Магазин Тајни од врвните експерти за просторот да зрачи со чист луксуз!Со вистински насоки, секој дом може да зрачи со елеганција и хармонија.Домовите на дизајнерите за ентериер често делуваат посмирено, пофункционално и поскладно од просечните домови. Не затоа што располагаат со неограничен буџет, туку зашто избегнуваат грешки кои секојдневно ги гледаат кај своите клиенти. Нивните одлуки не се импулсивни, зад секој избор постои логика, искуство и јасна намера. Еве кои навики свесно ги прескокнуваат, а кои може да ги примените во својот дом, било да станува збор за нова градба или стара градска зграда. Не почнуваат од боите на ѕидовите Една од почетните грешки е бојата на ѕидовите да се избере на самиот почеток. Дизајнерите речиси никогаш не прават така зашто нијанси има безброј, па полесно е да се прилагоди бојата на ѕидот на мебелот и текстурата отколку обратно. Наместо да го затворат просторот со погрешна нијанса на сина или сива, прво избираат тепих, завеса, софа, постелнина и трпезариска маса. Дури потоа, кога сите елементи ќе легнат на свое место, бараат тон што ќе ги поврзе во целина. За бојата размислуваат и преку атмосферата на просторот. Посветли, поенергични нијанси оставаат за дневните простори, додека потопли и посмирени тонови се резервирани за спалните. Во помалите станови, какви што има многу во големите градови, темни ѕидови на сите страни лесно може да го „изедат“ просторот, додека внимателно избрани светли нијанси го отвораат просторот и му даваат леснотија. Не купуваат големи парчиња поради трендот Професионалците во сопствениот дом ретко инвестираат во софа само затоа што е популарна на социјалните мрежи. Поголемите и скапи парчиња, како софа, шкаф, или трпезариска маса, ги избираат во неутрални бои и форми што траат. Трендовите ги следат преку деталите: перници, ламби, вазни, ќебиња или постелнина. Така просторот може да го освежат без големи трошоци и без чувство дека наскоро мора да го менуваат целиот ентериер. Не го претрпуваат просторот Уште една работа што дизајнерите ја избегнуваат е нередот, премногу мебел и декорации. Дури и најубавото парче мебел ја губи вредноста ако нема „простор да дише“. Постојат два едноставни теста: дали можете да се движите без да се удирате со ќошевите од мебелот и дали просторот изгледа хаотично штом ќе влезете во него. Посебно се внимателни при комбинирање на примероците и темните тонови. Премногу принтови или темни површини во мал стан даваат чувство на тесен простор. Помали работи на видливи површини и внимателно избирање на боите често даваат подобар резултат од купот детали. Функцијата пред естетиката Кога избираат мебел за себе, дизајнерите прво се прашуваат кој ќе го користи и на кој начин. Дури потоа доаѓа естетиката. Кај софите, на пример, поважна е удобноста, наслонот за грбот и издржливоста на материјалите, отколку самата боја. Ако во домот има деца или домашни миленици, лесното одржување е пресуден фактор при изборот на мебел. Во малите станови, каде секој квадрат е драгоцен, секое парче мора да има цел. Убав и неупотреблив мебел само зазема простор и создава фрустрација. Не избираат само една ламба Осветлувањето за дизајнерите е клучно за атмосфера. Едно светло на плафонот речиси никогаш не е доволно. Наместо тоа, комбинираат повеќе извори на светлина, лустер или ламба на плафонот со подни, столни ламби, ѕидни светилки и дискретни ЛЕД ленти. Осветлувањето му дава карактер на просторот. Интересен лустер во кујната или елегантна висечка лампа под креветот може целосно да го промени впечатокот, дури и кога останатиот мебел е едноставен. Не го уредуваат домот за да биде „виден“ Најважна лекција: Дизајнерите не го уредуваат својот дом за да ги исполнат туѓите очекувања. Иако ги знаат правилата, дома често свесно ги кршат. Наместо да се прашуваат што е исправно во моментот, тие размислуваат што навистина им годи. Ако тоа вклучува повеќе билки од вообичаено, полици со книги во куната или столица која не се вклопува совршено, но е најудобна, така и ќе биде. Во становите во кои се мешаат наследени парчиња, нов мебел и пристапни набавки од големите синџири, токму тој опуштен пристап често дава најдобри резултати. Можеби таквиот простор не е совршен за социјалните мрежи, но е совршен за секојдневниот живот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има - Обвинителството да постапуваЗа влезот на Алта банка во Македонија, пералницата за пари на Вучиќ, мора да има и кривична и политичка одговорност.СДСМ поднесе интерпелација за работата на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Бараме Собранието, како орган којшто го избира, да утврди политичка одговорност за постапката со која на Алта банка Белград ѝ беше дадена согласност за стекнување квалификувано учество во тогашната Стопанска банка Битола. Знаеме кој ѝ ја отвори вратата на Алта банка во Македонија, тоа се Мицкоски и Трајко Славески. Имаме јавно признание од Славески дека се консултирал со Мицкоски. Што разговарале Мицкоски и Славески за Алта банка? За Давор Мацура? Со која надлежност Мицкоски давал насоки а Славески ги слушал? СДСМ поднесе и кривични пријави за скандалот со Алта банка. Веќе 10 дена го повикуваме Јавното обвинителство да се вклучи, да отвори истрага и да има и кривична одговорност. Не може во Србија да има истрага, стечај, приведен сопственик, да се истражуваат 380 милиони евра а кај нас да нема ништо. Непостапувањето значи соучешништво, затоа што се создава простор да се уништат докази, сметки, транасакции. Истрагата мора да се прошири и на осигурувањето. Со кои пари е купено осигурителното друштво од страна на Давор Мацура, од која сметка се платени и кој го проверил нивното потекло? Време е за вистина, време е за правда, време е за одговорност за Алта банка. Скопје, 25.11.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
БалканБугарија се соочува со казна до 25 милиони евра и замрзување на дел од европските фондовиЕвропската комисија предупреди дека Бугарија се соочува со парична казна во висина до 25 милиони евра поради прекумерното буџетско трошење и непочитувањето на фискалните правила на Европската унија.Како што пренесуваат бугарските медиуми, Европската комисија соопштила дека не гледа доволни напори за намалување на трошоците, по започнувањето на постапката за прекумерен дефицит против земјата. Тековните препораки се однесуваат на дефицитот за 2026 година, кој, според пресметките на Европската комисија, ги надминува утврдените граници од 2,3 отсто. Според европскиот комесар за економија, Валдис Домбровскис, конечната одлука за изрекување на казната се очекува на 11 декември. Дополнително, Софија се соочува и со ризик од замрзнување на дел од средствата од европските фондови доколку до пролет не преземе соодветни мерки за стабилизирање на јавните финансии. Доколку казната биде официјално изречена, Бугарија ќе стане првата земја-членка во историјата на Европската унија која е парично санкционирана поради прекршување на европските фискални правила..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЛШ: Реал убедлив против ПСВ, Арсенал и Сите без победи на домашен теренКралевите од Мадрид беа најубедливи на стартот на 5 коло во Лигата на шампионите. Фудбалерите на Реал со резулатски пресврт го матираа ПСВ со убедливи 5-1.„Експлозија“ на Реал на полувремето, фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа ПСВ со 5:1 во петтото коло од Лигата на шампионите. Фудбалерите на Манчестер Сити и Наполи одиграа нерешено 2:2 во возбудлив натпревар од 5. коло на Лигата на шампионите. Гостите од Неапол двапати поведоа, но не успеаја да ги освојат сите три бода. Cherki equalized for Manchester City. https://t.co/UXHRSCkNF5 — Nirel (@Nirel01) November 24, 2026 Арсенал и Борусија Дортмунд исто така одиграа без победник, 1:1. Лондонскиот тим поведе во 10-тата минута. Виктор Ѓекереш ја затресе мрежата по асистенција на Нони Мадуеке, носејќи му на Арсенал предност од 1:0. Дортмунд возврати во продолжението од натпреварот. Во 55-тата минута, Максимилијан Бајер ја искористи асистенцијата на Жилиен Гаду и го постави конечниот резултат 1:1. Лига на шампиони, 5. коло вторник Бодо/Глимт - ЛАСК 1:0 (0:0) Халмарсен 90+2 Галатасарај - Астон Вила 1:0 (0:0) Ѓул 77 Арсенал - Борусија Дортмунд 1:1 (1:0) Џокерес 10 - Бејер 55 Комо - АЕК 1:0 (0:0) Мила 57 Феенорд - Порто 0:1 (0:1) Таргалин 2. аг Манчестер Сити - Наполи 2:2 (0:0) Буади 67, Шерки 86 - Хојлунд 55, Ланг 76 РБ Лајпциг - Ленс 2:1 (2:0) Раум 6, Нуса 9 - Удол 58 Реал Мадрид - ПСВ 5:1 (0:1) Валверде 50, Белингем 60, Мбапе 64, 84, Винисиус 87 - Перишиќ 32.п Слован - Бетис 0:2 (0:1) Хернандез 43, 57 среда 18:45 Сабах - Барселона 18:45 Славија - Виљареал 21:00 Атлетико Мадрид - Викинг 21:00 Клуб Бриж - Ливерпул 21:00 Интер - Штутгарт 21:00 Лил - Баерн 21:00 ПСЖ - Рома 21:00 Шахтјор - Фенербахче 21:00 Спортинг - Манчестер ЈунајтедТагови: Лигата на шампионите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook