Зеленски го предизвикува Путин: Дојди ако смееш во Киев- веднаш пристигна реакција од Кремљ - Канал 5

Зеленски го предизвикува Путин: Дојди ако смееш во Киев- веднаш пристигна реакција од Кремљ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин како дел од мировните преговори.

Зеленски го предизвикува Путин: Дојди ако смееш во Киев- веднаш пристигна реакција од Кремљ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин како дел од мировните преговори, но ја отфрли можноста таков состанок да се одржи во Москва или Белорусија, велејќи му на Путин да дојде во Киев „ако се осмели“.

„Апсолутно е невозможно за мене да се сретнам со Путин во Москва. Тоа би било исто како да се сретнам со Путин во Киев. Можам и да го поканам во Киев - нека дојде. Го поканувам јавно, секако ако се осмели“, рече Зеленски, објави УНИАН.

Зборувајќи за територијалните прашања, Зеленски рече дека Украина е подготвена на компромис како дел од мировните преговори, но дека Русија мора да го стори истото.

Тој изјави дека не е постигнат компромис по прашањето за територијата, особено кога станува збор за регионот Донецк.

Според него, барањата што ѝ се наметнуваат на Украина не можат да се сметаат за компромис, бидејќи тие подразбираат промена на територијалниот интегритет на земјата.

Како „најмалку проблематично решение“, Зеленски ја спомена можноста украинските и руските сили да останат на своите сегашни позиции.

Зеленски, исто така, рече дека не се водени понатамошни разговори за американскиот предлог за прогласување на регионот Донбас за слободна економска зона, бидејќи руската делегација немала мандат да одлучува за овие прашања.

Осврнувајќи се на размената на воени заробеници, Зеленски оцени дека Русија го запрела овој процес, наведувајќи дека Москва, според него, не ја гледа размената како корист за себе.

Тој додаде дека Русија треба да размислува и за своите војници.

Песков: Путин никаде не го покани Зеленски, ниту му понуди средби

Рускиот претседател Владимир Путин никаде проактивно не го покани украинскиот претседател Володимир Зеленски, ниту му понуди средби, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Путин никаде проактивно не го покани Зеленски и не му понуди никакви средби на Зеленски. Ги видовме и слушнавме овие изјави. Имаше многу изјави во последните денови, всушност, во последните часови“, изјави Песков пред новинарите, одговарајќи на прашањето за реакцијата на Кремљ на поканата што Зеленски му ја упати на Путин во видео изјава за директна средба на мировните преговори во Киев, пренесува РИА Новости. Претходно денес, Зеленски ја објави својата подготвеност да се сретне со Путин во видео изјава, на што рускиот претседателски помошник Јуриј Ушаков рече дека Путин постојано изјавувал дека Зеленски може да дојде во Москва ако е отворен за дијалог.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Таа е жена од соништата,  во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година.

Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи.

Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Младата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекција

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Сексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи.

Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење.

„Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Гламурозно порше 911

Славната француска модна куќа  „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Видео: Гламурозно порше 911

Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили.

Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци.

Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач.

Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС.

Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода.

Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер