Здружение на социјални работници на град Скопје отвори линија за помош за зависности од игри на среќа

Доколку почувстувате дека имате проблем со зависност од спортско обложување и останати игри на среќа или имате близок за кој верувате дека има таков проблем, веднаш контактирајте ги стручните лица .

Здружение на социјални работници на град Скопје во рамки на активностите „Не се клади со животот", повикува сите кои имаат проблем со зависност од спортско обложување и останати игри на среќа да контактираат стручни лица преку линија за помош.

– Доколку почувстувате дека имате проблем со зависност од спортско обложување и останати игри на среќа или имате близок за кој верувате дека има таков проблем, веднаш контактирајте ги стручните лица преку линијата за помош 072 809 809, се наведува во соопштението на Здружението на социјални работници.

Натаму, Здружението наведува дека пандемијата на корона вирусот комплетно ја промени сликата за нормалното. Влијанието од овој опасен вирус се почувствува во сите сфери од животот, а економијата допрва ќе ги брои „жртвите". Покрај угостителскиот и туристичкиот сектор, погодени се речиси сите компании, а меѓу нив и големите корпорации кои се занимаваат со игри на среќа и спортско обложување.

По првиот бран на заразени од корона вирусот, владите на сите држави во светот одговорија со конкретни мерки кои го променија начинот на живот на граѓаните. Како и повеќето развиени земји и С.Македонија рано започна со рестрикции и ограничување на движењето на граѓаните, наведуваат од Здружението.

Германското првенство во фудбал направи пауза од речиси два месеци и прв се обидува да ја врати нормалата во спортот. Но во мултимилијонската индустрија на спортско обложување недостатокот на натпревари и затворањето на уплатувачките места остави простор за импровизации и иновации со цел да се одржи каков-таков баланс меѓу потребата на граѓаните од обложување и игри на среќа и недостаток од натпревари на кои би се обложувале.

За компаниите кои приредуваат игри на среќа и кои се соочуваат со загуби на големите пазари, одговорот беше јасен: На клиенти треба да им се понудат виртуелни спортови, како и електронски слот машини, бинго, покер и останати игри од казино.

А, за оние кои се борат да го контролираат својот проблем со компулсивно играње игри на среќа, сегашната клима би можела да биде погубна.

„Мислам дека сега е совршена бура за нас", вели А. М., зависник од игри на среќа во

закрепнување.

– За луѓето кои вообичаено не играат игри на среќа, може да гледаат на истите како

пополнување на времето, но има голем број луѓе кои негативно ќе бидат погодени од оваа нова ситуација во светот и во Македонија, а рекламирањето на игри на среќа создава погрешно верување дека игрите на среќа се брз начин за заработка, потенцира Славица Шекуткоска, социјален работник од Здружението на социјални работници на град Скопје и координатор на проектот „Не се клади со животот".

Таа вели дека постои реална опасност, оние т.н. обични клиенти да ги заменат спортските обложувалници со виртуелни игри во казино и виртуелни спортови, кои не само што се немилосрдни, туку се и неограничени и немаат никаква врска со спортот.

– Мојата грижа е што луѓето не ја разбираат природата на зависност од овие производи, не разбираат дека мал обичен облог на нив може да доведе до проблем или зависност, вели Шектукоска за проблемот кој го предизвикува корона вирусот врз индустријата за спортско обложување игри на среќа.

Здружението како примери наведува дека белгиските обложувалници неодамна објавија лимит на депозит од 500 евра неделно за локалните приредувачи на игри на среќа и обложување. Шпанската влада воведе ограничување на рекламирањето на игри на среќа во четиричасовен прозорец помеѓу 1 и 5 часот наутро, а Летонија забрани играње игри на среќа преку интернет сè додека не се укинат ограничувањата на коронавирусот.

Сепак, ова се исклучоци, повеќето земји имаат минимални промени, ако воопшто ги има.

Во земјава, наведуваат тие, нема дополнителни одлуки или ограничувања кога се работи за виртуелно обложување и игри на среќа. Асоцијацијата на спортски обложувалници неодамна достави предлог до Министерството за финансии, во кое бараат министерството по задолжение на Владата, да најде начин како да спречи противзаконското учество на македонските граѓани во странски игри на среќа и како да се следат паричните приливи на граѓаните, стекнати по овој основ.

Иако е тешко да се обезбеди директна статистика, влијанието на зависноста од игри на среќа е огромно, проблемите со менталното здравје, самоубиствата и банкрот се вообичаени кај оние кои развиваат проблем со игри на среќа. Многумина се фрустрирани од отсуството на спортот, но постои и значителен број на луѓе за кои неговото отсуство би можело да остави далеку посериозни последици.

– Според Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија, на годишно ниво за

виртуелно обложување кај странските приредувачи на вирутелно обложување и игри на среќа, македонските граѓани трошат околу 40-50 милиони евра! А ако на тоа се додадат и локалните „домашни" виртуелни казина и обложувалници тогаш бројката е навистина загрижувачка, наведува Здружението на социјални работници на град Скопје.

Уапсен е уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва, во кој загинаа 145 луѓе

Уште едно лице е уапсено во врска со терористичкиот напад на салата Крокус во Москва на 22 март, изјави денеска портпаролот на полицијата за Тас.

„Уапсен е уште еден потенцијален осомничен во случајот со терористичкиот напад на Крокус. Инспекторите ја истражуваат неговата улога во тој напад“, изјави претставник на полицијата.

Според РБЦ, полицијата го уапсила таџикистанскиот државјанин Џумохон Курбонов.

Досега во врска со случајот се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица извршители на нападот.

Според последните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинале 145 лица.

Битиќи:На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби,за сплотена и силна Македонија

„Грешките во владеењето можеме да ги поправиме, но поделбите во општеството нема да ги залечиме доколку на 8-ми мај не се спротивставиме на политиките  на раздорот, на национализмот, на сеењето страв.“

Социјалдемократскиот сојуз е единстваната обединувачка политичка партија за силна и сплотена Македонија – земја и европски дом во кој ќе има место за секого, независно од неговата етничка, религиозна, културна, политичка или социјална припадност“, порача на денешните средби со жителите на Топаана и Шуто Оризари, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Тој порача дека резултатите од првиот круг на претседателските избори не треба да се прифатат со малодушност ниту пак да се обесхрабрувачки, туку треба да се перцепираат како предизвик кој во себе носи можност за сплотување на сите прогресивни сили во државата за двојните избори на 8-ми мај.

„Со нашата предизборна програма нудиме повеќе од економски раст и развој, повеќе од повисоки плати и пензии, многу повеќе од европски животен стандард, ние нудиме иднина во која секој граѓанин ќе биде прифатен, почитуван, градиме земја во која ќе владее дијалогот, меѓусебното разбирање, а не раздорот. Затоа на 8-ми мај, победата на СДСМ и коалицијата ќе значи пораз на стравот од различностите, на поделбите. Ќе зачекориме кон заедничка и споделена европска иднина“, порача Битиќи.

Зборувајќи за концептот на едно општество за сите, како суштинска политичка вредност на СДСМ, тој ја нагласи потребата граѓаните да го отфрлат национализмот како свој политички избор, затоа што тој е наметнат избор.

„Ве повикувам заеднички да го отфрлиме национализмот кој е надвиснат над Македонија, да кажеме НЕ на ксенофобијата, да се ослободиме од стравовите и да го прифатиме единството, единството во различностите бидејќи таму лежи нашата сила. Верувам во вас, во граѓаните, верувам дека тоа ќе го препознаете, дека ќе ги отфрлите политиките кои ви се наметнуваат од елити кои немаат што да ви понудат освен да ве туркаат кон минатото и поделбите“, рече Битиќи и порача дека Македонија не е само ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е многу повеќе, таа е на сите, на Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Бошњаци, Власи.

„Нашата сакана земја е на сите нас кои се бориме за европска држава, а кои сме повеќе, многу повеќе од тие што се прикажуваат како победници во првиот круг на претседателските избори. Затоа нема откажување, заеднички, едни покрај други, рамо до рамо, сите различни, продолжуваме и победуваме на 8-ми мај“, порача Битиќи, се наведува во партиското соопштение.

Петровска: 1198 т.н. проекти на ВМРО-ДПМНЕ значат само бројки

„ Bараат промени за да не' вратат назад, кога добиваа наредби од еден центар на моќ и граѓаните освен што гледаа скапо платени реклами, не добиваа ништо. “

Ќе ставиме акцент на прашањата за кои граѓаните сме воочиле дека чувствуваат слабост кај нас. Можеби гласачите што гласале во првиот круг за Османи, Таравари или Димитриевски во вториот круг нема да бидат мотивирани да гласаат, од тука не би прифатила дефиниција за префрлање гласовии. Со оглед на пристапот што и до сега го имаше Претседателот Пендаровски го имаше изминатите пет години и неделбата на граѓаните по социјална или верска основа, можеби ќе му донесе и повеќе гласови во втор круг, а со тоа можен е пресврт. Се што нудат од 1198 т.н. проекти на ВМРО-ДПМНЕ значат само бројки, а бараат промени за да не' вратат назад, кога добиваа наредби од еден центар на моќ и граѓаните освен што гледаа скапо платени реклами, не добиваа ништо. Клучните проблеми на граѓаните не ги решаваа, и сега ја извртуваат тезата сакајќи да играат на картата на патриотизам и непотребно го билдаа, а кај нив знаеме дека е лажен. Прво повикуваа на обединување само на Македонските партии, а потоа кога сфатија дека им е погрешна стратегијата, ја променија, рече Славјанка Петровска носител на листа во ИЕ6 во вечерашната Само Вистина.

притисни ентер