Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
2Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
МакедонијаСиљановска-Давкова постхумно ја одликуваше Наде Проева со Орден „8 Септември“ Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на свечена церемонија во „Вила Водно“ денеска постхумно ја одликуваше Наде Проева со Орден „8 Септември“.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на свечена церемонија во „Вила Водно“ денеска постхумно ја одликуваше Наде Проева со Орден „8 Септември“, за нејзиниот особен придонес во афирмирањето на македонската историографија како врвна и светски призната историчарка, професорка и авторка. Во своето обраќање на свеченоста, Сиљановска-Давкова рече дека со доделување на орденот „8 Септември“, денот на којшто Проева толку многу му се радуваше, ѝ оддаваме признание на една од најзначајните личности на македонската историографија, научничка од европски и светски ранг. Таа истакна дека книгите и студиите на Наде Проева не се значајни само поради оригиналните и нови сознанија, туку зашто потсетуваат на она што денес сѐ почесто го забораваме: дека знаењето не никнува од убедувањето, туку од истражувањето; дека не се темели на претпоставки, туку на релевантни извори; не произлегува од желби, туку од аргументи. Според неа, нејзиниот научен труд не се гледа и препознава само во книгите и студиите што ги напиша, туку и во грижата за научното наследство што го остави зад себе, меѓу другото и преку уредувањето на едициите: Historia Antiqua Macedonica и Bibliotheca Miscellanea Byzantino-Macedonica. „Историјата за неа не беше бегство и засолниште од сегашноста. Нејзиниот научен интерес никогаш не остана затворен меѓу страниците на стручните списанија и академските конференции. Таа активно и бурно учествуваше во јавниот живот, уверена дека интелектуалецот нема само право, туку и должност да зборува кога се отвораат прашања од суштинско значење за културата, историјата и идентитетот. Нејзините колумни имаа просветителски карактер и учев од нив“, рече претседателката. „Имав привилегија да ја познавам Наде и да се дружам со неа во Скопје, во Охрид или во градината на семејната куќа во Ресен. Ме восхитуваше нејзината љубопитност, остроумност, луцидност, храброст, креативност, бескомпромисност, остар јазик. Беше непресушен извор за мене, рудник на знаење. И по децении истражувања таа не се однесуваше како да ги пронашла сите одговори, туку како човек кој учи, кој сѐ уште си поставува многу важни прашања, бара одговори на нив, личност која вешто дебатира, умно негира, логично проблематизира“, рече претседателката во обраќањето. Орденот ѝ беше врачен на Павлина Проевска, сестра на Наде Проева. Во рамки на настанот присутните го проследија документарниот биографски филм „Наместо хагеографија“ посветен на Проева. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова. Почитувани членови на семејството Проеви, Почитувани колешки, колеги, пријатели и почитувачи на нејзиното дело, Почитуван претседател на Комисијата за одликувања и признанија, почитувани членови на комисијата, Античкиот свет е далечно минато. Неговите градови се урнатини, неговите владетели имиња во историските книги, а до него допираме само преку фрагменти: натписи врежани во камен, монети, археолошки ископини и остатоци како ретки сведоштва што времето не успеало целосно да ги избрише. Но, токму од тие фрагменти, од тие навидум неми траги на минатото, професорката Наде Проева создаваше знаење, концепти, теории, одгатнуваше историја, отвораше нови научни хоризонти и поттикнуваше повторно, пошироко и подлабоко да размислуваме за местото на Македонија и Македонците во историјата. Истражувањето и одгатнувањето на Антиката и Античка Македонија беа нејзина животна и научна преокупација и мисија. Таа не го романтизираше минатото, ниту го претвораше во мит, туку го истражуваше и објаснуваше со научна строгост, интелектуална чесност и длабоко чувство на одговорност кон вистината. Затоа, нејзиниот пат, започнат во Ресен, продолжи на Филозофскиот факултет во Белград и се усоврши на Сорбона во Париз, каде што им се посвети на епиграфиката, нумизматиката и античките религии, природно одејќи во антиката и историјата на античките Македонци, области што ги проучуваше, не само во архивите и библиотеките, туку и на археолошките локалитети. Нејзините трудови за античка Македонија, Римската провинција Македонија претставуваат вреден научен прилог и остануваат важна појдовна точка за идни истражувања. Книгите и студиите на Наде Проева не се значајни само поради оригиналните и нови сознанија, туку зашто потсетуваат на она што денес сѐ почесто го забораваме: дека знаењето не никнува од убедувањето, туку од истражувањето; дека не се темели на претпоставки, туку на релевантни извори; не произлегува од желби, туку од аргументи. Нејзиниот научен труд не се гледа и препознава само во книгите и студиите што ги напиша, туку и во грижата за научното наследство што го остави зад себе, меѓу другото и преку уредувањето на едиции: Historia Antiqua Macedonica и Bibliotheca Miscellanea Byzantino-Macedonica. Токму затоа Наде Проева беше почитувана и кога со неа се согласуваа, но и кога со неа не се согласуваа. Нејзиниот авторитет не произлегуваше од титулите што заслужено ги носеше, туку од подготвеноста и решеноста секоја теза да ја поткрепи со докази и знаење и секој став да го изложи на критичка проверка. Историјата за неа не беше бегство и засолниште од сегашноста. Нејзиниот научен интерес никогаш не остана затворен меѓу страниците на стручните списанија и академските конференции. Таа активно и бурно учествуваше во јавниот живот, уверена дека интелектуалецот нема само право, туку и должност да зборува кога се отвораат прашања од суштинско значење за културата, историјата и идентитетот. Нејзините колумни имаа просветителски карактер и учев од нив. Во време кога јавниот простор сѐ почесто се исполнува со брзи оценки, лесни заклучоци, Наде Проева остана верна на една поинаква интелектуална традиција, којашто не ги бараше одговорите што му годат и приличат на времето, туку оние што можат да го издржат тестот и судот на времето. Како строга, чесна и совесна професорка образуваше генерации историчари, но уште поважно, образуваше генерации млади луѓе да размислуваат критички, да ги проверуваат фактите и да не се задоволуваат со лесни и конечни одговори. Не остави само спомени на драматичните предавања, туку и дела што остануваат траен дел на историската наука и настава, меѓу коишто и „Историја на Аргеадите“, првиот универзитетски учебник посветен на античките Македонци. Нејзините студенти од неа не учеа само историја на стариот век или историја на Античка Македонија, туку важна лекција дека сериозното знаење започнува таму каде што завршува самоувереноста и се раѓа сомнежот. Имав привилегија да ја познавам Наде и да се дружам со неа во Скопје, во Охрид или во градината на семејната куќа во Ресен. Ме восхитуваше нејзината љубопитност, остроумност, луцидност, храброст, креативност, бескомпромисност, остар јазик. Беше непресушен извор за мене, рудник на знаење. И по децении истражувања таа не се однесуваше како да ги пронашла сите одговори, туку како човек кој учи, кој сѐ уште си поставува многу важни прашања, бара одговори на нив, личност која вешто дебатира, умно негира, логично проблематизира. Ќе ја паметиме по една, навидум обична слика: Наде на велосипед низ скопските улици. Во таа глетка, барем за мене, имаше нешто симболично, нешто што ја откриваше суштината на нејзиниот карактер: слобода, независност, љубопитност, постојано движење, perpetum mobile. Таа никогаш не мируваше, ниту со мислата, ниту со телото. Денес, кога постхумно ѝ го доделуваме Орденот „8 Септември“, на којшто толку многу му се радуваше, и оддаваме признание на една од најзначајните личности на македонската историографија, научничка која ги афирмираше Македонците во меѓународните академски кругови, претставувајќи ја во најдобрата светлина македонската историска наука на научни собири и конференции, во истражувачките центри ширум Европа и светот. За врвните научни достигања го доби францускиот „Орден Витез на академските палми“. Наде остави длабоки, уникатни, неповторливи траги во високото образование, како интелектуалка која знаењето не го чуваше себично во себе и за себе, туку го стави во служба на општото добро, на науката и на студентите. И оддаваме признание на една жена која му го посвети животот на демистификацијата и разбирањето на минатото, уверена дека без него не можеме целосно да ја разбереме ниту сегашноста, ниту самите себе. За тој придонес, за таа посветеност и за тој пример, Републиката денес ѝ изразува благодарност и длабока почит на нашата, на мојата Наде! Посакувам час поскоро да добие катче во Ресенскиот сарај, дворецот во градот, во нејзиниот природен свет, светот на книгите, со коишто најдобро другаруваше, тука, во библиотеката, а отсега, се надевам, во нејзината соба! Посакувам фондацијата „Наде Проева“ да го оствари нејзиниот завет: и по смртта да им служи на сличните на неа, на Наде – талентираните млади луѓе, кои имаат потреба од поддршка на тешкиот, но прекрасен научен пат! А, мене, мене ми е чест што ја познавав. Многу не задолжи нашата Наде, но верувам дека барем малку ќе и се оддолжиме со орденот „8 Септември“ кога вечниот македонски сон за самостојна и независна држава, за неа, за мене и за сите вас, стана јаве!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Судбина„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл. Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени. Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата. Mom of Kids Pushed to Death in Murder-Suicide Says Killer Was ‘Wonderful Dad’ Who Was ‘Depressed’ After Layoff https://t.co/DVaNxyQPEx — People (@people) November 5, 2026 На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“. „Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата. На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август. Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден. „Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“. За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби. Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“. „Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање. „Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.Тагови: деца татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЗабаваПознато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ. Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра. Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи. Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови. „Сите опции се отворени“ Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат. „Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој. Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина. Беше во брак со Клое Кардашијан Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24). Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.Тагови: OnlyFans Ламар Одом Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЕвропаФицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3. Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен. Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето. Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.Тагови: Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter