Герасимовски: 24 лични асистенти во училиштата во Центар, платата покачена од 15.000 на 18.000 денари
1Герасимовски: 24 лични асистенти во училиштата во Центар, платата покачена од 15.000 на 18.000 денари
МетеоУтре променливо облачно со врнежи од дождВремето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд (над 15l/m2), грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе достигнува брзина од 40 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 26 степени. Утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 l/m²), проследени со грмежи и засилен северен ветер (над 40 km/h). Дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа следува период на сончево време со мала до умерена облачност. Во вторник и четврток наместа ќе има услови за врнежи од дожд.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: 24 лични асистенти во училиштата во Центар, платата покачена од 15.000 на 18.000 денариОпштина Центар ангажира 24 лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамки на проектот „Образование за сите“. Од оваа година, месечниот надоместок за нивниот ангажман се зголемува од 15.000 на 18.000 денари.Личните асистенти работат 20 часа неделно и им помагаат на учениците полесно да се приспособат на училишната средина и да учествуваат во образовниот процес. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, посочи дека инклузивното образование не смее да остане само на декларативни заложби, туку мора да се поткрепи со конкретна поддршка за децата на кои им е потребна. Тој нагласи дека, додека Министерството за образование се соочува со проблемот со недостигот од образовни асистенти, Центар продолжува самостојно, од сопствен буџет да вложува средства и обезбедува поддршка за учениците. „Не е доволно власта да зборува за инклузивно образование ако на терен сè уште има недостиг од стручни лица во оваа област Поддршката мора да биде реална, достапна и континуирана. Ние сме единствена општина што самостојно, од сопствениот буџет, го спроведува проектот „Образование за сите“. Не чекаме проблемите да се решат сами, туку преземаме конкретни чекори за учениците да ја добијат потребната поддршка. Годинава го зголемуваме и надоместокот за личните асистенти затоа што го цениме нивниот ангажман и значењето што го имаат за децата, родителите и наставниците“, порача Герасимовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРуските бродови пристигнаа: Велика Британија во шок Руски рибарски бродови поминале повеќе од 500 пати преку или долж трасите на подводните комуникациски кабли што ја поврзуваат Велика Британија со Европа и САД, што би можело да укажува на обиди за мапирање на нивната точна локација, пишува „Телеграф.Британскиот весник наведе дека, врз основа на анализа на податоци собрани во текот на четири и пол години, биле идентификувани 17 бродови кои подолго време пловеле со мала брзина во близина на планираните траси за поставување кабли. Според весникот, некои од бродовите повторувале маневри над важни телекомуникациски врски во Северниот Атлантик. Извор од НАТО за „Телеграф“ потврди дека Алијансата е свесна за движењата на руските цивилни рибарски бродови, додека поморски експерти истакнаа дека пловилата што се движат со мала брзина можат да користат сонар за мапирање на морското дно, како и подводни возила за испитување на инфраструктурата. Британските власти предупредуваат на ризикот од напади врз подводните кабли, од кои зависат комуникациите и значителен дел од економската активност на земјата. Командантот на Кралската морнарица, Гвин Џенкинс, предупреди дека Русија би можела да ги нападне британските подводни комуникациски кабли уште првиот ден од евентуален судир со НАТО. Британската влада најави предлози за заострување на законот што се однесува на намерно оштетување на подводната инфраструктура, вклучително и зголемување на максималната затворска казна од пет на 14 години, при што се разгледува и можноста за воведување доживотен затвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процесДенеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес, посветен на европската интеграција на Западен Балкан, објави на совјот профил на фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. Во фокусот се европската перспектива на регионот, реформите и заедничките предизвици на патот кон Европската Унија, со очекување за конкретни резултати и силна поддршка за европската иднина на Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00