Здраво Македонијо - 23.06.2026 - д-р Анета Димовска - Канал 5

Здраво Македонијо - 23.06.2026 - д-р Анета Димовска

Здраво Македонијо - 23.06.2026 - д-р Анета Димовска
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Илинден со нов виртуелен водич за промоција на природните и културните богатства

Со реализацијата на овој проект, Општина Илинден уште еднаш ја потврдува својата заложба за примена на современи дигитални технологии во промоцијата на локалните потенцијали, придонесувајќи за поголема туристичка препознатливост 

Општина Илинден со нов виртуелен водич за промоција на природните и културните богатства

Општина Илинден направи значаен чекор во унапредувањето на својата туристичка промоција преку изработка на современ 360° визуелен водич, реализиран во рамките на Договорот за соработка со „Македонија на дланка – Агенција за туризам и маркетинг“, носител на националниот проект „360° Визуелен водич – Македонија на дланка“.

Новата дигитална платформа овозможува интерактивно и реалистично запознавање со природните, културните и јавните содржини на територијата на Општина Илинден. Посетителите имаат можност виртуелно да прошетаат низ населените места и да се запознаат со образовните установи, спортските терени, парковите, верските и културните објекти, како и со други значајни локации во општината.

Визуелниот водич содржи околу 250 интерактивни 360° панорами, снимени од воздух, како и виртуелни прошетки низ повеќе објекти, овозможувајќи им на корисниците уникатно искуство и можност да ја запознаат Општина Илинден од каде било во светот. Во следниот период е предвидено дополнително проширување на содржините со вклучување на нови локации и објекти од сите населени места во општината.

Со реализацијата на овој проект, Општина Илинден уште еднаш ја потврдува својата заложба за примена на современи дигитални технологии во промоцијата на локалните потенцијали, придонесувајќи за поголема туристичка препознатливост и подобра презентација на општината пред пошироката јавност.

Виртуелниот водич е достапен на следниот линк: www.macedoniafromabove.mk/ilinden/.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарија ги блокираше санкциите на ЕУ за рускиот Патријарх Кирил

Европската Унија не успеала да договори санкции за рускиот Патријарх Кирил откако Бугарија ставила вето на предлогот на состанок што се одржал зад затворени врати, изјавија извори за „Јуроњуз“. 

Бугарија ги блокираше санкциите на ЕУ за рускиот Патријарх Кирил

Бугарија се спротивставила и на казнувањето на Вагит Алекперов, руски милијардер со врски со Кремљ и „Лукоил“.

Двете имиња биле тргнати од предлог-листата за санкции на вчерашен вонреден состанок на евроамбасадорите, на кој требало да се постигне конечен договор. Ова, сепак, било очекувано, откако бугарскиот премиер Румен Радев минатиот месец јавно потврди дека ќе стави вето.

„Каква порака испраќаме кога ги прошируваме санкциите и војната во сферата на религијата? Дали сфаќаме каде води ова?“, рекол Радев, според неколкумина дипломати.

Кирил беше обвинет за ширење ревизионистичка пропаганда за да ја оправда војната во Украина. Под негово водство, Руската православна црква одобри документ кој повикува на уништување на украинската независност и ја опишува инвазијата како света војна.

ЕУ првпат се обиде да го стави Кирил на црната листа во 2022 година, но ова беше блокирано од Унгарија.

„Ерата на крстоносните војни заврши. Не ме интересира рускиот патријарх како поединец. Ме интересира фактот дека тој е шеф на Руската православна црква, која е источноправославна, исто како и нашата црква. Загрижен сум за милионите луѓе кои припаѓаат на таа црква“, кажал Радев.

За ветото на санкциите за Алекперов, Радев рекол дека „тоа би било како да си пукаме во нога“, откако „Лукоил“ побара отштета од три милијарди евра поради одлуката на бугарската влада за преземање на рафинеријата „Нефтохим“ во Бургас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Наркодилерот Цуната е пуштен да избега, СДСМ бара одговорност од Тошковски

Наркодилерот Цуната, којшто се поврзува и со Пулс, инаку близок до ВМРО и Миле Лефков, вчера му отворија прозор во полициска станица а денеска му ја кренаа рампата на граница да избега. 

СДСМ: Наркодилерот Цуната е пуштен да избега, СДСМ бара одговорност од Тошковски

Исто сценарио на ВМРО, веќе видено неколкупати.

Сега откако го пуштија, МВР распишало потерница, каков блам, каков театар.

Затоа Панче Тошковски не се менува, за да ги штити криминалците на власта.

Ова не е обичен пропуст туку сериозен безбедносен скандал што отвора сомнежи за сериозни злоупотреби и ја потврдува спрегата на ВМРО со криминални структури.

СДСМ бара одговорност и оставка од Тошковски па до сите инволвирани во овој скандал.

Истиот Тошковски во чиј мандат поминаа пет тони дрога преку македонската граница без одговорност. Истиот Тошковски кој ветуваше „брат да ми е, ќе одговара“, а денес наркодилери бегаат од полициски станици и намерно се пуштаат преку граница за никој од власта да не одговара.

Панче – оставка!

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер