Веб ТВЗдраво Македонијо - 04.06.2026 -Др Ива Здравевска – Панделиева - специјалист по семејна медицинаFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Вонредна дератизација на критични локации во ЦентарОпштина Центар – Скопје денес и утре спроведува вонредна дератизација на повеќе критични локации на територијата на општината, поради зголемена појава на глодари.Со акцијата ќе бидат опфатени локации во Капиштец, Дебар Маало, Буњаковец и Кале, каде што е забележана зголемена појава на глодари и каде што има пријави од граѓаните. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека општинските служби реагираат на пријавите и дека состојбата на терен ќе продолжи да се следи. „По пријавите од граѓаните веднаш преземаме мерки и спроведуваме вонредна дератизација на локациите каде што е забележана зголемена појава на глодари. Ќе продолжиме да ја следиме состојбата и ќе реагираме секаде каде што ќе има потреба. Ги повикувам граѓаните да ги пријавуваат ваквите појави за да можеме навремено да постапуваме“, изјави Герасимовски. Вонредната дератизација ќе се спроведе на следните локации: Капиштец – ул. „Загребска“ бр. 28, спроти Биотек (поранешно КТК), кај контејнерите. Дебар Маало – ул. „Радњанска“, кај контејнерите, просторот околу Пазарот Буњаковец и дел од ул. „Рузвелтова“. Буњаковец – ул. „Борка Талески“, од ООУ „Ј. Х. Песталоци“ до Грчката амбасада, како и крстосницата на ул. „Стефан Јакимов Дедов“ со ул. „Апостол Гусларот“, вклучително и шахтите околу запуштениот објект до ООУ „Ј. Х. Песталоци“, Катната гаража и бараките на ЈП „Комунална хигиена“. Кале – ул. „Лазар Личеноски“, во близина на Спортска медицина и Царинската управа. Од Општина Центар апелираат граѓаните да бидат внимателни при движење на наведените локации во периодот додека трае акцијата и да не ги поместуваат или оштетуваат поставените средства за дератизација. Општина Центар ќе продолжи да ја следи состојбата на терен и да презема мерки за одржување на чиста, безбедна и здрава животна средина за граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо пожар над селото Палиград на Китка спасено телеВчера додека бев на лице место на големиот пожар над селото Палиград, на планината Китка, покрај тешката борба со пожарот имавме и една несекојдневна и убава случка.Во метежот и огнот, пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје успеаја да спасат едно мало теле кое останало на опожарениот терен. Мало, исплашено, но живо – една мала победа во тешкиот ден. Во вакви моменти, секој спасен живот е важен. А денес, меѓу огнот и пепелта, успеавме да спасиме и едно мало суштество. За жал, пожарите не ја загрозуваат само природата, имотот и животите на луѓето. Загрозени се и животните, кои често остануваат беспомошни пред огнената стихија. Затоа, апелирам на максимална одговорност и внимателност. Пожарите, без разлика дали се подметнати или избувнуваат поради невнимание, оставаат последици врз сите живи суштества. Да ја чуваме природата, да ги заштитиме луѓето, имотот и животнитеинформира првиот човек на ЦУК, Мухамед Али.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЛиверпул во нов обид да го ангажира Минте, Баркола се уште прескапАнглискиот гигант Ливерпул повторно ќе се обиде да го реализира трансферот на десното крило Јанкуба Минте (22) од Брајтон. Минатата сезона, гамбискиот репрезентативец постигна три гола и забележа четири асистенции на 34 натпревари во Премиер-лигата. Неговата пазарна вредност изнесува 45 милиони евра, а тој има договор со клубот до летото 2029 година. Главна цел на Ливерпул е Бредли Баркола од ПСЖ, но клубот не е подготвен да ги плати 160-те милиони евра (или повеќе) што францускиот гигант ги бара за него.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00