Голем јубилеј: „BMW“ брои до два милиони! - Канал 5

Голем јубилеј: „BMW“ брои до два милиони!

„BMW“ достигна важна пресвртница во својата електрична офанзива - германскиот производител испорача два милиони целосно електрични автомобили.

Голем јубилеј: „BMW“ брои до два милиони!

Продадениот модел за јубилејот беше „BMW i5 M60 xDrive“, произведен во фабриката во Динголфинг и испорачан на клиент во Шпанија.

Вклучувајќи ги и „plug-in“ хибридите, „BMW Group“ вели дека продала околу 3,5 милиони електрифицирани возила од 2013 година. Во првата половина на 2026 година, повеќе од еден од четири автомобили продадени од компанијата ширум светот имале некаков облик на електричен погон.

Европа го предводи патот

„BMW“ бележи особено силен раст на европскиот пазар. Продажбата на целосно електрични модели на„ BMW“ во Европа се зголеми за 38 проценти во вториот квартал на 81.445 возила.

Целосно електричните автомобили учествуваа со околу 28 проценти од вкупната продажба на „BMW“ во Европа во првата половина на 2026 година.

Растот на електричните возила не е ограничен само на „BMW“. Речиси 1,5 милиони целосно електрични автомобили беа регистрирани низ цела Европа до крајот на јули, што е зголемување од 30 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Само во јули, електричните автомобили учествуваа со 35 проценти од пазарот на нови автомобили во Франција и 29 проценти во Германија, додека Данска достигна дури 80 проценти.

Новиот „iX3“ веќе привлекува клиенти

„BMW “ сега смета на големиот успех на новиот модел „iX3“. Компанијата вели дека бројот на нарачки се приближува до 100.000, а од неговото лансирање, секое трето електрично „BMW“ нарачано во Европа е „iX3“.

Уште поинтересно е што дури половина од сите нарачки за модели од семејството „BMW X3“ на европскиот пазар веќе се однесуваат на целосно електричната верзија.

Овој резултат покажува колку брзо се менува европскиот пазар на автомобили, но и колку „BMW“ сега има корист од повеќе од една деценија развој на електрични модели, што започна со лансирањето на тогаш многу неконвенционалниот „BMW i3“.

Извор:Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Софија и официјално е против укинувањето на ветото во текот на преговорите

Бугарија е категорично против идејата на Брисел за воведување квалификувано мнозинство, наместо едногласност, како досега, при одлучувањето во текот на пристапните преговори за земјите кандидатки. 

Софија и официјално е против укинувањето на ветото во текот на преговорите

За бугарската министерка за надворешни работи Петрова Чамова, неприфатлив е новиот документ презентиран во Брисел, кој предвидува земја членка во иднина да не може самата да го блокира напредокот на земја кандидатка се до финишот на преговорите. Одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, Чамова ги отфрли информациите дека наводно се воделе неофицијални разговори за уставни измени со одложено дејство и за репреговарање обврските на Македонија.

-Знаете дека во моментов се одвива процес за можноста за воведување на квалификувано мнозинство во различни фази од процесот за проширување или во други политики на ЕУ, каде што јасно и категорично ја потенцираме позицијата против квалификуваното мнозинство, особено во сферата на проширувањето. Категорично отфрламе на какво било ниво заобиколување, предоговарање, преговарање со одредени земји – членки, желба за таков тип договори кои се во насока да го поткопаат постигнатиот компромис. Дали сме за уставни измени со одложено дејство? Одговорот е не. , изјави Велислава Петрова Чамова, министер за надворешни работи на Бугарија.

Петрова Чамова и денеска во Собранието го повтори вчера кажаното по средбата со македонскиот колега, Муцунски во Софија дека не бара ништо освен исполнување на досега преземените обврски на Македонија. Шефот на македонската дипломатија разговорите вчера ги оцени како конструктивни и со позитивен дух, но дека позициите на двете страни се уште се многу далечни.

-Позициите на Македонија и Бугарија во однос на прашањата поврзани со европската интеграција сè уште се многу далечни, но средбата со бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова беше конструктивна и одржана во позитивен дух, при што е договорено дијалогот меѓу двете држави да продолжи по сите прашања од заеднички интерес, изјави вчера Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи на Македонија.

Европската Комисија пред три дена го објави документот насловен „Подготовка за поширока Унија”, која освен предлогот за постепена интеграција на земјите кандидатки, предвидува драстично намалување на правото на вето во околу 150 меѓучекори во преговорите, за кои досега требаше едногласност. Конечниот збор ќе го има Европскиот Совет, кој следната недела ќе дебатира за овој предлог.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во училиште во Риека: Ученик со пиштол се заканувал дека ќе направи масакр

Вооружена полиција интервенираше во Средното економско училиште „Мија Мирковиќ“ во Риека поради закана со оружје.

Драма во училиште во Риека: Ученик со пиштол се заканувал дека ќе направи масакр

Како што неофицијално дознава Индекс, еден ученик им се заканил на девојчињата со пиштол преку социјалните мрежи и најавил дека ќе „изврши масакр“. Полициски службеници биле повикани во училиштето, но ученичките не биле евакуирани. Младиот човек кој ги упатил заканите не се појавил во училиштето.

„Добивме пријава и во тек е кривична истрага. Полициски службеници се испратени во споменатото училиште, како и лицата одговорни за малолетничка деликвенција од полицијата“, не информираше полицијата во Риека.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Урбани Уметнички Акции-„Протест на неисполнетите ветувања“ – јавна уметничка акција во Скопје

Големи канти за ѓубре, исполнети со дваесетина протестни транспаренти со неисполнети ветувања на властите, се поставени на три локации во центарот на Скопје.

Урбани Уметнички Акции-„Протест на неисполнетите ветувања“ – јавна уметничка акција во Скопје

Големи канти за ѓубре, исполнети со дваесетина протестни транспаренти со неисполнети ветувања на властите, се поставени на три локации во центарот на Скопје: на кејот на Вардар кај плоштадот, на улица „Македонија“ и на скверот кај КИМ на „Партизанска“. На секоја од кантите е испишана пораката „Протест на неисполнетите ветувања“.

Со оваа уметничка акција сакаме да ги потсетиме властите на ветувањата што им ги давале на граѓаните во изминатите дваесетина години, а кои остануваат нереализирани. На транспарентите се потсетува на ветувањата за мега паркови во Скопје, бесплатен јавен превоз, пруга до софија, автопати, пречистителна станица за отпадни води во Скопје, гасификација на домаќинствата, почист воздух и други долго најавувани проекти.

Кантите покрај со транспаренти на ветуванјата кои протестираат симболично се полни со пропаднати планови и ветувања што завршиле на буништето на историјата. Инсталациите го прикажуваат местото на кое завршува ветеното откако ќе поминат изборите, додека проблемите за кои биле дадени ветувањата остануваат дел од секојдневието на граѓаните. Се менуваат властите и роковите, но граѓаните продолжуваат да чекаат.

Акцијата потсетува дека неисполнетите ветувања не се само заборавени зборови, туку пропуштени можности за подобар град и поквалитетен живот. Преку хумор и јасна визуелна порака, таа повикува на јавна одговорност и на паметење на преземените обврски. Граѓаните имаат право да бараат исполнување на ветеното, а властите имаат обврска да објаснат зошто тоа не е реализирано.

Група Урбани Уметнички Акции

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер