Зеленски: Американците сакаат да бидат посредници и да им покажат на Русите дека се во средина - Канал 5

Зеленски: Американците сакаат да бидат посредници и да им покажат на Русите дека се во средина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „Американците сакаат да им покажат на Русите дека се во средината“ и дека американскиот тим не го крие фактот дека сака да биде посредник, а не да застане на една од завојуваните страни.

Зеленски: Американците сакаат да бидат посредници и да им покажат на Русите дека се во средина

- Им рековме, добро, ако не сте на наша страна, тогаш барем останете на средина. Значи, ако Русите не го прифатат целосниот прекин на огнот што го предложивте, сакаме да видиме дополнителни санкции. Тие не мора да важат долго, исто како што не траеше замрзнувањето на помошта во нашиот случај. Навистина очекуваме американската страна да ги преземе овие чекори, рече Зеленски во интервју за Тајм.

Тој зборуваше и за способноста на украинската армија да се одржи без помош на европските и американските сојузници и рече дека сè зависи од способноста на Киев да ротира трупи.

- Ако има прекин на огнот, некаква пауза, колку може да издржи армијата? Колку што е потребно. Но, им треба одмор, ротација, резерви, плати …, нагласи Зеленски.

Тој додаде дека украинската армија во моментов е три пати поголема отколку што била во време на мир и дека буџетот на Украина не е доволен за нејзино финансирање.

- Мора да има посебни програми. Европа треба да го финансира тоа. Идеално Европа и Америка. Но, во сегашните околности, повеќе би се потпирал на Европа. Тие вистински веруваат, а тоа е факт, дека нашата армија е дел од безбедноста на цела Европа, рече Зеленски.

Тој исто така додаде дека е важно да се постигне договор што „ќе ја обедини земјата, а не да ја подели“ и дека тоа мора да биде договор за праведен мир.

Зеленски не ја исклучи можноста следната фаза за Украина да биде принуден мир или тој да биде „понижувачки“.

- Ако Украина, не дај Боже, биде оставена сама на себе, и ако нашите партнери, од која било причина, не бидат партнери, тогаш Украина ќе падне во депресија. Се бореше за сите нив и заврши сама, нагласи Зеленски. Тој рече и дека не верува дека тоа ќе се случи и дека тоа ќе биде предавство на украинските партнери.

- Шансите за тоа се практично еднакви на нула, заклучи Зеленски. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двојникот на Хитлер во Германија е осуден поради славење на фирерот

Суд во германскиот град Минстер го осуди Холанѓанецот Стефан Вајкамп (59) на условна осуммесечна затворска казна за величење на Адолф Хитлер и поттикнување омраза.

Двојникот на Хитлер во Германија е осуден поради славење на фирерот

Судијата му наложи да плати казна од 1.000 евра и да ги плати судските трошоци, велејќи дека неговите јавни изјави сериозно ги навредиле жртвите на нацистичкиот режим и го нарушиле јавниот ред и мир, објави денес NL Times.

Вајкамп, кој е од Остербек, дојде на суд облечен како двојник на Хитлер.

Тој е активен и во крајно десничарските кругови со децении и редовно учествува во неонацистичките демонстрации во Северна Рајна-Вестфалија.

На митингот во Минстер минатата година, тој отворено го пофали нацистичкиот лидер во снимка што сè уште е достапна онлајн.

„Тој беше брилијантен. Хитлер беше гениј. Го восхитувам. Мојата љубов кон Германија се вика Адолф Хитлер“, рече тој.

На суд, Вајкамп ги повтори тие зборови и изјави дека „го сака Фирерот“.

Додека се пушташе снимката од демонстрациите, тој постојано климаше со главата во знак на согласност, објави германскиот јавен радиодифузен сервис WDR.

Условната казна вклучува тригодишен пробен период, а тој може да се жали на пресудата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Талибанците им го одзедоа правото на жените на сопствено име во документите- ќе се викаат „крава“ и „коза“

Талибанските власти на во северната авганистанска провинција Балк ги забранија имињата на жените во официјалните документи, вклучително и медицинските досиеја и рецептите. 

Талибанците им го одзедоа правото на жените на сопствено име во документите- ќе се викаат „крава“ и „коза“

Здравствените работници и другите јавни службеници добија наредба, наместо со нивните имиња, да ги нарекуваат жените со „Биби“, термин кој традиционално се користи за обраќање кон жените, што може да значи и „баба“.

Според сведоштвата на авганистанските жени и активисти, некои талибанци им се обраќаат на жените и со погрдни термини како „коза“ и „крава“. Авганистанските активисти стравуваат дека забраната за употреба на женски имиња може да се прошири на целата земја.

Активистите предупредуваат на опасност за женските пациенти

Авганистанскиот активист Лалах Османи предупреди дека забраната може да има сериозни последици за здравствената заштита. Ако под исто име се чуваат десетици медицински досиеја и рецепти, се зголемува ризикот од промена на пациентите и медицински грешки.

Ситуацијата дополнително се усложнува со ограничувањата според кои машките лекари не смеат да прегледуваат женски пациенти без да исполнуваат посебни услови. Талибанците исто така им оневозможија на жените да студираат за здравствени професии.

Зубаида Акбар од организацијата за заштита на правата на жените Фемена предупреди дека талибанците претходно ги прошириле ограничувањата воведени на локално ниво на целата земја. Нејзината организација забележала повеќе од 144 одлуки со кои талибанците ги ограничиле правата на жените.

Жените со години се борат за правото на сопственото име

Во Авганистан долго време постои обичај да се изостават женските имиња од надгробните споменици, поканите за свадби и одредени официјални документи. Жените често се идентификуваат исклучиво според нивниот однос со машките членови на семејството, како нечија сопруга или ќерка.

Османи во 2017 година ја започна кампањата „Каде е моето име?“ со која бараше имињата на мајките да бидат запишани во изводите на нивните деца. Во 2020 година, тогашната авганистанска влада овозможи доброволно внесување на тие податоци.

По враќањето на власт во август 2021 година, талибанците им забранија на девојчињата од средно образование, пристапот на жените до универзитети и работа во бројни професии и значително ја ограничија нивната слобода на движење и учество во јавниот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Конор Мекгрегор се враќа: Ми остана уште многу гориво (ВИДЕО)

Поранешниот двократен шампион на UFC, Конор Мекгрегор, не планира да се пензионира, и покрај новите проблеми со повреди и долгата пауза од Октагонот. 

Конор Мекгрегор се враќа: Ми остана уште многу гориво (ВИДЕО)

Ирската ѕвезда верува дека сè уште има многу да понуди во спортот на MMA и веќе размислува за враќање.

Мекгрегор е надвор од акција од јули 2021 година, кога доживеа тешка фрактура на ногата во третата борба против Дастин Поарје на UFC 264. Неговото долгоочекувано враќање беше дополнително одложено откако го повреди коленото додека се обидуваше да изведе удар со нога против Макс Холовеј на UFC 329.

Иако шпекулациите за крајот на неговата кариера се зголемуваат, особено бидејќи неговиот тековен договор со UFC се ближи кон крајот, Ирецот не размислува во таа насока.

Од неговата историска победа над Еди Алварез во 2016 година, кога стана првиот борец кој истовремено ги држеше шампионските појаси во две тежински категории на UFC, Мекгрегор постигна само еден триумф.

Тој го достигна тоа во јануари 2020 година, кога го нокаутираше Доналд Сероне за само 40 секунди на UFC 246. Тоа беше негов прв настап по поразот од Хабиб Нурмагомедов.

Мекгрегор ја сподели снимката од тој нокаут на социјалната мрежа X, заедно со порака во која објави дека сè уште не го кажал својот последен збор.

- Нокаут во категоријата велтер за 40 секунди! Сè уште има многу гориво во овој резервоар! Едвај чекам да одам! - напиша Ирецот.

Според извештаите, Мекгрегор се стреми кон настап за време на „Меѓународната недела на борби“ во летото 2027 година. Таа борба треба да биде последната што ќе ја има според неговиот тековен договор со UFC.

Неговиот противник сè уште не е официјално потврден, но Ирецот има јасна желба, трета борба со Макс Холовеј. Американецот ја поддржа идејата кратко по нивниот реванш во Лас Вегас и рече дека е подготвен да го чека враќањето на Мекгрегор.

Да потсетиме дека Мекгрегор и Холовеј првпат се сретнаа во 2013 година, кога Ирецот победи со едногласна одлука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер