3Избрани петте книги во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за 2026 година
Веб ТВЗдраво Македонијо - 10.06.2026 - дел 1Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС се сети на младите кога е во длабока опозицијаСДС да не ги потценува младите и да не се обидува повторно да им продава бајки.СДС повторно продава илузии како во минатото со предизборните бајки за младите, истите оние млади кои токму за време на нивното владеење масовно ја напуштаа Македонија во потрага по подобар живот. По седум години власт, СДС нема кредибилитет да зборува за младински политики. Ако навистина знаеле како да ги задржат младите, зошто десетици илјади си заминаа токму во периодот кога тие ја водеа државата? Зошто тогаш немаше 30.000 евра грантови, помош за студентите, евтини кредити и гарантирани работни места? Граѓаните знаат дека СДС секогаш ветува сѐ, а кога е на власт заборава на ветувањата. Денес ветуваат по 30.000 евра за бизнис, утре ќе ветат и по 50.000 евра, но младите бараат реални политики, а не маркетиншки кампањи и празни слогани. Младите си заминаа поради корупција, партизација, ниски плати и изгубена перспектива, проблеми кои токму СДС ги продлабочи додека беше на власт. Разликата е јасна. СДС нуди брошури со неостварливи ветувања, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на отворање нови работни места, привлекување инвестиции, економски раст и создавање услови младите да ја гледаат својата иднина дома. На Македонија не ѝ требаат нови шарени лаги. На младите им треба сигурност, перспектива и држава која создава можности преку работа и резултати, а не бајки и фантазии на СДС. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураДина Дума ја освои Nora Ephron Award: Tribeca ја препозна како силен женски авторски гласДина Дума е првата македонска режисерка што ја добива Nora Ephron Award на Tribeca Festival.Режисерката Дина Дума ја освои Nora Ephron Award на Tribeca Festival во Њујорк за својот втор долгометражен филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“, кој ја имаше својата светска премиера во рамки на фестивалот. Nora Ephron Award е специјално признание што се доделува на исклучителна жена филмска авторка која го претставува духот и визијата на легендарната американска сценаристка, режисерка и писателка Нора Ефрон. Со ова признание, Tribeca ја препозна Дина Дума како силен женски авторски глас на меѓународната филмска сцена. Во образложението на жирито се истакнува дека Нора Ефрон претставува пример за тоа како јасен женски авторски глас во патријархален свет може да отвори врати за многу други. „Делото на Ефрон често го поставуваше прашањето: како жените преживуваат во непријателски свет? Нашиот избор за добитничка на оваа награда одговара на тоа прашање на многу начини“, се наведува во одлуката на жирито. Жирито го опиша филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ како лирски и политички, допирлив и автентичен, трогателен и топол, а истовремено проткаен со радост и хумор. Во образложението дополнително се истакнува дека, давајќи им глас на оние кои најчесто остануваат без глас, Дина Дума ја воведува публиката во посебно, длабоко човечко искуство, преку конкретни ликови кои ја слават солидарноста и семејството. „Скејтбордингот не е за девојчиња“ беше дел од International Narrative Competition, главната меѓународна натпреварувачка програма на Tribeca Festival. „Скејтбордингот не е за девојчиња“ е во продукција на „Сестри и брат Митевски“, со продуцентка Лабина Митевска, по сценарио на Дина Дума, Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска. Во главните улоги се Ефќар Абаз, Симонида Селимовиќ, Џефрина Јашари и Ганимет Абдула. Филмот е копродукција меѓу Северна Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска, со поддршка од Агенцијата за филм на Македонија, Eurimages, Creative Europe MEDIA и фондови од земјите копродуценти. Со Nora Ephron Award, Дина Дума добива едно од значајните специјални признанија на Tribeca Festival, кое го истакнува значењето на женската авторска перспектива, храброста да се раскажуваат комплексни приказни и силата на филмот да отвори простор за гласови кои ретко добиваат видливост на големата сцена. Наградата има и паричен фонд од 25.000 долари, како директна поддршка за понатамошниот авторски развој и за создавање нови филмски проекти.Тагови: Дина Дума Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураИзбрани петте книги во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за 2026 годинаФестивалот ќе започне на 24 јуни 2026 година со традиционалното засадување на дрво во Паркот на поезијата од страна на годинашниот добитник на наградата Златен венец на СВП, Анеке Брасинга од Холандија.На годинешниот конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ 2026 година, организиран од страна на НУМ „Струшки вечери на поезијата“ – Струга, се пријавија 35 автори со вкупно 37 поетски книги објавени меѓу две фестивалски изданија, во период од 01.06.2026 до 01.05.2026 година Комисијата, согласно одредбите на истиот, по завршувањето на предвидените фази за својата работа, на состанокот одржан на 10 јуни го утврди поширок избор од 10 автори: 1. „Меко трње“ од Марија Ангеловска, (Скопје: ПНВ Публикации, 2026), (Скопје: Бегемот, 2026) , 2. „Во куќата“ од Николина Андова Шопова (Скопје: Бегемот, 2026); 3. „Сократовиот разговор во еден случаен свет“ од Даниела Андоновска – Трајковска, (Битола: Перун Артис, 2026); 4. „Длабок простор“ од , Зоран Анчевски, (Скопје: Арс Ламина, 2026); 5. „ДАРУМ est“ од Ирена Бабамова Стојчева (Скопје: Макавеј, 2026); 6. „Времето ќе ја истресе тишината“ од Мане Манушев (Скопје, Антолог, 2026); 7. „Со една четка два зајака“ од Владимир Мартиновски (Скопје: Арс Ламина, 2025); 8. „Ми се чини дека некаде слушнав дете“ од Тони Попов (Охрид: ЗПРКДУ – Креативна верига, 2025); 9. „Првата ноќ и вториот рај“ од Сузана В. Спасовска (Скопје: Слово, 2026); 10. „Болна земја“ од Братислав Ташковски (Скопје: Матица македонска, 2026), Жири-комисијата потоа едногласно ја утврди листата со потесниот избор од 5 поетски книги во конкуренција за наградата (наведени по азбучен ред според презимето на авторот): - „Меко трње“ од Марија Ангеловска (Скопје: ПНВ Публикации, 2026), - „Во куќата“ од Николина Андова Шопова (Скопје: Бегемот, 2026), - „Длабок простор“ од Зоран Анчевски (Скопје: Арс Ламина, 2026), - „Првата ноќ и вториот рај“ од Сузана В. Спасовска (Скопје: Слово, 2026), - „Болна земја“ од Братислав Ташковски (Скопје: Матица македонска, 2026). Жири-комисијата, согласно Правилникот за наградата, продолжува да работи во тајност до донесувањето на конечната одлука. Поетите од потесниот избор ќе имаат свое претставување на одделен настан на фестивалот, пред официјалното соопштување на добитникот, кое ќе биде на 26.06.2026 година, во 12:30 часот. Наградената книга покрај паричната награда добива и објавување на книгата во превод на англиски јазик, промоција и портрет на следното издание на Струшки вечери на поезијата. Фестивалот ќе започне на 24 јуни 2026 година со традиционалното засадување на дрво во Паркот на поезијата од страна на годинашниот добитник на наградата Златен венец на СВП, Анеке Брасинга од Холандија. Официјалното отворање ќе биде вечерта во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга со почеток во 20:30 Годинава Фестивалот ќе се одржи под фестивалското мото „Каде што живее поезијата“, кое е сообразено и со целокупниот визуелен концепт изготвен од креативниот тим на СВП, преку кој се посочува на кревкоста на традицијата и културата, но и за нејзината особеност и трајноста на зборот. За јазикот како куќа на поезијата, за внатрешното и светогледите, за идентитетите и разноликоста. Сето ова е одразено и низ целокупната програма на Струшките вечери на поезијата, кои годинава одбележуваат 65 години од своето постоење. Тагови: Струшките вечери на поезијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook