3Јаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката во образованието и науката
ЗабаваДетска работилница за најмладите и рап забава со „Жабата“ за тинејџерите во КарпошНеделното карпошово културно лето, започна на плоштадот „Фонтана“, во Карпош 3,.Неделното карпошово културно лето, започна на плоштадот „Фонтана“, во Карпош 3, каде што во рамки на проектот „Нашето Маало-детска интерактивна просторна инсталација“, организирана од архитектот Ружица Ивановиќ, дечињата заедно со своите родители учествуваа во боење и цртање на претходно изработената макета од архитектката. На тој начин, на детската работилница најмладите карпошани освен што се дружеа помеѓу себе , тие и го развиваа својот креативен и уметнички потенцијал. Во училишниот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“, со почеток од 20:00, часот, во една пријатна, релаксирана и маалска атмосфера беше прикажан филмскиот класик од Димитрие Османли - „Мирно лето“, каде што меѓу присутните карпошани беше и претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов. Филмските проекции во рамки на културното лето ќе траат до 27-ми овој месец, каде што љубителите на добриот филм, заедно со своите соседи, роднини и пријатели, во предвидениот термин на истата локација, ќе можaт да уживаат во селектираните филмски остварувања од домашната македонска кинематографија. Вечерта кулминираше со рап изведбата на „Стефан Трајковски- Жабата“, кој со своите авторски изведби ја крена публиката на нозе и направи одлична забава пред своите маалски другари, соседи и пријатели. На настапот на „Жабата“, на фонтана во Карпош 3 беше присутен и заедно со жителите на Карпош 3 се забавуваше и дружеше првиот човек на Општината, Сотир Лукровски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЕвропаРазоткриена мрежа за шверц на кокаин во ЕвропаВо Швајцарија се уапсени 41 лице како дел од меѓународна операција насочена против мрежа осомничена за шверц на кокаин и перење пари, соопшти Европол.Истражителите ја поврзуваат оваа мрежа со запленувањето на над 750 килограми кокаин во Антверпен. Меѓународна истрага, поддржана од Европол и Евроџаст, разоткри криминална мрежа осомничена за шверц на големи количества кокаин од Еквадор и други земји од Латинска Америка во Европа – практика што постои најмалку од 2019 година – при што истовремено се вршело и перење на средствата стекнати од трговијата со дрога. Истрагата беше предводена од швајцарското Федерално обвинителство и Федералната полиција. Операцијата се спроведе на 10 и 11 ноември на територијата на Швајцарија, Чешка, Германија, Холандија и Шпанија. Во Швајцарија беа извршени претреси на 55 локации, а за пет од 41 уапсено лице беше побаран притвор. Европол исто така соопшти дека петмина осомничени се приведени во Германија. Во Белгија откриени 750 килограми кокаин Истражителите ја поврзуваат мрежата со неколку заплени на кокаин, вклучително и една од август оваа година, кога во белгискиот град Антверпен беа откриени повеќе од 750 килограми од оваа дрога, скриени во кутии испратени од Латинска Америка. Според Европол, увозот бил овозможен преку фиктивни компании регистрирани во Швајцарија и Холандија, додека се претпоставува дека заработката од шверцот се перела преку компании во Чешка, Германија и Швајцарија. Во земјите што учествуваа во оваа операција, досега се запленети повеќе од 2,3 милиони швајцарски франци, криптовалути во вредност од 50.000 франци и 15 парчиња огнено оружје. Во Германија се запленети околу 1,3 милиони евра во готовина, додека во Чешка се одземени околу еден милион евра и 850.000 чешки круни. Европол ја поддржува истрагата уште од 2022 година, преку олеснување на размената на информации, анализа на податоци и координација на активностите. Евроџаст поддржа заеднички истражен тим кој ги обедини надлежните органи од пет земји за да ги координираат истрагите и да разменат докази. Фото: ВИ Извор: Индекс.хрТагови: Европа кокаин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Честит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје!Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје.„13 Ноември е еден од најзначајните датуми во историјата на нашиот главен град, денот кога Скопје ја дочека слободата и го означи почетокот на едно ново поглавје во своето историско постоење. На овој ден се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и непоколебливата решителност на борците кои го положија својот живот за слободата, достоинството и иднината на генерациите што доаѓаат. Нивната борба е трајно вградена во темелите на современо Скопје и претставува обврска да го чуваме историското паметење и вредностите врз кои се гради едно слободно општество.“- напиша Мицкоски. Тој потенцираше дека денес нашата одговорност е да продолжиме да го градиме Скопје како модерен, уреден, безбеден и достоинствен европски град, град на можности, солидарност и просперитет за сите негови граѓани. „Скопје не е само географски и административен центар, туку срцето на нашата државност, нашиот заеднички дом и симбол на истрајноста на македонскиот народ. Со почит кон минатото, одговорност кон сегашноста и визија за иднината, да продолжиме да создаваме град со кој ќе се гордеат сегашните и идните генерации. Честит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје!“- додава Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Технологија„Microsoft“ се огласи по глобалниот прекин на услугите: „Работите не се одвиваат според планот“Од „Microsoft“ соопштија дека напорите за решавање на проблемот – за кој не се верува дека е резултат на сајбер-напад – не ги дале очекуваните резултати.Американската технолошка компанија изјави дека работи „итно“ на решавање на прекините во услугите, кои влијаеле врз голем дел од нејзините понуди. Во петок, „Microsoft“ пријави „делумно обновување“ на услугите во одредени региони, но напомена дека преземените мерки сè уште не обезбедиле трајно решение. Компанијата наведе дека разгледува „дополнителни чекори“ за „подобрување на севкупната стабилност на инфраструктурата“, притоа припишувајќи ги проблемите на „зголемено оптоварување“ на нејзината инфраструктура. „Ја цениме трпеливоста и разбирањето додека работиме итно на решавање на овој инцидент“, додадоа од „Microsoft“. Извештаите за проблеми со „Outlook“ – програмата за е-пошта на компанијата – се зголемија на приближно 130.000 на веб-страницата „Downdetector“ (која следи прекини во работата на сервисите) веднаш по 13:00 часот по источно време во четвртокот. Корисниците исто така пријавија потешкотии при пристапот до „Microsoft Teams“, апликацијата на компанијата за деловна комуникација, како и до асистентот со вештачка интелигенција „Copilot“ и други услуги во рамките на пакетот „Microsoft 365“. Од компанијата посочија дека проблемите би можеле да влијаат врз корисниците во кој било регион. „Microsoft“ објави на социјалните мрежи дека серверите станале недостапни и не ги поминувале автоматските проверки на функционалноста, што создало дополнителен притисок врз оние сервери што останале оперативни. Компанијата соопшти дека тестира промена во конфигурацијата за прераспределба на сообраќајот – кој се интензивирал во одредени делови од инфраструктурата – и дека ги рестартира погодените услуги за повторно да ги стави во функција. „Работиме на тоа безбедно да ги вратиме услугите во функција“, изјавија од компанијата. Сепак, американската компанија извести дека напорите за обновување не напредуваат според очекувањата, при што во петок наутро беа пријавени проблеми во Азија и Австралија. Австралискиот министер за внатрешни работи и сајбер-безбедност, Тони Бурк, изјави дека според „Microsoft“, ова не е сајбер-напад. „Тие веруваат дека се соочуваат со нешто слично на она што го видовме кај „CrowdStrike“ – ажурирање што тргнало наопаку“, изјави Бурк на прес-конференција. „Последиците со кои се соочуваат... значително влијаат врз системите за е-пошта“, додаде тој. Австралиската разузнавачка агенција и федералната полиција се меѓу организациите погодени од овој прекин. Извор: Б92Тагови: Microsoft Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20