Кој е Иво Никодимов, новинарот на бугарската БНТ кој манипулираше со фактите во прилогот за Канал 5 ТВ?
2Кој е Иво Никодимов, новинарот на бугарската БНТ кој манипулираше со фактите во прилогот за Канал 5 ТВ?
3ВМРО-ДПМНЕ: Од СДС пак со измислици, Филипче да каже јасно кои се неговите компании во Петрич и како профитираат
Веб ТВЗдраво Македонијо - 03.04.2026 - дел 2Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски на состанокот на високи претставници на Прашкиот процесМиграциските предизвици бараат заеднички решенија, партнерство и конкретна поддршка.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на отворањето на Состанокот на високи претставници во рамките на Прашкиот процес за миграциски дијалог, кој денес и утре се одржува во Скопје, со учество на претставници на државите членки, меѓународните организации и партнерските институции вклучени во управувањето со миграцијата и азилот. Во своето обраќање министерот Тошковски истакна дека миграцијата не претставува апстрактна политичка тема, туку реалност со која секојдневно се соочуваат државите, институциите и граѓаните. „Миграцијата е реалност што ја чувствуваме на нашите граници, во нашите заедници и во животите на луѓето. Македонија низ годините научи дека ефикасното управување со миграцијата бара континуирано вложување во човечките ресурси, модернизација на граничната инфраструктура и блиска соработка со соседните земји и европските агенции“, нагласи министерот Тошковски. Осврнувајќи се на новиот Пакт на Европската Унија за миграција и азил, министерот потенцираше дека неговата успешна имплементација е можно да се постигне само преку активно вклучување на земјите од Западен Балкан во процесот на усогласување и спроведување на новите политики. „Пактот нема да може целосно да функционира доколку се применува само во рамките на Европската Унија, а земјите од Западен Балкан останат сами да се справуваат со последиците и предизвиците. Потребна е вистинска соработка, предвидлива финансиска поддршка, оперативна помош и формални механизми за партнерство кои ќе овозможат усогласување на законодавството, размена на информации и реализација на заеднички активности“, истакна Тошковски. Министерот нагласи дека Македонија останува посветена на модернизацијата на граничното управување, развојот на концептот на паметни граници, зајакнувањето на обуките и размената на информации со партнерските институции, како и на заштитата на ранливите категории граѓани и борбата против криумчарењето мигранти. Во рамките на состанокот ќе се одржат повеќе тематски сесии посветени на подготовките за Петтата министерска конференција на Прашкиот процес и новиот Акциски план 2028–2032, актуелните миграциски политики во регионот, како и конкретните мерки и активности за справување со миграциските предизвици. Министерот Тошковски потенцираше дека Прашкиот процес има особено значење затоа што овозможува практична соработка меѓу државите, институциите и експертите кои секојдневно работат на терен. „Доколку сакаме миграциските политики да дадат резултати, потребно е државите низ кои поминуваат миграциските рути да бидат рамноправно вклучени во креирањето и спроведувањето на решенијата. Само преку заеднички проекти, заеднички капацитети и усогласени процедури можеме да изградиме одржлив систем кој ќе одговори на современите предизвици“, порача министерот Тошковски. Како домаќин на состанокот, министерот ја потврди подготвеноста на Македонија активно да придонесува во унапредувањето на регионалната и европската соработка во областа на миграцијата и управувањето со границите, со цел создавање поефикасен, посигурен и похуман миграциски систем. Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
МакедонијаКој е Иво Никодимов, новинарот на бугарската БНТ кој манипулираше со фактите во прилогот за Канал 5 ТВ? Станува збор за новинар кој, според проминентни медиумски работници и експерти од Бугарија, имал нарушен професионален и етички кредибилитет и човек кој изгледа како да тагува по бугарскиот фашистички режим на Борис III и бугарските територии.На ланските неколкудневни масовни ноемвриски протести против буџетот во Софија, овој новинар наместо да ја прикаже вистинската слика на масовноста на јавниот собир која изнесувала над 50.000 лица, тој ја свртил камерата на другата страна и изјавил дека протестот бил “мирен и непосетен”. Во неговото вклучување, поради неговата одалеченост од самиот протест, не можеле да се слушнат ниту критиките кон Бојко Борисов и Пеевски. Паралелно со овој негов авантуризам, тој генерира и вознемиреност кај одреден дел од нашиот источен сосед. На својот личен FB профил објави илустрација - мапа на воена Бугарија во периодот од 1940-1944 год, темниот период на Софија кога тогашниот фашистички режим беше дел од оската на Хитлер. Дополнително, овој историски “романтичар” ја коментира таа историска слика со висока доза на сопствен чемер и меланхолија па вели: “Успесите на бугарската армија и поразите на бугарските политичари”. Ваков текст на фаворизирање на фашизмот од времето на Втората Светска Војна сигурно немаше да помине барем без јавна осуда во било која друга земја членка на ЕУ. И сега, токму овој европски јавен радиодифузер БНТ и нивниот новинар не ни овозможуваат нам, на Канал 5 , законски гарантирана форма на одговор на нивниот прилог од 13 јуни, каде и во нивните ставови така и во изјавите на гостите , меѓу кои беше и Бугаринот од Велес, Драги Каров, нотиравме сериозна и загрижувачка доза на ксенофобија, клевети и манипулации. Да се биде европски јавен сервис, како што е Бугарскиот БНТ, не е доволно да се биде членка на ЕУ, треба да се практикуваат европски но и цивилизациски манири како и европски новинарски и етички стандарди.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Од СДС пак со измислици, Филипче да каже јасно кои се неговите компании во Петрич и како профитираатОд СДС да престанат со ширење на лаги и да ја манипулираат јавноста и да се фатат за работа, во земјава е потребна конструктивна опозиција, а не опозиција која секојдневно измислува приказни.Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, никогаш не аплицирал за никакво друго државјанство, а не пак за бугарско, и не остварил приход од фирмата во Бугарија. А ако веќе држат прес-конференции на темава, тогаш претседателот на СДС, Филипче, нека одговори неговите неколку компании регистрирани во Бугарија, во Петрич на улица Гоце Делчев број 12 , што точно работат и од каде е профитот. Математиката на СДС е да не работат ништо додека се во опозиција и само да ја дезинформираат јавноста, а преку додворување на странски власти да се обидат да дојдат некако на власт. Две години се опозиција, ништо немаат понудено, бегаат од работни групи, не гласаат за ништо во Собрание, што е од општествен интерес, се караат со медиуми, спинуваат изјави на странски амбасадори во земјава, и се занимаваат со се освен со тоа што им е работа.Тагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12