за јавен долг, образование и полиција, односно општините да бидат одговорни за капиталните инвестиции во образованието и командирите на полицијата да се бираат на локално ниво, рече Дамјановски.

Потпретседателот Бејта, пак, рече дека ќе мора централната власт што повеќе да се децентрализира и во пракса да го применува Законот за рамномерен регионален развој.

- Не можеме како ЗЕЛС да дозволиме само Скопскиот од вкупно осумте региони што ги имаме во Македонија да се развива, а другите да бидат оставени настрана. Треба да се прават и промени на законите за образование и полиција, рече Бејта.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер