Здружението на кошаркари на Македонија бара победниците да се решаваат на теренот - Канал 5

Здружението на кошаркари на Македонија бара победниците да се решаваат на теренот

Здружението на кошаркарски играчи на Македонија, по повод ново настаната состојба во мак-баскетот преку соопштение се обрати до јавноста со апел проблемите што поскоро да се надминат во интерес на спортот во државата.

Здружението на кошаркари на Македонија бара победниците да се решаваат на теренот
Во соопштението на македонските кошаркари стои:

- Сакаме да и се обратиме на целокупната спортска и поширока јавност и да го изнесеме нашиот заеднички став. Ова е став на сите македонски играчи од сите клубови кои учествуваат во Суперлигата, без исклучок.

Свесни сме дека нашите интереси, како играчи, се подредени на интересите на Клубовите во кои настапуваме и нивните Спонзори и тоа го почитуваме.

Најпрво сакаме јавно да им се заблагодариме и на Општините и на приватните компании за нивните огромни напори да обезбедат соодветни буџети за квалитетна кошарка, можеби во просек на квалитет по екипа, и најквалитетна клупска кошарка во целиот регион, а со сигурност најизедначена и најнеизвесна. Квалитетот на нашата клупска кошарка оваа година кулминира. Никогаш до сега немало шест рамноправни екипи со еднакви шанси да се борат за титулите, никогаш немало првенство во кое не може да се прогнозира ниту еден резултат, никогаш немало првенство во кое играле толку многу квалитетни играчи и домашни и странски. Затоа и никогаш претходно не биле толку посетени кошаркарските натпревари.

Но, не можеме да разбереме и прифатиме кога интересите се спротивни од основниот интерес кои сите нас не обединува и навивачите и играчите и тренерите и управите и спонзорите - СПОРТСКИОТ ИНТЕРЕС – СПОРТОТ во вистинска смисла на зборот, спорт кој единствено се игра на СПОРТСКИОТ ТЕРЕН, во СПОРТСКА БОРБА за извојување на СПОРТСКА ПОБЕДА, која единствено има вредност доколку е остварена на спортските терени. Не веруваме дека има спортист кој може да се радува на победа која не е извојувана на спортскиот терен.

Ние сме играчи и не сме компетентни да ги толкуваме Пропозициите и Правилниците и останатите акти на федерацијата. Како играчи само можеме од срце да апелираме и да ги замолиме сите инволвирани страни, што е можно побрзо да најдат начин да се разреши оваа ситуација. Убедени сме дека постои решение, но единствено ако спортскиот интерес се стави пред било кој друг интерес. Во спротивно, сите ќе бидеме губитници, а најмногу македонската кошарка.

СПОРТОТ СИТЕ НЕ ОБЕДИНУВА - СПОРСКИТЕ ПОБЕДИ ЕДИНСТВЕНО СЕ ИЗВОЈУВААТ НА ТЕРЕН!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

30-годишен шпански фудбалер почина по ужасен прекршок

Шпанскиот фудбалер Хесус де Мигел Аламеда (30) починал денес, по тешка повреда здобиена за време на натпревар во шпанската втора лига помеѓу Тенерифе и Андора. 

30-годишен шпански фудбалер почина по ужасен прекршок

Тажната вест ја соопшти неговиот клуб, Тенерифе, потврдувајќи дека напаѓачот починал во 8:00 часот наутро по локално време.

„Скршени од тага, со стегнати грла и не можејќи да поверуваме дека ова е вистина, ЦД Тенерифе ја објавува трагичната вест дека Хесус де Мигел Аламеда починаво вторник, 3 ноември 2026 година, во 8:00 часот наутро. Не постојат зборови за утеха, нема апсолутно ништо што може да ја ублажи оваа огромна тага. Стоиме покрај неговото скршено семејство, неговите блиски и сите навивачи на Тенерифе, кои денес тагуваат поради овој суров исход. Семејството на Хесус де Мигел изразува благодарност за секој гест на поддршка, а истовремено упатува и искрена молба за максимално почитување на нивната приватност во овие ужасни моменти“, соопштија од Тенерифе.

Трагедијата се случила по натпреварот помеѓу Тенерифе и Андора, одигран во понеделникот на стадионот „Хелиодоро Родригез Лопез“.

Во судиското надополнување, при нерешен резултат 2–2, Де Мигел тргнал кон топката, обидувајќи се да организира контранапад за домашниот тим. Голманот на Андора, Хесус Овоно, истрча далеку од својот гол за да ја пресече акцијата, при што дојде до судир со напаѓачот на Тенерифе.

Во обидот да интервенира, Овоно несреќно со нога силно го удри Де Мигел во глава играчот падна на теренот и ја изгуби свеста.

Фудбалерите од двете екипи веднаш побараа лекарска помош, а глетката на теренот предизвика голема загриженост и кај играчите и кај гледачите.

Медицинскиот тим му пружи помош на Де Мигел на самиот терен, по што тој беше изнесен на носила и внесен во возило на брза помош. Според извештаите на шпанските медиуми, фудбалерот доживеал срцев удар, но медицинскиот персонал успеал да го реанимира. Натпреварот беше прекинат и не продолжи. Поради прекршокот, на Овоно му беше покажан директен црвен картон.

Де Мигел беше примен на одделението за интензивна нега во Универзитетската болница „Нуестра Сењора де Канделарија“ во Санта Круз, Тенерифе.

Во понеделникот вечерта, клубот соопшти дека неговата состојба е стабилна, но сепак сериозна. Сепак, во текот на ноќта неговата состојба се влошила. Во раните утрински часови денес од Тенерифе известија дека невролошката состојба на фудбалерот се влошила. Неколку часа подоцна, клубот ја објави трагичната вест за неговата смрт.

Де Мигел е роден во Мадрид, а во Тенерифе пристигна во летото 2025 година од Кастељон. Претходно настапуваше за неколку шпански клубови, при што особено се истакна за време на престојот во Кастељон, каде што му помогна на тимот да избори пласман во втората шпанска лига. Во Тенерифе пристигна како клучно засилување во нападот и набрзо стана еден од најистакнатите играчи во тимот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓоковиќ за промената на власта: Секогаш сум го претставувал својот народ, а не Владата

Најтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот, Новак Ѓоковиќ зборуваше за политичките промени во  неговата земја на прес-конференција пред почетокот на Мастерсот во Париз.

Ѓоковиќ за промената на власта: Секогаш сум го претставувал својот народ, а не Владата

Ноле истакна дека во текот на својата кариера го претставувал својот народ и изрази надеж дека неговата земја ја очекува подобра иднина.

Повод за тоа било прашање од новинар кој претходната недела престојувал во Србија. Тој го пренесол впечатокот дека никогаш нема видено толку многу среќни луѓе, но и ставовите на соговорниците кои сметаат дека Ѓоковиќ претходно бил изложен на неправедни критики и обиди за дискредитација од страна на државниот врв.

Новинарот се интересирал како тој се справува со еден таков однос, особено со оглед на успехот што ѝ го посвети на Србија и патриотизмот што го истакнуваше.

Ѓоковиќ одлучи одговорот да го насочи кон иднината.

– Нема да зборувам за минатото, ниту пак ќе го коментирам. Минатото е минато и се надевам дека ова е нов почеток за нашата земја. Да, јас сум патриот, но секогаш сум го претставувал својот народ, а не Владата. Тука постои голема разлика. Среќен сум поради овие промени и се надевам дека нашата земја ќе напредува и ќе има добра иднина – рече Ѓоковиќ.

Во продолжение на конференцијата, фокусот се префрлил на неговите спортски амбиции.

Ѓоковиќ беше прашан за неговиот пристап кон натпреварувањата и за мотивацијата за настапи надвор од четирите најголеми турнири. По „Ју-Ес Опен“, тој почесто излегуваше на теренот, па новинарите се заинтересираа дали ги променил своите приоритети. Неговиот одговор покажа дека грен слем турнирите сè уште заземаат посебно место во неговите планови.

– Грен слем турнирите, се разбира, сè уште се најважните турнири што ги имаме. За мене, а верувам и за 99 отсто од играчите. Тоа се историските столбови на нашиот спорт, турнири на кои сакате да го прикажете својот најдобар тенис и да го запишете своето име во историјата. Сè уште сакам да го дадам својот максимум на грен слем турнирите, но, секако, би сакал да играм добро и на другите турнири – изјави Ѓоковиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Комунална хигиена-Скопје-Во текот на месецот октомври се подигнати и транспортирани 14 000 тони комунален отпад

Во текот на месецот октомври, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 14 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.

ЈП Комунална хигиена-Скопје-Во текот на месецот октомври се подигнати и транспортирани 14 000 тони комунален отпад

Во истиот период, од јавни и сообраќајни површини се отстранети и 950 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад. Најголемо количество отпад од диви депонии -200 кубни метри- е подигнато во општината Чаир.

Во текот на минатиот месец, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачила 83 едукативно-информативни записници на приватни лица и претставници на стопански субјекти што биле затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 47, се врачени на територијата на скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје преку рачно и машинско метење и миење секојдневно ја одржува јавната хигиена на скопските булевари и улици, како и плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев", и „Слобода" и целокупниот простор на Старата скопска чаршија.

Вработените во администрацијата на ЈП Комунална хигиена-Скопје, во текот на месецот октомври земаа учество и во масовната еколошка акција „Не оставај ѓубре, остави пример“, организирана од Градот Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер