Здраво Македонијо - 27.05.2026 - Жаклина Мучева Меморијален центар на холокаустот на Евреите - Канал 5

Здраво Македонијо - 27.05.2026 - Жаклина Мучева Меморијален центар на холокаустот на Евреите

Здраво Македонијо - 27.05.2026 -  Жаклина Мучева   Меморијален центар на холокаустот на Евреите
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европската комисија даде соопштение за системот EES: Најавени се промени поради застојот на границите.

Портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламер, денес на редовната прес-конференција изјави дека Комисијата воведува дополнителна флексибилност и поддршка за членките на ЕУ во спроведувањето на системот EES .

Европската комисија даде соопштение за системот EES: Најавени се промени поради застојот на границите.

Портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламер, денес на редовната прес-конференција изјави дека Комисијата воведува дополнителна флексибилност и поддршка за членките на ЕУ во спроведувањето на системот EES со цел да се ублажат, како што изјави, привремените застои на границите.

Ламер, исто така, изјави дека ЕУ веќе работи со земјите-членки за решавање на оперативните проблеми, вклучително и недостатокот на персонал и потребата од повеќе техничка опрема на граничните премини.

Според него, придобивките од воведувањето на системот EES се веќе видливи.

„Имаме нов систем што ни помага да ги идентификуваме биометриските податоци и да ги вкрстиме. Ова не беше можно со претходниот систем, кога се користеа печати. ​​А сега, за само неколку месеци, веќе имаме 1.000 лица идентификувани како безбедносни ризици, кои како резултат на тоа не влегле во ЕУ. Сепак, секако внимателно следиме како новиот систем функционира во пракса и вложуваме максимални напори за да го ограничиме влијанието врз патниците кои доаѓаат од земји надвор од ЕУ“, рече тој.

Ламер ги отфрли наводите на новинарите дека новиот систем систематски го продолжува времето на чекање за патниците и создава проблеми и за граѓаните на ЕУ, нагласувајќи дека многу проблеми на границите постојат независно од примената на EES, додека во исто време рече дека тоа носи значајни придобивки за безбедноста на граѓаните на ЕУ.

Во случаи на пренатрупаност, националните власти имаат овластување привремено да ја суспендираат дополнителната биометриска регистрација на лице место, како што се фотографирање и земање отпечатоци од прсти, но со задолжителна имплементација на стандардни гранични контроли, забележува Ламер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Итно соопштение од Белгија поради скандалот на ФИФА-што ќе правиме со правилата?

Итно соопштение од Белгија поради скандалот на ФИФА: Американецот за малку ќе му ја скршеше ногата на Тарик Мухаремовиќ – што ќе правиме со правилата? .

Итно соопштение од Белгија поради скандалот на ФИФА-што ќе правиме со правилата?

Белгијците веднаш реагираа на одлуката на ФИФА да го поништи црвениот картон на Фоларин Балогун.

Кралската белгиска фудбалска асоцијација е запрепастена од одлуката на ФИФА да му дозволи на суспендираниот американски репрезентативец Фоларин Балогун да игра на натпреварот САД-Белгија во понеделник во Сиетл.

Додека во Америка се радуваат на водството на Доналд Трамп и додека ФИФА се повикува на член 27 од Дисциплинските правила (според кој ја смени казната за суспензија во условна казна од една година), Белгијците потсетуваат што е напишано и во споменатите правила.

„Член 66.4 од истите Дисциплински правила на ФИФА јасно наведува дека црвениот картон (исклучување) автоматски носи суспензија од следниот натпревар на таа репрезентација, како што беше случај со сите претходни црвени картони прикажани на ова Светско првенство“, објави белгиската федерација.

Балогун доби црвен картон поради брутален фаул врз репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Тарик Мухаремовиќ. Сепак, ова нема да го спречи веднаш да биде на теренот на следниот натпревар, поради што во Белгија се исклучително лути.

„Без оглед на сето погоре наведено, оваа одлука директно е во спротивност со одредбите од Правилата за натпреварување на Светското првенство во фудбал 2026, што е предвидено во член 10.5. Во него се вели дека ако играч или член на тренерскиот персонал на тимот е исклучен со директен или индиректен црвен картон (втор жолт), автоматски ќе биде суспендиран од следниот натпревар на тој тим. Покрај тоа, може да се изречат и други казни“, објавија Белгијците.

Од Белгија, потсетија дека „автоматичноста“ на суспензијата од еден натпревар беше потврдена и во циркуларното писмо на ФИФА, кое беше испратено до сите тимови што учествуваат на Светското првенство на 12 мај. Истото правило е наведено на секој состанок на делегациите и претставниците на тимовите пред кој било натпревар од Светското првенство. Покрај тоа, беше презентирано на сите работилници на ФИФА пред Светското првенство во фудбал 2026.

„Со цел да се заштитат легитимните права на сите национални тимови учеснички и да се зачуваат основните принципи на фер-плеј во нашиот спорт, како на ова Светско првенство во ФИФА, така и на идните изданија на турнирот, Кралската белгиска фудбалска асоцијација (RBFA) ги разгледува сите достапни опции“, се заклучува во соопштението.

Белгијците очигледно нема да се помират со оваа скандалозна одлука, но немаат многу време, а веројатно ниту можност да преземат нешто, имајќи го предвид влијанието и моќта на Соединетите Држави – организаторот на Светското првенство.

Натпреварот меѓу САД и Белгија ќе се одигра во вторник, во 2 часот наутро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одржана надзорна расправа за примената на Законот за употреба на македонскиот јазик

Комисијата за култура и туризам денеска во Собранието одржа надзорна расправа на тема „Нефункционална и недоследна примена на одредбите од Законот за употреба на македонскиот јазик“, посветена на согледување на предизвиците во спроведувањето на зако.

Одржана надзорна расправа за примената на Законот за употреба на македонскиот јазик

Комисијата за култура и туризам денеска во Собранието одржа надзорна расправа на тема „Нефункционална и недоследна примена на одредбите од Законот за употреба на македонскиот јазик“, посветена на согледување на предизвиците во спроведувањето на законот и можностите за негово поефикасно применување.

На надзорната расправата, покрај претседателката, членовите и заменик-членовите на Комисијата, учествуваа и пратеници, како и претставници на институции, академската заедница и стручната јавност. Свои излагања имаа министерот за култура и туризам Зоран Љутков, директорката на Инспекторатот за македонски јазик Менче Андреева, поранешната претседателка на Советот за македонски јазик Симона Груевска-Маџоска, претседателката на Здружението на лектори Елизабета Бандиловска, директорот на НУ „Национален конзерваторски центар“ Александар Јорданоски, деканката на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип Луси Каранфиловска-Чочоровска и вонредниот професор на Студиската програма за македонски јазик и литература при Универзитетот во Тетово Михајло Марковиќ.

Отворајќи ја расправата, претседателката на Комисијата, Саранда Имери Фетаи, истакна дека надзорните расправи претставуваат значаен механизам за остварување на парламентарниот надзор над извршната власт, овозможувајќи оценка на практичната примена на законите и согледување на потребата од нивно унапредување.

Во своето обраќање, министерот за култура и туризам Зоран Љутков нагласи дека македонскиот јазик не е само административна обврска, туку темел на културниот и државниот континуитет, столб на националниот идентитет и суштински елемент на уставниот поредок. Тој се осврна на спроведувањето на Законот за употреба на македонскиот јазик, јазичната политика, подготовката на Националната стратегија за македонскиот јазик, развојот на лекторската дејност и меѓународните лекторати, а одговори и на прашањата на пратениците поврзани со формирањето и функционирањето на Инспекторатот за македонски јазик.

Понатаму во текот на расправата исказ даде и директорката на Инспекторатот за македонски јазик, Менче Андреева, која информираше дека Инспекторатот за употребата на македонскиот стандарден јазик започна со работа како орган во состав на Министерството за култура и туризам, со систематизирани и прецизно дефинирани работни места. Понатаму даде образложение и им одговори на прашањата на пратениците во врска со формирањето и функционирањето на Инспекторатот, за Стратешкиот план на Инспекторатот за периодот 2025 – 2027 година; Годишниот план за работа на Инспекторатот за 2025 година; Годишниот извештај и Годишен план за работа на Инспекторатот за 2026 година.

Поранешната претседателка на Советот за македонски јазик, Симона Груевска-Маџоска, говореше за улогата на Советот како советодавно тело во креирањето на јазичната политика и неговото учество во подготовката на Националната стратегија за македонскиот јазик, укажувајќи на ограничените надлежности за непосредно спроведување на промените.

Претседателката на Здружението на лектори, Елизабета Бандиловска, ја нагласи целта на Здружението да биде промотор и заштитник на македонскиот стандардниот јазик во јавната сфера и во врска за исполнување на оваа цел ги нагласи работилниците кои се одржуваат со лекторите на повеќе теми како и напомена дека основното образование е многу битно во зачувањето на македонскиот јазик. Таа побара да се зголеми бројот на лекторите не само во јавните институции туку и во медиумите, и побара да има правно уредување на статусот на лекторите. Таа им одговори на прашањата на пратениците во врска со интересот на младите за проучување на македонскиот јазик и како Законот за македонскиот јазик влијае на нивниот интерес, но исто така, нагласи дека треба да се подобри и начинот на вреднување на лекторите.

Александар Јордановски, директорот на НУ „Национален конзерваторски центар“, ја спомна ратификацијата на Конвенцијата за заштита на нематеријалното наследство, донесена во 2003 во Парис, ратификувана во 2006 година од нашата држава и обврските што произлегуваа од таа конвенција, а се однесуваат и на македонскиот јазик како нематеријално наследство. Исто така се осврна и на мерките и на дигитализацијата за зачувување и заштита на македонскиот јазик како нематеријално културно наследство. Тој ја нагласи и соработката со Националниот центар за вештачка интелигенција „Везилка“ со цел трајна заштита на најголемиот документациски ресурс во врска со културното наследство, и нагласи дека треба да се внимава на говорно-јазичната норма, Правописот на македонскиот јазик и заштитата на македонскиот јазик.

Деканката на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Луси Каранфиловска-Чочоровска, даде преглед на работата на Филолошкиот факултет во Штип и нагласи една од мерките на овој факултет е дека студентите кои се запишани на Македонски јазик и книжевност да бидат ослободени од партиципација за прв циклус студии.

Вонредниот професор на Студиската програма за македонски јазик и литература при Универзитетот во Тетово, Михајло Марковиќ, зборуваше за предизвиците во примената на Законот за употреба на македонскиот јазик во мултиетничка средина, како и за значењето на ефикасното функционирање на Инспекторатот за македонски јазик.

По завршувањето на исказите и дискусијата, претседателката на Комисијата информираше дека надзорната расправа ќе продолжи во наредниот период, за што јавноста и учесниците ќе бидат дополнително известени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер