1Аргентина им ги отвори вратите на богатите- пасош се продава за 350.000 долари, со опција од 800.000
Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
1Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
Телохранителот на Џеј Ло стана хит, фановите ѝ пишуваат: Човекот на твојот живот стои покрај тебе (ВИДЕО)
2Телохранителот на Џеј Ло стана хит, фановите ѝ пишуваат: Човекот на твојот живот стои покрај тебе (ВИДЕО)
МакедонијаЗелен катастар имаат само три општини, стратегии за развој на зеленилото само двеОд 34 општини со седиште во град 29 општини не преземале активности за воведување Зелен катастар, со што, според Државниот завод за ревизија (ДЗР) не ги обезбедиле предусловите за правилно планирање и одржување на зелените површини. ДЗР во денеска објавената Ревизија на успешност „Урбанистичко планирање на зелената инфраструктура во градовите“, наведува дека Зелен катастар во форма на ГИС портал имаат три општини, Град Скопје, Кавадарци и Охрид, само само две општини, Град Скопје и Општина Охрид, имаат донесено стратегии за развој на зеленилото, а 18 општини не ја испочитувале обврската за донесување на годишни програми за подигање и одржување на зеленилото. Тоа, посочува ДЗР, укажува на немање долгорочна визија, цели, активности и индикатори за следење на урбаното зеленило на локално ниво. Градот Скопје има воспоставено Зелен катастар во форма на ГИС портал во 2009 година, но, како што укажува ДЗР, податоците последен пат се ажурирани во 2021 година. Овој ГИС портал, оценуваат ревизорите, не е во целост воспоставен, од причини што не го опфаќа општинското зеленило, односно недостасува поврзување со општините во градот кои исто така имаат јавни зелени површини кои ги одржуваат. - Општина Кавадарци во 2020 година има направено попис на зелените површини и нивно вметнување во ГИС порталот на кој покрај зелените површини се и урбанистичките планови. Општина Охрид изготвила Зелен катастар во форма на ГИС портал, но не е јавно достапен, додека општините Битола и Прилеп имаат направено инвентарисување на зелените површини, но не се во ГИС апликација и не се јавно достапни. Општина Битола до денот на ревизијата има подготвено три извештаи за фактичката состојба, стои во Извештајот. Законската обврска за воведување зелен катастар е од 2018 година, а според ДЗР се уште кај општините не постои интерес за создавање зелен катастар, односно 29 општини не преземале активности за негово воведување, со што не ги обезбедиле предусловите за правилно планирање и одржување на зелените површини. Зелениот катастар е попис на урбаното зеленило и претставува основа за изработка и следење на спроведувањето на Стратегијата за развој на зеленилото, Основниот план за подигање и развој на зеленилото и Годишната оперативна програма за подигање и одржување на зеленилото. Со Зелениот катастар се врши евидентирање на површината на урбаното зеленило според намената и типот, локацијата и карактеристиките на секое одделно дрво и грмушка што се засадени на овие зелени површини. Главната цел на Зелениот катастар е заштита на животната средина, подобрување на управувањето со јавното зеленило, како и зајакнување на урбаната отпорност преку собирање и анализа на просторни податоци за зеленилото. Покрај Зелениот катастар стратешки документи за обезбедување долгорочна визија и цел за развој на зеленилото на локално ниво се Стратегија за развој на зеленилото; Основен план за планирање, проектирање, подигање, одржување, заштита и реконструкција на зеленилото на подрачјето на општината или на градот Скопје за период од три до пет години; Годишна оперативна програма за подигање и одржување на зеленилото. Тие стратешки документи треба да бидат вградени во Генералниот и деталните урбанистички планови, со што општините ќе го креираат развојот на одржливи градови кои ќе им обезбедат на граѓаните добри услови за живот. Стратегија за развој на зеленилото имаат донесено само Град Скопје и Општина Охрид, додека останатите 32 општини39 немаат донесено стратешки документ за развој на зеленилото. Основен план за планирање, проектирање, подигање, одржување, заштита и реконструкција на зеленилото на подрачјето на општината или на градот Скопје за период од три до пет години има само Град Скопје. Советот на Град Скопје во 2023 година ја усвоил Стратегијата за развој на зеленилото во град Скопје (2024-2034)40 со која е јасно дефиниран долгорочен и одржлив акционен план за управување со зелената инфраструктура. Акциониот план содржи активности кои треба да се преземат и да се спроведат од повеќе институции, што подразбира координирана работа на градската управа, јавните комунални претпријатија и општинските управи во период од 10 години. Градот има донесено и Основен план за подигање и развој на зеленилото за период 2020-202441, а во тек е подготовка на нов Оперативен план врз основа на Стратегијата кој треба да го опфати периодот од 2025 до 2029 година. Во 2020 година, со донесување на Акциски план за зелен град, Град Скопје се приклучува во Зелените градови на Европска банка за обнова и развој. Стратегијата за развој на зеленило на Општина Охрид е донесена за период од 2023 – 2032 година, со стратешка цел Охрид да стане одржлив „зелен град“, со мрежа на висококвалитетни и атрактивни зелени површини, што ќе придонесе за благосостојбата и здравјето на сите граѓани и посетители, притоа зачувувајќи ја животната средина и биодиверзитетот. Со стратешката цел, треба да се задоволи и законската обврска за 25 м2 по глава на жител застапеност на зелени урбани инфраструктури. - Недонесените стратешки документи од страна на 32 општини кои треба да се основа на политиките за урбаното зеленило укажуваат дека општините немаат долгорочна визија, стратешки цели и индикатори за следење на развојот на урбаното зеленило, односно ги немаат утврдено потребите за зелени површини во областите со високи концентрации на загадувачки материи во воздухот, со висок процент на водонепропустливи поплочени и асфалтирани површини т.е. топлотни острови, констаира ДЗР.Тагови: ДЗР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваПоранешна порно ѕвезда со 17 годишен стаж открива што ѝ било најтешко (ФОТО)Поранешната ѕвезда во филмови за возрасни Линдзи Брук одлучи јавно да проговори за тоа што се случува зад сцената по 17 години во индустријата. На Threads, таа ги покани следбениците да ѝ постават прашања за работата што ја напушти во 2024 година, а нејзините одговори се отворија за заработката, условите за работа, дрогата и последиците од долгогодишното работење во индустријата. „Најдобриот дел? Завршено“ Брук објасни дека по толку години, тешко ѝ е да избере нешто позитивно од самото снимање. „Најдобриот дел? Хм. Завршено. Најлошиот дел: секс со целосен странец.“ Таа откри дека во еден момент заработувала околу 1.500 долари по сцена, но верува дека тоа не било доволно со оглед на работата што ја работела. Во текот на првите десет години, снимала речиси секој ден, додека подоцна нејзината работа била значително намалена. Кога ја прашале дали целата индустрија е токсична, таа не дала едноставен одговор. „Има добри и лоши работи во секоја работа. Постојат одлични компании за кои сакав да работам, но и оние од чии сетови едноставно си заминав.“ Таа зборуваше и за дрогата Најсериозниот дел од нејзините одговори се однесуваше на начинот на кој се справувала со својата работа. Брук рече дека во текот на целата кариера користела дрога за емоционално да се одвои од она што се случувало на снимањето. „Не, јас сум во состојба на дисоцијација. Земам наркотици. Се ставам настрана и влегувам во улогата.“ „Дрогите ѝ го олеснија“, односно, како што објасни, дрогата ѝ ја олесни работата. Ги користела за да не може ништо да чувствува за време на снимањето, додека дома ги користела за да може воопшто да чувствува било што. Брук, која е мајка на три деца, се обидела да ја напушти индустријата по раѓањето на секое дете. Сепак, финансискиот притисок и стигмата поврзани со нејзината претходна работа ја терале да се враќа секој пат. „Требаше да бидам мртва“ Пресвртницата се случила во 2024 година, кога, непосредно пред да потпише нов договор, зела смртоносна доза апчиња. Преживеала обид за самоубиство, а подоцна одлучила целосно да престане со дрогата и порно индустријата. „Требаше да бидам мртва. Тоа не е драма, тоа е фармакологија.“ Таа на својот Substack наведува дека 1 ноември 2024 година бил првиот ден кога не земала апчиња ниту алкохол, и тогаш решила да ги напушти дрогата, работата и претходниот начин на живот. View this post on Instagram A post shared by Lindsay Brooke (@lindsay13rooke) За причината зошто конечно одлучила да си замине, таа рекла: „Сакав да се откажам од моментот кога почнав. Не знаев како. Се откажав затоа што повеќе не можев да земам доволно дрога за да потпишам уште еден договор.“ „Порнографијата е изградена врз илузии“ По напуштањето на индустријата, Брук почнала да пишува и јавно да зборува за своите искуства. На својата страница, таа се опишува себеси како поранешна работничка во индустријата за возрасни која денес се обидува да зборува за тоа што ѝ донел таков живот. Особено е упатена кон мажите кои ја перцепираат порнографијата како претстава за вистинскиот сексуален живот. „Целата индустрија е изградена врз илузии. Жените всушност не сакаат мажите да ги прават сите работи што им ги покажуваме во филмовите. Жените не сакаат да имаат секс со мајстор кој дошол да го поправи мијалникот, а камоли да имаат оргии со нивната маќеа или девојки.“ View this post on Instagram A post shared by Lindsay Brooke (@lindsay13rooke) Брук тврди дека порнографијата може да создаде искривена слика за сексот и врските и ги предупредува мажите дека она што го гледаат на екранот не треба автоматски да се сфаќа како претстава за вистинските желби на жените. Зборувајќи за сопственото искуство, таа заклучи: „Колку повеќе е нарушен вашиот систем, толку повеќе машинеријата има контрола врз вас. Јас сум надвор... зошто сте сè уште внатре?“Тагови: ѕвезда порно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
СветАргентина им ги отвори вратите на богатите- пасош се продава за 350.000 долари, со опција од 800.000 Колку вреди пасошот на една земја? Аргентина штотуку даде многу специфичен одговор - најмалку 350.000 долари.Јужноамериканската земја ја започнува првата програма за државјанство преку инвестиција во Јужна Америка, која ќе им овозможи на богатите странци да добијат аргентинско државјанство преку директен финансиски придонес во државата или купување државни обврзници. Што нуди Аргентина во рамките на програмата Програмата треба да започне да прифаќа апликации во текот на последниот квартал од оваа година, а на потенцијалните кандидати ќе им бидат понудени две опции, според „Бизнис и финансии“. Првата е директна, неповратна уплата од 350.000 долари во аргентинската државна каса. Втората бара значително повеќе пари - купување на посебна државна обврзница во вредност од 800.000 долари. Програмата беше презентирана за време на „Неделата на Аргентина“ во Париз од страна на министерот за економија Луис Капуто и началникот на кабинетот Диего Сантили. Пасошите како начин за привлекување капитал Зад необичната понуда стои многу специфична економска цел. Владата на претседателот Хавиер Милеј се обидува да привлече нов странски капитал, да го зголеми приливот на долари и дополнително да ја отвори аргентинската економија за меѓународни инвеститори. Властите ја претставуваат програмата како уште еден дел од реформите насочени кон подобрување на инвестициската клима во земјата. Аргентина со години се соочува со големи финансиски проблеми, а според АП, новата програма би можела да донесе до 2,5 милијарди долари во следните пет години. Во исто време, земјата се соочува со десетици милијарди долари обврски за надворешен долг. Колку чини пасош за целото семејство? Можноста нема да биде ограничена само на главниот апликант. Членовите на неговото семејство исто така ќе можат да аплицираат за државјанство, но за дополнителен надомест. Брачниот другар, како и невенчаните или вонбрачните деца на возраст од 18 до 25 години без свои деца, ќе можат да аплицираат со дополнителен придонес од 100.000 долари по лице. За дете под 18 години ќе бидат потребни уште 25.000 долари. Така, според пресметките на аргентинската влада, типично семејство од четири лица - родители и две малолетни деца - би можело да аплицира за аргентинско државјанство за вкупно 500.000 долари преку модел на плаќање што не може да се врати. Парите нема да бидат единствениот услов Чек од 350.000 долари нема автоматски да значи добивање пасош. Аргентина најавува детални проверки на кандидатите, вклучувајќи го потеклото на парите, идентитетот, криминалното досие и други безбедносни критериуми. Сите средства ќе мора да поминат низ официјалниот финансиски систем, со примена на правила за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Аргентина започна со подготовка на законската рамка за државјанство преку инвестиции уште во 2025 година, кога беше овозможено странец кој прави инвестиција од особено значење да побара натурализација без оглед на должината на претходниот престој во земјата. Сега, за прв пат, државата ја прецизираше и цената на овој пат до пасош - 350.000 долари што не може да се вратат или 800.000 долари преку државни обврзници.Тагови: Аргентина пасош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаПосвоиле пет деца, па ги претвориле во робови- осудени се на 375 години затвор и казна од 4,4 милиони долариПет афроамерикански деца кои биле принудени да трпат злоупотреба и држени во услови слични на робови од страна на нивните посвоители ќе добијат огромна финансиска компензација.Децата, кои некогаш биле посвоени од Џин Кеј Вајтфедер (63) и Доналд Лантс (64), добиле спогодба во вредност од 4,4 милиони долари од државата Западна Вирџинија поради начинот на кој Службите за заштита на децата се справиле со повеќекратните пријави за нивна загрозеност, објавува Дејли Меил.. Парите ќе им бидат распределени на децата преку фонд за доверба и ќе се користат за да им се помогне да се опорават, бидејќи неколку од нив сè уште се соочуваат со сериозни последици од траумата предизвикана од злоупотребата. „Тоа значи дека овие деца ќе добијат шанса да бидат деца. Тие беа ограбени од нивната невиност и детство од луѓе кои им биле родители, кои всушност биле чудовишта“, рече адвокатот Данте ди Трапано, кој ги застапуваше. Платената сума претставува максимална компензација што секое дете можеше да ја добие според државните ограничувања, а спогодбата ја плати Одборот за управување со ризици на Западна Вирџинија. 375 години затвор за „тинејџерски клуб“ Спогодбата доаѓа повеќе од една година откако Вајтфер и Лантс беа осудени на децении затвор за злоупотреба на деца. Вајтфер моментално отслужува казна од 215 години, со минимум 40 години за да се добие условна слобода. Лантс беше осуден на 160 години затвор, со задолжителен минимум 30 години зад решетки пред да може да аплицира за условна слобода. И двајцата беа осудени да платат вкупно 280.000 долари отштета на децата. Децата беа пронајдени од полицијата во октомври 2023 година заклучени во барака до домот на двојката во Сисонвил. Бараката немаше светла, храна или вода, а областа беше под надзор со камери. Вајтфер тврдеше дека децата не биле држени против нивна волја и дека бараката се користела како „тинејџерски клуб“. Сепак, детективите утврдија дека децата биле заклучени од надвор. Откако властите ги пронајдоа трите постари деца заклучени во бараката, открија и деветгодишно девојче заклучено во главната куќа. Децата имаа силен мирис, носеа валкана облека и имаа рани на нозете. Предупредувањата беа игнорирани, децата беа подложени на расистички навреди Подоцна беше откриено дека соседите го пријавиле она што го забележале во куќата во Службата за заштита на децата, но нивните извештаи во голема мера не беа земени предвид. Сосетката Џојс Бејли сведочеше на суд дека видела како Лантс ги тера децата да носат тежок материјал за ограда, кофи со вода и резервоари за пропан низ дворот. Според неа, децата биле толку исцрпени од работата што во еден момент најстарото момче едвај можело да оди. За време на судењето беа презентирани и расистички текстуални пораки. Најстарото дете, сега 18-годишно, сведочеше дека нејзините посвоители ја принудувале да копа со рацете, ги хранеле неа и нејзините браќа и сестри претежно со сендвичи со путер од кикирики и ги принудувале да користат кофа за да се олеснат. Таа исто така рече дека нејзините посвоители одбивале да јадат од истите чинии како децата и ја нарекувале „валкана“. И покрај овие обвинувања, Службата за заштита на децата не обезбеди документација дека нејзините службеници разговарале со децата, изјави адвокатот на ди Трапано во тужбата против државата. Според сведочењето на судењето, агенцијата едноставно оставила белешка на вратата на семејството. Кога службениците конечно разговарале со децата, Лантс и Вајтфер биле доволно блиску за да го слушнат разговорот. „Целиот систем е расипан“ „Имаше многу повици од соседите, и мислам дека имаше само една посета на таа куќа. Требаше да има многу повеќе“, рече ди Трапано. Тој тврди дека „целиот систем е расипан“ и дека начинот на кој се обработуваат пријавите за злоупотреба на деца, вклучително и обуката на вработените, начинот на кој се спроведуваат интервјуата и начинот на кој се документираат случаите, треба да се промени. Портпаролот на гувернерот на Западна Вирџинија, Патрик Морисеј, Ларс Далсеид, рече дека вработениот кој ги интервјуирал децата бил отпуштен за време на претходната администрација. Тој додаде дека сегашната администрација направила промени за зајакнување на системот за заштита на децата, вклучително и реорганизација на управувањето, појасни правила и дополнителна обука за вработените. Децата оттогаш се сместени кај нови згрижувачки семејства. Двајца од нивните нови згрижувачки родители зборуваа на суд за тоа каков е нивниот живот сега. Еден опиша одење на плажа, забавни паркови и музеи. „За мене како адвокат беше неверојатно искуство да видам дека овие деца сега имаат нешто за што да бидат среќни“, рече диТрапано. Нова тужба за претходни обвинувања Ди Трапано и неговата фирма сега планираат да поднесат уште една тужба, овој пат против Одделот за социјални услуги на државата Вашингтон. Тие тврдат дека агенцијата им дозволила на Вајтфедер и Лантс да ги преместат децата од Вашингтон во Западна Вирџинија и покрај претходните обвинувања за злоупотреба на деца. Во Вашингтон нема ограничување на штетите, така што децата би можеле да добијат дополнителна отштета ако успеат во нивната тужба. Државниот претставник Холис Луис, исто така, објави дека ќе воведе закон наречен Закон за спречување на притвор на деца, кој би барал од семејствата што се преселуваат во Западна Вирџинија и планираат да ги школуваат своите деца дома да го известат Одделот за социјални услуги. Луис додаде дека верува оти Вајтфедер и Лантс не се преселиле во Западна Вирџинија поради убавината или економијата на државата, туку затоа што верувале дека таму можат да се однесуваат кон своите деца со мал надзор. Тој нагласи дека родителите треба да имаат можност да изберат како да ги воспитуваат своите деца, но дека мора да постојат и разумни мерки за да се спречи таквите можности да се искористат за злоупотреба. Луис рече дека треба да им оддаде признание на жителите на Сисонвил кои продолжиле да го пријавуваат случајот на Службите за заштита на децата и на полицијата. „Всушност, заедницата беше таа што го крена алармот. Да не беа нивните напори, овие деца можеби сè уште ќе беа поробени и злоупотребувани, или ќе се случеше нешто полошо“, рече тој.Тагови: деца робови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook