ХороскопДневен хороскоп за 5. ноември 2026 година Дневен хороскоп за четврток, 5. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе имате потреба да отидете што подалеку од дома. Ако живеете со партнерот , ќе ви треба објаснување. Ако не, нема да ве најдат дома. Кариера Ќе мислите само како што побргу да ги завршите работните обврски и да одите некаде за да се опуштите. Здравје и совет Поврзете се со луѓето. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Освен што добро ќе се забавувате , во вас ќе расте потребата да бидете главни. партнерот можеби и да се изнервира од вашата потреба. Кариера Потрудете се уште малку и ќе се појават резултатите . Тоа што уште не ги гледате, не значи дека се далеку. Здравје и совет Разбистрете си го умот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете малку повеќе сентимантални и понежни од вообичаено. На саканата личност тоа нема да и пречи, напротив. Кариера Ќе ја одработите работатат како да танцувате. Едноставно , се ќе ви биде лесно. Нема да поставувате непотребни прашања. Здравје и совет Во добра форма сте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Секој има свој став , но проблем настанува кога има два става во заедничкиот живот. Денеска ќе мора да се соочите со ова. Кариера Отворената соработка со другите е единствениот начин за даси го подобрите својот статус на работното место. Здравје и совет Бидете мудри. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ви претстои пријатно излегување со потврда за вашата популарност во друштвото. Но , внатре и натаму ќе чувствувате празнина. Кариера Можеби нема да бидете најдобро разбрани , па затоа држете се до професионалните стандарди и правила. Здравје и совет Издржете. Овен 21.3-20.4. Љубов Во попладневните часови ќе бидете поопуштени , а ќес е подобри и вашиот однос со лицата кои ви се блиски. Кариера Се што ќе работите или евентуално прегледувате, ќе мора да го објасните . Ќе имате успех во таа работа. Здравје и совет Радувајте се . Имате зошто. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во вториот дел од денот ќе бидете поотворени за секаков вид забава и дружење , а ќе има и можност за тоа. Кариера Вашите идеи добро напредуваат , а вие сте задоволни што е така. Денеска работете на детали. Здравје и совет Едноставно верувајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина ќе посакаат малку поголема слобода и оттргнување од грижите, што ги мачат. Затоа ќе побараат друштво без обврски. Кариера Ќе финиширате една задача што ви е здодевна. Оваа фаза на работата веќе доволно чекаше за да биде завршена. Здравје и совет Преземете одговорност. Рак 22.6-22.7. Љубов Истовремено ќе лумпувате и ќе фантазирате за идеалистичка љубавна приказна. Тоа ќе биде вистински емотивен стерео. Кариера Сигурно е дека можете и подобро , но моменталните услови можеби тоа не ви го овозможуваат. Само немојте други да обвинувате. Здравје и совет Ќе ширите позитивна енергија. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашата елоквентност , шарм и снаодливост би можеле денеска да ви донесат нови љубовни поени. Кариера Ќе решавате моментално и без застој. Ќе бидете прецизни и во можност да препознаете долгорочна шанса. Здравје и совет Бидете отворени. Девица 23.8.-23.9. Љубов Повторно ќе играте на картата на љубезност и фино однесување , но работата е во тоа што станува збор само за надворешност. Љубовта доаѓа од срцето. Кариера Без оглед што можеби најдобро ја знаете работата , ослободете се од потребата да доминирате. Треба да се соработува. Здравје и совет Наспијте се. Вага 24.9.-23.10 Љубов Нема да се двоумите околу своите чувства. Ќе бидете јасни , а некои и директни . МОжете да остварите повеќето од вашите идеи. Кариера Сите работи поврзани со луѓе , како и оние од апстрактен карактер ќе ви тргнат од рака. Здравје и совет Ќе се чувствувате добро во својата кожа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВо Србија приведени полицајци поради наводна употреба на сила врз демонстрантиВластите во Србија вчера приведоа девет активни полицајци и еден поранешен полицаец поради наводна употреба на прекумерна сила врз приведени лица за време на минатогодишните протести во Белград, соопшти Министерството за внатрешни работи.Протестите против корупцијата ја зафатија Србија, земја кандидат за членство во Европската Унија, во текот на 2025 и 2026 година, откако на 1 ноември 2024 година во Нови Сад загинаа 16 лица во уривање на бетонската настрешница на обновената железничка станица. Протестите на крајот доведоа до падот од власт на Српската напредна партија (СНС), лојална на поранешниот претседател Александар Вучиќ, на вонредните парламентарни избори одржани на 25 октомври, на кои победи „Студентската листа“, движење без истакнат лидер. Министерството во соопштението наведе дека осомничените, припадници на елитна единица, на 14 и 15 август 2025 година мачеле и застрашувале неколку лица заточени во гаража на владин комплекс во центарот на Белград. „Со примена на сила и закани, тие им нанесени голема болка и тешко страдање на поголем број лица, со намера од нив да изнудат информации, да ги заплашат и незаконски да ги казнат“, се вели во соопштението. Министерството ги објави само иницијалите на уапсените службеници и на поранешниот полицаец. Станува збор за први значајни апсења поврзани со насилството врз демонстрантите кои во текот на изминатите две години излегуваа на улиците. Полицијата за време на протестите користеше солзавец, возила за разбивање демонстрации и шок-бомби за да ги растера собраните граѓани. Десетици студенти и активисти кои учествуваа на протестите ја обвинија полицијата за прекумерна употреба на сила, што резултираше со повреди и психолошки трауми. Српските студенти, активисти, опозициски политичари и организации за заштита на човековите права ги обвинија Вучиќ и СНС за политичко насилство, притисоци врз медиумите, врски со организираниот криминал и широко распространета корупција. Вучиќ и неговите сојузници ги отфрлаат обвинувањата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЛШ: Историска победа на Кома - 9:1; Арсенал се коцкаше во Прага Фудбалерите на Кома ја одбележаа вечерта во Лигата на шампионите со една од најубедливите победи во историјата на најсилното натпреварување на Стариот Континент.Откако тимот на Сеск Фабрегас минатото коло му „испорача“ четири гола на Манчестер Јунајтед, синоќа во Ланс – спротивно на сите очекувања – легијата странци од крај популарното езеро одржа фудбалска лекција на стадионот „Болар“. Ланс – Комо 1:9! Ова беше шеста последователна победа на „казнената експедиција“ на Сеск во сите натпреварувања, а трета во четири кола од елитното првенство. Но, оваа ќе се памети и прераскажува. Оваа победа влегува во клупските алманаси и во аналите на елитата (како втора најубедлива во историјата). Сите останати натпревари останаа во сенка на неверојатниот триумф на клубот, кој до пред само неколку години настапуваше во втората италијанска лига. Гркот Дувикас, кој се запиша во листата на стрелците три пати, а моментално е и најдобар стрелец во Лигата на шампионите со шест гола, исто така блесна оваа вечер. Во исто време, во Прага, фаворитот Арсенал мораше да вложи многу напор за да го сочува водството против Славија. На крајот „Топџиите“ славеа со 2:1, но Микел Артета ќе има што да им каже на своите играчи, особено за прикажаното во второто полувреме. 4-коло Среда АЕК - Реал Мадрид 2:3 (1:1) Коита 12, Пило 75 - Белингем 32, Мбапе 78, Валверде 90+2 Фенербахче - Ливерпул 3:2 (1:1) Жаке 29 (а.г.), Браун 73, Муричи 79 - Њони 25, Исак 69 Борусија Дортмунд - Бетис 2:1 (0:0) Силва 49, Карекас 72 - Руибал 67 Порто - Наполи 4:1 (1:1) Беднарек 11, Веига 71, Кивиор 80, Саму 89 - Мектомини 43 Ланс - Комо 1:9 (0:3) Агилар 65 - Дувикас 7, 32, 56, Паз 40, Да Куња 47, Кемпф 53, Либерали 62, Батурина 69, Папацоло 90+2 ПСВ - Клуб Бриж 1:2 (0:1) Сано 54 - Тресолди 25, Форбс 65 Лајпциг - Манчестер Сити 2:3 (0:1) Баку 49, Нуса 61 - Лукеба 37 (а.г.), Фернандез 58, Халанд 78 Викинг - Сабах 4:1 (1:1) Ботхајм 27, 90+4, Трипиќ 69, Фалшенер 81 - Ембина 11 Славија Прага - Арсенал 1:2 (0:2) Новак 90 - Мадуеке 9, Ѓекереш 38Тагови: Лига на шампионите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРокас, денеска ќе му го предаде Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на премиерот МицкоскиИзвештајот за напредокот на земјата кој Европската комисија го објави вчера, денеска ќе му биде врачен на премеирот Христијан Мицкоски од страна на евроамбасадорот Михалис Рокас.По врачувањето двајцата ќе одржат заедничка прес конференција. Европската комисија во извештајот констатира дека земјата бележи одредени позитивни резултати во спроведувањето на реформската агенда и планот за раст за Западен Балкан, но дека евроинтегративниот процес и понатаму е блокиран поради неусвојувањето на уставните измени. Во документот се посочува дека корупцијата останува широко распространета, а борбата против неа не бележи напредок. Особено загрижуваат случаите на корупција на високо ниво, кои често се одложуваат и застаруваат, создавајќи впечаток на неказнивост. Ограничени резултати се забележани и во правосудството, а позитивни оценки земјата доби и за целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook