3ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
МакедонијаДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?По пола година од враќањето во земјава, поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска ќе седне на обвинителна клупа за злоупотреба на службената положба за Државна лотарија.Освен правните перипетии што го следат случајот, судењето го привлекува вниманието на јавноста и поради политичките импликации што може да произлезат од процесот. Груби додека траеше истрагата првично беше обвинет за потешко кривично дело „проневера во службата“ за кое затворската казна трае и до 20 години, но подоцна истото беше преквалификувано во злоупотреба на службената положба. Тој и уште седум лица се товарат за злоупотреби во „Државна лотарија“. Обвинителниот предлог беше поднесен пред десет дена на 13-ти август, а Груби кој е второбвинет во предметот во моментот се наоѓа во куќен притвор. Првообвинет е Прпарим Бајрами, претседател на Управниот одбор и Генерален директор на Државна лотарија. Тој и натаму е во бегство и е недостапен на органите на прогонот. Според ОЈО обвинетите иако биле свесни дека Лотарија немала право да приредува електронски игри на среќа на видеолотариски терминали на територијата на државата, сепак започле постапка за набавка на видеолотариски терминали вредна стотици милиони денари, при што го оштетиле акционерското друштво за околу 8,2 милиони евра. Груби, како што е наведено во обвинението на владина седница одржана на 6ти јуни 2023 постапил спротивно на деловникот за работа на Владата и го заобиколил пропишаниот начин на одлучување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: Поплави во Кина, евакуирани 54000 жителиВо Кина, околу 54.000 луѓе се евакуирани поради поплави, вклучително и 8.000 преместени во привремени прифатилишта, што е последица на обилните врнежи предизвикани од тајфунот Нара.Поплавите особено го погодија регионот Гуангси, а метеоролозите предупредуваат на нови обилни врнежи во наредните денови, јавува CCTV. Водостоите на 15 реки го надминаа прагот за издавање предупредувања. 8月23日,网友发布视频显示,广西崇左宁明县洪水过境导致县城被淹没。 网友表示:我家被淹了,一夜之间被淹了😭大家注意安全! 有网友发布汽车被洪水冲走的视频,竟然还被举报!是害怕境外势力知道中国又淹水了吗? https://t.co/TDcI6l13ky pic.twitter.com/7iA2DADabD — YiFeng Su (@sam51824016070) August 23, 2026 Снимките емитувани на кинеската телевизија прикажаа поплавени патишта и спасувачи кои газат низ вода длабока до колена, користејќи гумени чамци за да ги евакуираат жителите од поплавените населби. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДрама во Романија, веднаш подигнати два авиона Ф-16 Радарскиот систем за надзор на Министерството за национална одбрана на Романија регистрираше повремени сигнали во воздушниот простор на Република Молдавија, во областа Кахул, утрово околу 6 часот, поради што беа испратени борбени авиони.Како што беше наведено, еден од тие сигнали подоцна се појавил во областа Таргу Бујор, во округот Галац. Според соопштението на Министерството за национална одбрана, два авиони Ф-16 на романското воено воздухопловство и еден хеликоптер биле подигнати за да ја следат ситуацијата, пренесува Аџерпрес. Како што беше наведено, Националниот центар за воена команда го извести Генералниот инспекторат за вонредни ситуации за воспоставувањето мерки за предупредување на населението во зафатеното подрачје. Ова не е првпат Романија да крева борбени авиони поради војната во Украина, бидејќи беспилотните летала, поради попречување на сигналот, често завршуваат во земјите што граничат со Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.08.2026 до 21.08.2026 зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter