Украина пред рокот бара милијарди евра- повеќе членки на ЕУ ја поддржуваат - Канал 5

Украина пред рокот бара милијарди евра- повеќе членки на ЕУ ја поддржуваат

Значителен број земји-членки на Европската Унија ја поддржуваат идејата за рано исплаќање на средствата од заемот на ЕУ наменет за воените напори на Украина. 

Украина пред рокот бара милијарди евра- повеќе членки на ЕУ ја поддржуваат

Ова го изјави ирската министерка за одбрана Хелен Мекенти, по состанокот со колегите од Унијата, пишува Ројтерс.

Во борбата против Русија, која трае веќе пет години, Украина во голема мера се потпира на финансирање од странство. Ова вклучува заем од Европската Унија од 90 милијарди евра, чија исплата беше договорена во текот на 2026 и 2027 година.

Барање на новиот министер

Новиот министер за одбрана на Украина, Јевхени Хмара, им се обрати на министрите на ЕУ преку видео врска за време на неформален состанок во Ирска. Хмара во неделата објави дека ќе побара дел од 45-те милијарди евра, закажани за исплата следната година, да бидат платени порано.

„Од она што го кажа украинскиот министер за одбрана, сосема е јасно дека недостасуваат средства. Затоа верувам дека значителен број земји-членки го поддржаа тоа барање“, изјави Хелен Мекенти на прес-конференција.

Потребен е договор на ниво на ЕУ

Со оглед на тоа што состанокот беше неформален, министрите не можеа да донесат официјални одлуки. Мекенти беше домаќин на состанокот бидејќи Ирска моментално претседава со Советот на Европската Унија. Таа додаде дека владите на земјите-членки и Европската комисија мора да се согласат за какво било предвремено плаќање.

„Очигледно, тоа ќе се дискутира по денешниот состанок, но мислам дека треба да се заложиме колку што е можно повеќе за да се забрза плаќањето.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. 

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Луис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во Мексико

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ферари, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата  на трката за Големата награда на Мексико, трка по која може да се промовира новиот шампион во најбрзиот циркус.  

Луис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во Мексико

Хамилтон, седумкратниот светски шампион кој вози за Ферари, беше најбрз, пред Џорџ Расел во Мерцедес и својот тимски колега Шарл Леклер во квалицфикациите пред Гран прито во Мексико.

Макс Верстапен е четврти, додека лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, заврши на петтото место, пред Ландо Норис.

Трката во Мексико е на програмата во недела во 21:00 часот во европско време, а се очекува дваесетгодишниот Италијанец токму во Мексико да ја потврди титулата.

Тој беше блиску до премиерната титула уште минатиот викенд, но сега е навистина тешко да се замисли сценарио во кое тој нема да ја заврши работата.

Антонели не зависи од никого. Доколку заврши на едно од првите девет места, ќе ја обезбеди титулата.

Дури и ако не освои ниту еден бод, сепак може да стане шампион, под услов Расел и Хамилтон да не остварат добар резултат.

До крајот од сезоната се очекува голема борба за местата на подиумот, бидејќи зад Антонели се наоѓаат Џорџ Расел со 242 бода, Луис Хамилтон со 241, Макс Верстапен со 236, Шарл Леклер со 233, па дури и Ландо Норис, кој има 211 бода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повозрасен скопјанец во својот дом нападнат и ограбен од двајца познаници

76-годишен скопјанец во својот дом бил нападнат и ограбен од двајца познаници. 

Повозрасен скопјанец во својот дом нападнат и ограбен од двајца познаници

-Денеска (01.11.2026) во 05:30 часот во СВР Скопје, К.П.(76) од скопско, пријавил дека на 31.10.2026 околу 21:15 часот во неговиот дом бил физички нападнат од две лица кои ги познавал. Притоа, едно од лицата го удрило со кундак од огнено оружје, по што двајцата му одзеле пари. информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер