МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
1МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
Други спортовиПрвиот човек на УФЦ со најава: Конор Мекгрегор се враќаИзвршниот директор на UFC, Дана Вајт, изјави дека е многу оптимист дека поранешниот двократен шампион Конор Мекгрегор ќе се врати во Октагонот ова лето. Вајт ја откри веста за време на гостувањето во „Шоуто на Џим Роум“, давајќи ја најконкретната временска рамка досега за враќањето на славниот Ирец, кој не се борел од 2021 година. Враќање по речиси пет години пауза Мекгрегор е надвор од акција откако претрпе тешка фрактура на ногата во третата борба против Дастин Поарие пред речиси пет години. Неговото планирано враќање во 2024 година беше откажано поради скршен прст, а според „Индипендент“, во моментов се водат преговори за негово појавување на главниот настан на UFC 329, кој е закажан да се одржи на 11 јули во арената „Т-Мобајл“ во Лас Вегас. „Во добра позиција сме со Конор“, рече Вајт, нагласувајќи дека и покрај претходните одложувања, промоцијата активно работи на финализирање на деталите за следниот настап на 37-годишниот борец. Оптимизмот е дополнително поттикнат од снимките од тренинзите на Мекгрегор што неодамна се појавија на социјалните мрежи, а кои укажуваат на неговата добра физичка состојба. Вајт забележа дека атмосферата во организацијата околу статусот на Мекгрегор значително се подобрила по паузата што следеше по откажувањето на борбата против Мајкл Чендлер во јуни 2024 година. „Многу сум уверен дека Конор ќе се бори оваа година“, рече тој. „Уверен сум дека ќе го имаме подготвен за акција“. 🚨 BREAKING: Dana White just announced that Conor McGregor will return this summer 👀 "I'm extremely confident it'll happen this summer. There are a lot of great things going on behind-the-scenes that make me very confident that he will fight this summer." (via @jimrome) pic.twitter.com/iyCeeI44Qn — Championship Rounds (@ChampRDS) May 7, 2026 Можни противници и неуспешни комбинации Неодамнешните извештаи сугерираат дека UFC би можел да се насочи кон реванш помеѓу Мекгрегор и Макс Холовеј за настанот во јули. Мекгрегор претходно инсистираше на настап на настанот Freedom 250, но на крајот не беше вклучен во списокот за борба. „Тој тренира, има снимки од неговиот тренинг“, потврди Вајт. „Сè уште официјално не објавивме ништо, но тој ќе се бори ова лето. Да почнеме со тоа: тој ќе се бори ова лето. Мислев дека ќе се случи минатата година, но не се случи. Но, многу сум уверен дека ќе се случи ова лето.“ Мекгрегор има рекорд од 22 победи и 6 порази во својата професионална кариера, но изгуби три од последните четири борби во UFC. Неговата последна победа дојде во 2020 година, кога го нокаутира Доналд Сероне за само 40 секунди, по што следеа два последователни порази од Поаре во 2021 година. Неговата кариера беше обележана со историски достигнувања, како што е тоа што стана првиот борец во историјата кој истовремено ги држеше титулите на UFC во две различни тежински дивизии. Сепак, долгиот престој надвор од Октагонот беше нарушен и од проблеми со законот, вклучително и пресуда за граѓанска тужба од 2024 година поврзана со обвинувања за напад во 2018 година во Даблин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Автомобилизам„Honda Elevate“: Усовршен кросовер со пониска ценаВо 2023 година, во понудата на јапонскиот производител на автомобили Хонда пристигна еден достапен компактен кросовер – во Индија тој го носи името „Elevate“, додека во Латинска Америка и Јапонија е познат како „WR-V“.Во 2023 година, во понудата на јапонскиот производител на автомобили Хонда пристигна еден достапен компактен кросовер – во Индија тој го носи името „Elevate“, додека во Латинска Америка и Јапонија е познат како „WR-V“ (да не се меша со моделот WR-V наменет за Југоисточна Азија). Сега е време за планирано освежување на дизајнот, а купувачите во Индија се првите што ќе го добијат надградениот кросовер. Додека претходно „Honda Elevate“ во Индија се нудеше со две опции за предната маска (со хоризонтални „ленти“ или вертикални шипки), сега е достапна само една – со голем мотив на саќе. Почнувајќи од средното ниво на опременост, предните светла сега се украсени со три „отвори“ кои содржат LED елементи. Амблемот на брендот е преместен од маската на ладилникот на работ од хаубата. Влошките околу светлата за магла сега се во бојата на каросеријата. Задното светло, кое се протега во една целина, сега е целосно функционално, додека претходно централниот дел не светеше. Димензиите на кросоверот наменет за индискиот пазар остануваат непроменети: должина од 4.312 мм, ширина од 1.790 мм, висина од 1.650 мм и меѓуоскино растојание од 2.650 мм. Ентериерот е освежен со нови материјали, а контролната табла вклучува портокалово амбиентално осветлување. Во таблата со инструменти е поставен 7-инчен TFT-дисплеј. Основната верзија на „Honda Elevate“ нема мултимедијален систем; тој станува достапен почнувајќи од второто ниво на опременост. Пониските нивоа на опременост доаѓаат со 8-инчен дисплеј во стил на таблет, додека повисоките нивоа располагаат со екран од 10,25 инчи и функција за автоматско прочистување на воздухот. Капацитетот на багажникот изнесува 458 литри. Подобрена опрема и напредни безбедносни системи Како и претходно, списокот на опрема вклучува електричен шибер, безжично полнење на паметен телефон, автоматска климатизација и пакетот безбедносни системи Honda Sensing (адаптивен темпомат, автоматско сопирање, систем за одржување на возилото во лента и систем за следење на мртвиот агол). Повисоките нивоа на опременост се дополнително унапредени со вентилирани кожни седишта во боја на слонова коска и подобрена камера со широк агол на гледање. Во Индија, „Honda Elevate“ и понатаму е достапна со 1,5-литарски бензински мотор со четири цилиндри и атмосферско полнење (121 КС, 145 Nm), во комбинација со 6-степен мануелен менувач или CVT-менувач. Вреди да се истакне дека моделите опремени со CVT-менувач сега имаат задни диск-кочници наместо барабан-кочници. Возилото доаѓа исклучиво со погон на предните тркала. Цената на ажурираниот кросовер Honda Elevate се движи од 1.180.000 до 1.840.000 рупии – што е еквивалентно на 21.300 до 33.250 конвертибилни марки (10700 до 16 300 евра) – пренесува Auto.ba.Тагови: Хонда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотМлада девојка купила стар училишен автобус и сама го претворила во станЕдна млада девојка купила стар училишен автобус и самата го претвори во стан, Никогаш претходно не користела ненаков алат, но создаде чудо.Без никакво искуство со алат, Даниел сама уредила функционална мини-куќа на тркала во текот на три години. Даниел од Њу Џерси немала никакво искуство со алат, но во текот на три години изградила дом на тркала со кујна, туш и соларен систем. Преуредувањето ја чинело околу 26.000 евра. Десет квадратни метри можеби звучат скромно за дом, но за Даниел тој простор значи можност да живее онака како што сака. Кога купувањето сопствен дом ѝ изгледало финансиски недостижно, дваесет и седумгодишната девојка од американската сојузна држава Њу Џерси одлучила да истражи поинаков пат. Го пронајде во еден стар жолт училишен автобус. За приближно 4.600 евра, таа купила атобус „Шевролет експрес“ (Chevrolet Express) од 2007 година, со поминати околу 322.000 километри. Иако возилото веќе имало долг работен век зад себе, Даниел во него препозна простор што може да го приспособи на своите потреби. - Го избрав автобусот бидејќи има повеќе простор од комбе, а и чини помалку. Освен тоа, можев да го уредам точно онака како што замислував – објаснува таа. Поминаа три години од купувањето до завршувањето на домот. Таа е особено горда на фактот што пред тој проект немала никакво искуство со преправање и уредување, ниту пак, како што истакнува, некогаш држела алат во рацете. И покрај тоа, околу 85 отсто од работата ја завршила сама. Кујна, бања и кревет на десет квадратни метри Даниел вложи околу 26.000 евра во реновирањето на автобусот. Соларниот систем ја чинеше приближно 1.700 евра, изолацијата околу 800 евра, а фрижидерот го набави за околу 260 евра. Водоводните инсталации ги реши за приближно 350 евра. На простор од само десет квадратни метри, таа смести кревет, кујна со индукциска плоча со две рингли, како и бања со туш и компостирачки тоалет. Во просторот има и кровен прозорец. Поранешното возило за превоз на ученици постепено ги доби сите основни елементи неопходни за секојдневниот живот. Но, зад завршениот ентериер стојат месеци проучување и напорна физичка работа, а одредени моменти сериозно ја ставија на искушение нејзината упорност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Атрактивната Никол повторно провоцираСветската музичка ѕвезда Никол Шерцингер обожува да се фотографира и снима за социјалните мрежи, но овојпат за малку ќе предизвикаше скандал. Убавата Никол покажа повеќе отколку што требаше. Позната по своите бујни гради и витка линија, мегапопуларната пејачка не ја пропушти можноста да ја разгори имагинацијата на многумина на интернет. На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот приватен и деловен живот, таа овојпат сподели „жешко“ видео кое за кратко време собра голем број лајкови и реакции од целиот свет. Познатата пејачка е снимена додека танцува, а во преден план беа нејзините стомачни мускули и виткото тело – но и нешто друго. .. Со оглед на тоа што носеше тренерки со низок струк, постоеше опасност да покаже многу повеќе од својата прекрасна фигура. Тагови: Никол Шерцингер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter