Здравко Чолиќ во целосна изолација: Што дочекав - Канал 5

Здравко Чолиќ во целосна изолација: Што дочекав

Иако на многумина им е тешко да замислат, Здравко Чолиќ има 68 години и деновиве му е забрането движењето во Србија.

Здравко Чолиќ во целосна изолација: Што дочекав

Властите таму забранија да излегуваат лица над 65 години, а Чола, според српските медиуми, сериозно ја сфатил самоизолацијата.

Story.rs пишува дека пејачот се изолирал од семејството и живее во посебно крило на својата вила во Белград. Од почетокот на вонредната состојба, тој не ги видел своите ќерки, Уна и Лара, кои се плашат дека може да му го пренесат вирусот на нивниот татко. Пејачот ја гледа само својата сопруга која му остава храна.

„Она што го искусив е дека се оддалечувам од сопствените деца во мојата куќа. Ова е ужасно, што доживеав. “, и се пожалил Чола на својата сопруга.

Тој комуницира со своите ќерки преку видео повик..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Катица Ќулавкова: Бугарија започна со блокади, затоа што ние самите создадовме услови

Бугарија започна со блокади и таа дискриминирачка улога кон македонскиот јазик, култура и народ, затоа што ние самите создадовме услови, рече академик Катица Жулавкова во гостувањето во Вести Плус. 

Катица Ќулавкова: Бугарија започна со блокади, затоа што ние самите создадовме услови

Бугарија започна со блокади и таа дискриминирачка улога кон македонскиот јазик, култура и народ, затоа што ние самите создадовме услови, покажавме слабости и дека сме подготвени на многу отстапки сами започнавме во сопствената држава да го маргинализираме македонскиот јазик, кој треба да е интегративниот фактор во една држава.

Ќулавкова вели дека општеството е премногу поделено по повеќе основи, неопходно според неа е да се обединат сите партии за тоа што е државен национален интерес независно од нивните политички концепти или етнички принципи. Треба да не поврзуваат идеолошки, развојни, културни принципи, цели и идеали, вели таа, а МАНУ треба да биде повидлива и погласна во однос на клучните проблеми и прашања кои не се чисто политички туку бараат одговор од науката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Катица Ќулавкова: Во мигот кога ОН ни поставија дополнителен услов, започна нашата голгота

На денот на осамостојувањето се чувствуваше голема радост и сите ја споделувавме таа радост што Македонија остварува некаков вечен сон.

Катица Ќулавкова: Во мигот кога ОН ни поставија дополнителен услов, започна нашата голгота

На денот на осамостојувањето се чувствуваше голема радост и сите ја споделувавме таа радост што Македонија остварува некаков вечен сон, радоста значеше дека македонскиот народ и знаеше да го процени историскиот миг дека со кој се заокружува еден процес на легитимирање на нацијата со државата, изјави академик Катица Ќулавкова во вечерашното издание на „Вести плус“.

Со самото наше барање да бидеме признати од ООН, во мигот кога ни поставија дополнителен услов, започна нашата голгота и таа трае до денес. Тогаш го направивме првиот исклучок, нешто што се рефлектира денес и за ЕУ, со многупати променет Устав, оценува Ќулавкова.

Според неа, Бугарија започна со блокади и таа дискриминирачка улога кон македонскиот јазик, култура и народ, затоа што ние самите создадовме услови, покажавме слабости и дека сме подготвени на многу отстапки сами започнавме во сопствената држава да го маргинализираме македонскиот јазик, кој треба да е интегративниот фактор во една држава.

Ќулавкова вели дека општеството е премногу поделено по повеќе основи, неопходно според неа е да се обединат сите партии за тоа што е државен национален интерес независно од нивните политички концепти или етнички принципи. Треба да не поврзуваат идеолошки, развојни, културни принципи, цели и идеали, вели таа, а МАНУ треба да биде повидлива и погласна во однос на клучните проблеми и прашања кои не се чисто политички туку бараат одговор од науката.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младиот битолчанец Михаил Николовски спаси семејство од Бугарија на плажа во Грција

Вистинска драма денеска се случила на плажата во Олимпијада, Грција, каде силните бранови однеле тричлено семејство од Бугарија.

Младиот битолчанец Михаил Николовски спаси семејство од Бугарија на плажа во Грција

Во моментите кога жената панично повикувала на помош, од присутните на плажата реагирал битолчанецот Михаил Николовски. Без двоумење влегол во разбрануваното море и, според сведоштвото на неговото семејство, најпрво ја извлекол жената, потоа детето, а на крај и таткото.

По спасувањето, присутните на плажата го поздравиле Михаил со силен аплауз.

Веста за храбриот Михаил ја пренесоа повеќе медиуми од регионот, со пофалби за потегот на младиот Македонец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер