Здружението на судии го поздрави извештајот на Стејт департментот

Здружение на судиите го поздравува Извештајот на Стејт департментот за  2022 година, за функционирањето на правосудниот систем во Македонија.

Здружение на судиите го поздравува Извештајот на Стејт департментот за 2022 година, за функционирањето на правосудниот систем во Македонија, притоа нотираните факти во однос на судската независност и самостојност, случаите на несоодветно однесување во судството, несоодветниот политички и деловен притисок врз судиите, долготрајната правда, како и несоодветното финансирање и екипирање на судството, кои ја попречуваат ефикасноста на судиите и влијае на довербата на јавноста во владеењето на правото, целосно кореспондира со заложбите на Здружението на судиите и Заклучоците на VII-та Меѓународна судиска конференција одржана на 2-3 ноември 2022 година, во организација на ЗСРСМ со подршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје и CEELI Institute од Прага, на која учествува судии, претседатели на судови и членови на Судскиот совет, судии од земји членки на Европска Унија и земји со отворени преговори за полноправно членство.

Овие Заклучоци беа доставени до соодветните национални институции, кои уште еднаш ги повикуваме заедно да работиме на имплементација на истите и нотираните забелешки во Извештајот за 2022 година, со цел обезбедување на соодветни услови за владеење на правото и правната држава, заложби потврдени на XVI – то Редовно Собрание на ЗСРСМ, одржано на 21 февруари 2023 година, во донесената Декларација, на која Здружението на судиите укажува дека независноста на судството е неопходно за обезбедување на непристрасна правда, и поради тоа истата треба да биде подржана во нејзиниот индивидуален и институционален аспект, имајќи го предвид фактот дека различните државни власти овозможуваат функционалност на една демократска државата, само доколку секоја пооделно се фокусира на своите надлежности, притоа исполнувајќи ги должностите кои произлегуваат од нивната Уставна поставеност.

Собранието ги повика судиите да го потврдат својот интегритет, преку нивните одлуки и секојдневното однесување, истовремено охрабрувјќи ги медиумите на сеопфатно и објективно пренесување на информациите, со цел овозможување соодветни предуслови за реална перцепција на граѓаните кон работата на судиите, се наведува во соопштението на Здружението.

БДП во првиот квартал со раст од 2,1 отсто

Бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2023 година забележа раст од 2.1 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2023, поголем пораст е забележан во секторите - Градежништво од 12.7 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 10.6 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата,

во првото тримесечје, номинално расте за 14.8%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 69.0%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13.7%, а увозот на стоки и на услуги забележа

намалување во номинален износ од 1.4%.

Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2023 година бележат намалување во делот на промената на залихите, покажуваат податоците на ДЗС.

Шаќири на средба со претседателот на СОНК

Шаќири на средба со претседателот на СОНК и претставници на Solidarity Center и Американската федерација на наставници.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска ќе оствари средба со претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков и со претставници на Solidarity Center, најголемата меѓународна организација за заштита и унапредување на работничките права со седиште во САД, како и претставници на Американската федерација на наставници.

Средбата ќе се одржи во просториите на Министерството за образование и наука.

Во Собранието продолженија на две пленарни седници и една комисиска расправа

Во Собранието денеска треба да се одржат продолженијата на 66-тата и на 91-вата пленарна седница.

Единствена неразгледана точка на дневниот ред на 66-тата седница е Предлог-законот за изменување на Законот за квалитетот на земјоделските производи, по скратена постапка.

На 91-вата седница има уште 12 неразгледани точки меѓу кои се четири ратификации на договори, предлог финансиските планови на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и на МРТ за 2023 година, како и интерпелација за работата на претседателката на Комисијата за прашања и изборите и именувањата, пратеничката Марија Георгиевска од СДСМ.

Во Собранието денеска седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија на чиј дневен ред се четири барања за автентично толкување на закони и Предлог-законот за академија за судии и јавни обвинители, по скратена постапка.

притисни ентер