3Божиновска: Иновациите и новите технологии се клучни за посигурен енергетски систем и поконкурентна економија
Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
2Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
СветЗеленски со порака до Трамп: И покрај тешките разговори, ние остануваме стратешки партнериУкраинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи на социјалната мрежа Х, еден ден по скандалот во Белата куќа, кој го привлече вниманието на целиот свет.Зеленски на својот поранешен профил на Твитер објави низа пораки, од кои повеќето беа упатени до Доналд Трамп, претседателот на САД. „Американската помош беше клучна за нашиот опстанок и сакам да го истакнам тоа. И покрај тешките разговори, ние остануваме стратешки партнери. Но, мора да бидеме искрени и директни еден со друг за вистински да ги разбереме нашите заеднички цели. Од клучно значење е да ја имаме поддршката од претседателот Трамп. Тој сака да стави крај на војната, но никој не сака мир повеќе од нас. Ние сме тие што ја живееме оваа војна за Украина. „Како што еднаш рече претседателот Реган: Мирот не е само отсуство на војна. Ние зборуваме за праведен и траен мир, слобода, правда и човекови права за сите. Прекинот на огнот со Путин не функционира. Тој ги прекрши договорите за прекин на огнот 25 пати во последните десет години. Вистинскиот мир е единственото решение, гаранциите за безбедност се опасни за Украина“. We are very grateful to the United States for all the support. I’m thankful to President Trump, Congress for their bipartisan support, and American people. Ukrainians have always appreciated this support, especially during these three years of full-scale invasion. pic.twitter.com/Z9FlWjF101 — Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) March 1, 2025 Зеленски потсети дека војната трае цели три години: „Ние се бориме три години, а украинскиот народ... Не можам да ја сменам позицијата на Украина кон Русија. Русите нѐ убиваат. Русија е непријател, а тоа е реалноста со која се соочуваме. Украина сака мир, но тој мир мора да биде праведен и траен. За да го постигнеме тоа, мора да бидеме силни на преговарачката маса.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаХоџа: Со поддршка од ЕУ го унапредуваме системот за квалитет на воздухотМинистерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се обрати на завршниот настан на проектот SMILE, реализиран со поддршка на Европската Унија преку ИПА II програмата.Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се обрати на завршниот настан на проектот SMILE, реализиран со поддршка на Европската Унија преку ИПА II програмата, чија цел е унапредување на системот за управување со квалитетот на воздухот. Хоџа истакна дека борбата против загадувањето бара системски пристап, сигурни податоци и координирано дејствување на сите надлежни институции. Во рамки на проектот се подготвени нацрт на новиот Закон за квалитет на амбиентниот воздух, осум нови подзаконски акти, како и национални планови за квалитетот на воздухот и контрола на загадувањето за периодите 2027–2031 и 2027–2037 година. Проектот придонесе и за унапредување на мониторингот на загадувањето, подобрување на инвентарите на емисии и јакнење на институционалните капацитети. „Нашата одговорност е податоците и законските решенија да ги преточиме во поефикасни политики и подобар квалитет на воздухот. Продолжуваме да работиме на системски решенија што ќе придонесат за заштита на здравјето на граѓаните и почиста животна средина“, порача министерот Хоџа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаЈанчев: Во тек е поставување на подземен контејнер со три корпи на ул. „Никола Минчев“ Во тек е поставување на подземен контејнер со три корпи на ул. „Никола Минчев“ спојот со ул. „Моша Пијаде“, информира преку својот фејсбук профил градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. -Во насока на унапредување на комуналната инфраструктура и одржување на почиста и поуредена животна средина, во тек се активности за поставување на подземен контејнерски систем со три корпи, кој ќе придонесе за поефикасно собирање на отпадот и подобро искористување на јавниот простор. Изведувач на работите е „Метал Апостолов“. Со ваквите активности продолжуваме со унапредување на јавните површини и создавање почиста, поуредена и поздрава животна средина за сите граѓани. [♻️] Заедно за почист и поубав град!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
ЕкономијаБожиновска: Иновациите и новите технологии се клучни за посигурен енергетски систем и поконкурентна економијаМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска го отвори Саемот за енергетика, технологија и иновации „ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026“.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска го отвори Саемот за енергетика, технологија и иновации „ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026“, нагласувајќи дека енергетската транзиција бара стратешко планирање, нови инвестиции, модернизација на инфраструктурата и примена на иновативни технолошки решенија. Во своето обраќање, Божиновска истакна дека енергетиката денес е многу повеќе од производство и снабдување со електрична енергија – таа е директно поврзана со економската конкурентност, енергетската безбедност, технолошкиот развој и квалитетот на животот на граѓаните. „Одлуките што ги носиме денес во енергетскиот сектор ќе влијаат врз економијата на утрешнината, нашата отпорност на глобалните кризи и можностите што ќе им ги оставиме на идните генерации“, посочи министерката. Таа нагласи дека успешната енергетска транзиција не подразбира само промена на изворите на енергија, туку и модернизација на мрежата, поголема енергетска ефикасност, дигитализација, складирање енергија и воведување паметни системи за управување. Божиновска посочи дека државата располага со значаен потенцијал за развој на обновливите извори на енергија, особено сончевата, ветерната и хидроенергијата. За целосно искористување на овој потенцијал, неопходни се паралелни инвестиции во инфраструктурата и технологиите што ќе обезбедат стабилно и сигурно функционирање на енергетскиот систем. Посебен акцент стави на улогата на иновациите, дигиталните технологии, автоматизацијата и вештачката интелигенција во унапредувањето на индустриските процеси, намалувањето на потрошувачката на енергија и поефикасното користење на ресурсите. „Вистинската вредност на иновациите се гледа тогаш кога знаењето се претвора во конкретни решенија – поефикасни компании, подобри услуги, нови инвестиции и поквалитетен живот за граѓаните“, истакна Божиновска. Министерката ја нагласи и важноста од посилно поврзување на образованието, науката, индустријата и институциите, со цел младите да добијат повеќе можности за практична примена на знаењето, учество во развојни проекти и професионален напредок во државата. „Како Министерство, остануваме посветени на создавање стабилна и предвидлива регулаторна рамка, поттикнување инвестиции и развој на енергетски сектор што ќе одговори на потребите на граѓаните и стопанството и ќе придонесе за европската интеграција на државата“, нагласи Божиновска. Таа додаде дека резултатите од енергетската транзиција треба да се оценуваат не само преку реализираните проекти и инсталираните капацитети, туку и преку сигурноста на снабдувањето, конкурентноста на индустријата, поефикасното користење на ресурсите и новите можности за идните генерации. Со отворањето на „ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026“ беше истакната важноста на континуираната соработка меѓу институциите, бизнис-секторот, научната заедница и младите во создавањето современ, одржлив и конкурентен енергетски сектор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter