Талибанците им го одзедоа правото на жените на сопствено име во документите- ќе се викаат „крава“ и „коза“
2Талибанците им го одзедоа правото на жените на сопствено име во документите- ќе се викаат „крава“ и „коза“
Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)
2Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)
Кинезите претставија хуманоидни роботи, кои имаат кожа на лицето и работат како презентери, асистенти, фитнес тренери (ВИДЕО)
1Кинезите претставија хуманоидни роботи, кои имаат кожа на лицето и работат како презентери, асистенти, фитнес тренери (ВИДЕО)
СветТалибанците им го одзедоа правото на жените на сопствено име во документите- ќе се викаат „крава“ и „коза“Талибанските власти на во северната авганистанска провинција Балк ги забранија имињата на жените во официјалните документи, вклучително и медицинските досиеја и рецептите. Здравствените работници и другите јавни службеници добија наредба, наместо со нивните имиња, да ги нарекуваат жените со „Биби“, термин кој традиционално се користи за обраќање кон жените, што може да значи и „баба“. Според сведоштвата на авганистанските жени и активисти, некои талибанци им се обраќаат на жените и со погрдни термини како „коза“ и „крава“. Авганистанските активисти стравуваат дека забраната за употреба на женски имиња може да се прошири на целата земја. Активистите предупредуваат на опасност за женските пациенти Авганистанскиот активист Лалах Османи предупреди дека забраната може да има сериозни последици за здравствената заштита. Ако под исто име се чуваат десетици медицински досиеја и рецепти, се зголемува ризикот од промена на пациентите и медицински грешки. Ситуацијата дополнително се усложнува со ограничувањата според кои машките лекари не смеат да прегледуваат женски пациенти без да исполнуваат посебни услови. Талибанците исто така им оневозможија на жените да студираат за здравствени професии. Зубаида Акбар од организацијата за заштита на правата на жените Фемена предупреди дека талибанците претходно ги прошириле ограничувањата воведени на локално ниво на целата земја. Нејзината организација забележала повеќе од 144 одлуки со кои талибанците ги ограничиле правата на жените. Жените со години се борат за правото на сопственото име Во Авганистан долго време постои обичај да се изостават женските имиња од надгробните споменици, поканите за свадби и одредени официјални документи. Жените често се идентификуваат исклучиво според нивниот однос со машките членови на семејството, како нечија сопруга или ќерка. Османи во 2017 година ја започна кампањата „Каде е моето име?“ со која бараше имињата на мајките да бидат запишани во изводите на нивните деца. Во 2020 година, тогашната авганистанска влада овозможи доброволно внесување на тие податоци. По враќањето на власт во август 2021 година, талибанците им забранија на девојчињата од средно образование, пристапот на жените до универзитети и работа во бројни професии и значително ја ограничија нивната слобода на движење и учество во јавниот живот.Тагови: талибанци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
ЕвропаДвојникот на Хитлер во Германија е осуден поради славење на фиреротСуд во германскиот град Минстер го осуди Холанѓанецот Стефан Вајкамп (59) на условна осуммесечна затворска казна за величење на Адолф Хитлер и поттикнување омраза.Судијата му наложи да плати казна од 1.000 евра и да ги плати судските трошоци, велејќи дека неговите јавни изјави сериозно ги навредиле жртвите на нацистичкиот режим и го нарушиле јавниот ред и мир, објави денес NL Times. Вајкамп, кој е од Остербек, дојде на суд облечен како двојник на Хитлер. Тој е активен и во крајно десничарските кругови со децении и редовно учествува во неонацистичките демонстрации во Северна Рајна-Вестфалија. На митингот во Минстер минатата година, тој отворено го пофали нацистичкиот лидер во снимка што сè уште е достапна онлајн. „Тој беше брилијантен. Хитлер беше гениј. Го восхитувам. Мојата љубов кон Германија се вика Адолф Хитлер“, рече тој. На суд, Вајкамп ги повтори тие зборови и изјави дека „го сака Фирерот“. Додека се пушташе снимката од демонстрациите, тој постојано климаше со главата во знак на согласност, објави германскиот јавен радиодифузен сервис WDR. Условната казна вклучува тригодишен пробен период, а тој може да се жали на пресудата.Тагови: Адолф Хитлер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиКонор Мекгрегор се враќа: Ми остана уште многу гориво (ВИДЕО)Поранешниот двократен шампион на UFC, Конор Мекгрегор, не планира да се пензионира, и покрај новите проблеми со повреди и долгата пауза од Октагонот. Ирската ѕвезда верува дека сè уште има многу да понуди во спортот на MMA и веќе размислува за враќање. Мекгрегор е надвор од акција од јули 2021 година, кога доживеа тешка фрактура на ногата во третата борба против Дастин Поарје на UFC 264. Неговото долгоочекувано враќање беше дополнително одложено откако го повреди коленото додека се обидуваше да изведе удар со нога против Макс Холовеј на UFC 329. Иако шпекулациите за крајот на неговата кариера се зголемуваат, особено бидејќи неговиот тековен договор со UFC се ближи кон крајот, Ирецот не размислува во таа насока. Од неговата историска победа над Еди Алварез во 2016 година, кога стана првиот борец кој истовремено ги држеше шампионските појаси во две тежински категории на UFC, Мекгрегор постигна само еден триумф. Тој го достигна тоа во јануари 2020 година, кога го нокаутираше Доналд Сероне за само 40 секунди на UFC 246. Тоа беше негов прв настап по поразот од Хабиб Нурмагомедов. Мекгрегор ја сподели снимката од тој нокаут на социјалната мрежа X, заедно со порака во која објави дека сè уште не го кажал својот последен збор. - Нокаут во категоријата велтер за 40 секунди! Сè уште има многу гориво во овој резервоар! Едвај чекам да одам! - напиша Ирецот. Според извештаите, Мекгрегор се стреми кон настап за време на „Меѓународната недела на борби“ во летото 2027 година. Таа борба треба да биде последната што ќе ја има според неговиот тековен договор со UFC. Неговиот противник сè уште не е официјално потврден, но Ирецот има јасна желба, трета борба со Макс Холовеј. Американецот ја поддржа идејата кратко по нивниот реванш во Лас Вегас и рече дека е подготвен да го чека враќањето на Мекгрегор. Да потсетиме дека Мекгрегор и Холовеј првпат се сретнаа во 2013 година, кога Ирецот победи со едногласна одлука. 40second WW KO! Loads left in this tank! BUZZING TO GO ⚡️ #BringItOn — Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) November 27, 2026 Тагови: Конор Мекгрегор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter