СветЗеленски ги откри деталите од разговорот со лидерот на САД: „Му посакав на претседателот Трамп секаков успех“Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за напорите за ставање крај на повеќе од четиригодишната војна, пред самитот на Г7 во Франција оваа недела. Зеленски напиша на Телеграм дека му го честитал 80-тиот роденден на Трамп и му се заблагодарил за помошта на Вашингтон во текот на конфликтот. „Му посакав на претседателот Трамп секаков успех, пред сè, во неговите напори да ја заврши војната на Русија против Украина“, рече Зеленски. Пред состанокот на Г7 во Евиан-ле-Бен, каде што се очекува лидерите да разговараат за војната на Русија во Украина во вторник, Зеленски рече дека разговарал за позицијата на нивните меѓународни партнери со Трамп. „Разговаравме за тоа што би можело да помогне во донесувањето мир сега, и го информирав претседателот за најновите случувања на бојното поле и како нашата позиција се зајакна“, рече тој. „Имаме некои добри идеи што би можеле да помогнат во побрзото донесување мир“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСледната седмица натпросечно високи температури во Македонија и Европа08:26Еврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
ЕвропаДевет лица се убиени во бранот руски напади врз Украина , оштетена е катедрала од 11 векДевет лица се убиени, а неколку други се повредени во бранот руски напади врз Украина, во кои голем религиозен споменик во Киев беше зафатен од пожар.Четири лица загинаа во нападите врз Киев, додека пет спасувачи загинаа обидувајќи се да го изгаснат пожарот предизвикан од рускиот напад врз североисточниот град Харков, соопштија украинските власти. Катедралата Успение на Пресвета Богородица од 11 век беше значително оштетена . Украинскиот премиер Јулија Свириденко нападот го нарече „брутален ,,врз украинскиот народ и нивното наследство“.„Итно ќе ги покренеме сите релевантни процедури во рамките на унеско и сите други меѓународни механизми, барајќи итни и соодветни одговори на ова државно варварство“, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха во изјава за x, нападите со беспилотни летала и ракети запалија згради и автомобили, а повеќе од 140.000 луѓе во главниот град на Украина останаа без електрична енергија. Полска, соопшти дека кренала борбени авиони,а во состојба на готовност биле ставени и копнените системи за воздушна одбрана како „превентивен“ одговор на руските напади во киев.нападите се случуваат пред состанокот на Г7 оваа недела во франција, каде што на дневен ред е војната во Украина.Вчера Узеленси изјави дека разговарал со трамп за напорите за ставање крај на долготрајниот конфликт.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСледната седмица натпросечно високи температури во Македонија и Европа08:26Еврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
ТехнологијаБританскиот премиер најави забрана за социјалните медиуми за лица под 16 годиниБританскиот премиер Кир Стармер денес најави дека на лицата под 16 години ќе им биде забранет пристапот до сите главни апликации на социјалните медиуми.„Водењето земја е секогаш прашање на избор и ми е јасно дека целосната забрана е вистинската“, рече Стармер на прес-конференција, пренесува Скај њуз. Стармер нагласи дека социјалните медиуми ги прават децата несреќни, отвораат простор за вознемирување и злоупотреба и го оштетуваат нивното ментално здравје. Тој, исто така, ја нагласи опасноста од штетна содржина на која се изложени децата. „Нема да правам компромис во врска со безбедноста и среќата на нашите деца и затоа оваа забрана мора да се спроведе. И ќе се спроведе“, рече тој. Ограничувања и за платформите за игри Тој објасни дека производите што не се опфатени со општата забрана, како што се платформите за игри, ќе мора да ги спречат децата да комуницираат со странци. Тој додаде дека можноста некои деца да најдат начини да ја заобиколат забраната не треба да биде причина за нејзино напуштање. „Ова ќе ги направи нашите деца посреќни. Ќе им дадеме повеќе време, повеќе безбедност, повеќе слобода да растат и повеќе можности. На крајот на краиштата, тоа е она за што се залага оваа влада“, заклучи британскиот премиер. Извор: Индекс.хрТагови: социјални медиуми Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Најпопуларната фудбалска навивачка, Лариса Рикелме непрепознатлива Поминаа 16 години откако го привлече вниманието на фудбалскиот свет и стана неизбежен симбол на Светското првенство во Јужна Африка, Лариса Рикелме повторно се најде во центарот на вниманието на фудбалските фанови. Парагвајанката, која доби светска популарност во 2010 година благодарение на нејзините навивачки изданија на трибините, овој пат се појави во значително поинаков стил. На трибините на стадионот СоФи, таа ја следеше репрезентацијата на Парагвај против САД, но без деталите по кои некогаш беше препознаена низ целиот свет. За разлика од периодот кога нејзините фотографии беа на насловните страници на медиумите, Лариса денес избира многу поредуциран и елегантен изглед. Нема впечатливи модни комбинации што ја направија позната пред повеќе од една деценија, а мобилниот телефон, кој некогаш беше еден од најкоментираните детали на нејзините фотографии, сега едноставно го држи во рацете како и секој друг навивач. И додека годините минуваа, а многу навивачки се обидуваа да ја преземат нејзината титула, Лариса Рикелме сè уште останува најпознатата „Девојка на Светското првенство“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook