Во Лабораториум се отвора првата изложба од програмата „Нови Лица“ – фотографски проект на младата авторка Јана Наскова
СДСМ: „Твоја држава твоја шанса": Наместо еднонасочни билети за странство, 5.000 достапни станови за младите
1Во Лабораториум се отвора првата изложба од програмата „Нови Лица“ – фотографски проект на младата авторка Јана Наскова
2СДСМ: „Твоја држава твоја шанса": Наместо еднонасочни билети за странство, 5.000 достапни станови за младите
3Ново инклузивно мултифункционално спортско игралиште во Куманово – инвестиција во младите и заедницата
Веб ТВЗдраво Македонијо - 09.06.2026 - дел 1Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураВо Лабораториум се отвора првата изложба од програмата „Нови Лица“ – фотографски проект на младата авторка Јана НасковаЈана Наскова е родена во Скопје во 2001 година. Дипломирала интердисциплинарна програма по либерални уметности и науки, со фокус на филм, филозофија и литература, во Амстердам, Холандија.На 11 јуни со почеток во 20ч, во културно-едукативниот центар Лабораториум ќе биде отворена изложбата на фотографии на младата авторка Јана Наскова, која е резултат на едномесечната резиденција реализирана во рамки на иницијативата „Градски ѕид за Нови Лица на македонската културна сцена“. Изложбата претставува прв јавен настан од оваа иницијатива, преку која Лабораториум ги поддржува и афирмира новите генерации уметници и креативци од независната културна сцена. Во текот на изминатиот месец, Наскова работеше под менторство на реномираната фотографка Еџе Али, развивајќи авторски фотографски проект инспириран од урбаниот простор околу неа. Јана Наскова е родена во Скопје во 2001 година. Дипломирала интердисциплинарна програма по либерални уметности и науки, со фокус на филм, филозофија и литература, во Амстердам, Холандија. Нејзиниот професионален и активистички ангажман опфаќа работа во младински организации, образование, медиуми и граѓански иницијативи. Нејзината работа се движи на пресекот помеѓу уметноста, општествената ангажираност и личниот наратив. Проектот „Нови Лица“ има за цел да открие, поддржи и промовира нови автори од македонската независна уметничка и креативна сцена. По јавен повик, стручно жири составено од културни работници, професори, уметници и професионалци избра осум млади артисти и креативци кои до крајот на оваа година ќе поминат низ едномесечни менторски резиденции. Секој учесник работи со искусен ментор кој го насочува и поддржува неговиот креативен процес, со цел создавање на ново авторско дело што ќе биде јавно презентирано во Лабораториум. Изложбата на Јана Наскова е прва во низата од осум изложби, презентации и јавни настани во склоп на овој проект, кои ќе се реализираат до крајот на годината, претставувајќи ги резултатите од соработката помеѓу младите автори и нивните ментори. Лабораториум е приватен културно-едукативен центар во Скопје, кој во изминативе две и пол години функционира како простор за независна култура, едукација и социјализација. Со над 550 реализирани настани, меѓу кои работилници, изложби, концерти, театарски претстави, креативни базари, кино-проекции, радио програми и други активности, Лабораториум изгради динамична заедница на млади уметници, креативци и проактивни граѓани, при тоа поттикнувајќи нови форми на соработка и културно учество. Иницијативата „Нови Лица“ се реализира во рамки на проектот „Култура за развој“, поддржан од Владата на Швајцарија, а имплементиран од Хартефакт Фонд. Изложбата е отворена за јавноста, а влезот е слободен.Тагови: Изложба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: „Твоја држава твоја шанса": Наместо еднонасочни билети за странство, 5.000 достапни станови за младитеВистина е дека младите си заминуваат од Македонија, секој трет млад човек размислува да се исели од државата затоа што не гледа перспектива.Младите немаат пари да купат стан и да го започнат својот самостоен живот. Платите не се доволни за достоинствен живот, а трошоците растат секој ден. СДСМ има решенија за младите, во новата платформа нудиме шанса за секој млад човек. -5.000 достапни станови за изнајмување за младите семејства и младите кои сакаат самостоен живот. -Укинување на данокот на промет за млади до 35 години при купување прв стан. -Станбени кредити со фиксна камата од само 1% во првите 10 години. Е тоа е правда. Младите да купуваат домови во Македонија, а не еднонасочни билети за странство. Затоа што праведно е да добијат држава што ќе им даде шанса. Твоја држава – твоја шанса. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНово инклузивно мултифункционално спортско игралиште во Куманово – инвестиција во младите и заедницатаПуштено во употреба новото мултифункционално спортско игралиште, реализирано со поддршка на финансиското друштво Flex Credit како генерален спонзор и донатор на проектот.Во среда, 3 јуни, во дворот на ООУ „Браќа Миладиновци“ во Куманово свечено беше пуштено во употреба новото мултифункционално спортско игралиште, реализирано со поддршка на финансиското друштво Flex Credit како генерален спонзор и донатор на проектот. Новото игралиште ќе го користат учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ и ООУ „Крсте Мисирков“, а неговата посебна вредност е инклузивниот пристап што овозможува активно користење и од страна на учениците од помошниот ресурсен центар за деца со посебни образовни потреби. Со тоа се создава безбеден и достапен простор каде сите деца ќе имаат можност за спорт, рекреација и дружење. По повод отворањето беше организиран ревијален натпревар во рамки на програмата „Забавни мини спортови“, преку кој учениците ги претставија можностите на новите терени за кошарка, одбојка и ракомет, под менторство на наставниците по физичко образование. На настанот присуствуваа претставници на училиштата, Општина Куманово, ЈП „Куманово План“, како и претставници на менаџментот на Flex Credit. Проектот е реализиран во рамки на платформата за општествена одговорност на компанијата „Повеќе од финансии – поддршка за заедницата“, преку која Flex Credit инвестира во иницијативи што создаваат долгорочна вредност за локалните заедници. „За нас ова е многу повеќе од донација. Преку платформата ‘Повеќе од финансии – поддршка за заедницата’ сакаме да оставиме трајни позитивни промени таму каде што се најпотребни. Веруваме дека секое дете заслужува квалитетен простор за игра, спорт и развој, а особено ни е драго што ова игралиште ќе биде достапно за сите деца без исклучок. Ова е инвестиција во младите, во нивното здравје, другарство и иднина“, изјави Тина Трпковска, маркетинг директор на Flex Credit. Во знак на благодарност за поддршката и придонесот во реализацијата на проектот, на претставниците на Flex Credit им бише врачена благодарница од страна на раководствата на училиштата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16