Израел продолжи со нападите на Газа, во близина на болница загинаа маж и дете - Канал 5

Израел продолжи со нападите на Газа, во близина на болница загинаа маж и дете

Израелската авијација денеска продолжи со нападите врз Појасот Газа, а израелската армија објави дека убила припадник на вооруженото крило на Хамас во Деир ал Балах, за кој тврди дека подготвувал напади врз израелски војници и цивили.

Израел продолжи со нападите на Газа, во близина на болница загинаа маж и дете

Армијата објави дека нападот ја отстранил „непосредната закана“. Овие тврдења не можат да бидат независно потврдени.

Болницата Ал Акса во Деир ал Балах објави дека две лица, меѓу кои и едно дете, загинале во израелски напад во близина на болницата.

Локалните жители потврдија дека еден од загинатите е член на Хамас.

Израел тврди дека убил уште пет членови на Хамас

Израелската армија објави и дека уште петмина осомничени членови на вооруженото крило на Хамас биле убиени во целни напади еден ден претходно.

Хамас се уште не ги коментира овие наводи.

Израел во последните денови ги засили воздушните напади врз Газа, велејќи дека конкретно се насочени кон високи команданти на Хамас.

Младенов предупреди на „точката од која нема враќање“

Николај Младенов, висок претставник на Комитетот за мир формиран од актуелниот американски претседател Доналд Трамп, неодамна го обвини Израел дека го одложува планираното разоружување на Хамас со продолжување на нападот.

Истовремено, бугарскиот дипломат рече дека и Хамас не ја исполнил својата обврска целосно да ги запре воените активности.

Тој предупреди дека нова ескалација на конфликтот во Газа може да доведе до „точка од која нема враќање“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат

Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат дека банката имала забрана за работа во ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат

Филипче и СДС упорно ја повторуваат истата приказна за наводната забрана за работа на Алта банка во ЕУ, иако нивните тврдења се покажаа како неточни.

СДС и Филипче со денови ширеа паника, изнесуваа обвинувања и ја доведуваа во прашање стабилноста на банкарскиот систем. Тврдеа дека банката е неликвидна, дека ќе пропадне и дека граѓаните ќе останат без своите пари.

И што се случи на крајот? Излезе вистината на виделина за СДС и ДУИ за нивните сопствени деловни релации со Алта банка и Давор Мацура.

Бараа надзорна расправа, а кога треба да одговорат на прашања на надзорната расправа, Филипче и СДС избегнуваат соочување и продолжување на надзорната расправа.

Кога обвинуваат СДС и Филипче се гласни. Кога треба да одговараат СДС и Филипче молчат и ги нема.

Кој ја говореше вистината за Алта банка? Зошто СДС и Филипче ширеа паника? И зошто сега се избегнува надзорна расправа на која треба да се расчистат сите отворени прашања?

СДС и Филипче треба да знаат дека нема бегање од одговорност. Нема бегање од фактите. А уште помалку може со молк да ги избришат сопствените релации со Давор Мацура и Алта Банка.

Филипче и СДС должат одговори. Граѓаните очекуваат одговори и факти, СДС и Филипче да не се кријат.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Дончиќ повторно во „судир“ со судиите

Кошаркарите на Јута ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 109:97 во изминатата ноќ, а во преден план повторно изби Лука Дончиќ.

Видео: Дончиќ повторно во „судир“ со судиите

Но, не поради играта на теренот туку поради расправии со судиите. Сè започна на полувремето, кога словенечкиот ас дофрли нешто кон еден од судиите, кој се сврте и го праша: „Што рече?“. Сепак, Дончиќ не реагираше на тоа, туку едноставно продолжи кон соблекувалната.

Напнатоста меѓу Дончиќ и тројцата судии продолжи во третата четвртина, кога на клупата на Лејкерс ѝ беше досудена техничка грешка. Тогаш Дончиќ се сврте кон Даника Баруда и можеше да се слушне како вели: „Не се работи за тебе“, на што му беше одговорено дека не знае кога да застане.

Целата оваа ситуација лошо влијаеше на Дончиќ, поради што Лејкерси без вистинскиот Лука беа поразени од Јута. Езерџиите на тој начин ја прекинаа низата од девет победи, а Јута неочекувано го забележа само трет триумф во сезоната.

YouTube video

Гостите ги предводеа Кијонте Џорџ со 30 поени и Ејс Бејли со 19 поени. Лука Дончиќ го заврши натпреварот со 29 поени, но не успеа да пронајде ритам во шутот, погодувајќи само два од 12 обиди за три поени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Началникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, утре во Тирана, Република Албанија, ќе учествува на редовниот годишен состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната

Началникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI

Началникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI (Defence Cooperation Initiative)

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, утре во Тирана, Република Албанија, ќе учествува на редовниот годишен состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI (Defence Cooperation Initiative).

На состанокот ќе присуствуваат и високи воени претставници на НАТО и ЕУ, меѓу кои заменик-командантот на Здружената команда на НАТО во Неапол, командантот на мултинационалните копнени сили, командантот на КФОР и командантот на ЕУФОР.

Во фокусот на дискусиите ќе бидат актуелните безбедносни предизвици во регионот, воената соработка во рамките на DECI и НАТО, како и можностите за продлабочување на одбранбената соработка и заедничките обуки.

За време на работните сесии, генералот Лафчиски ќе има свои излагања во кои ќе ја потврди посветеноста на нашата држава кон колективната безбедност и улогата на Армијата во рамките на оваа иницијатива, како сигурен партнер во зачувувањето на мирот и стабилноста на Балканот.

На крајот од конференцијата ќе се утврди динамиката за следните заеднички проекти, а началниците на генералштабовите ќе потпишат заедничка изјава за соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер