3УЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029
Шоу бизЗдравко Чолиќ урива рекорди- за дочекот на 2024. во Дубровник ќе заработи 130.000 евра Здравко Чолиќ ќе добие дури 130.000 евра за да ја дочека 2024 година на Страдун во Дубровник, пренесуваат хрватските медиуми.Како што наведуваат, ова е убедливо најголемата сума што некој пејач ја добил за настап на новогодишната ноќ во Хрватска, по Дино Мерлин, кој, според хрватските медиуми, наводно земал 80.000 евра за дочекот во 2018 година во Дубровник. - Драги пријатели, со нетрпение го очекувам Дубровник, новогодишната ноќ на Страдун, најубавата сцена на светот! Здравко Чолиќ ве сака и ве поздравува – изјави пејачот кога беше објавено дека ќе пее во Дубровник.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
МакедонијаМакедонија2025 по четврти пат отвора повик за наставници во рамки на програмата „Науката и јас“Македонија2025, во соработка со компанијата Џонсон Мети, по четврти пат го отвора повикот за наставници во рамки на програмата за влијание на заедницата „Науката и јас“.Македонија2025, во соработка со компанијата Џонсон Мети, по четврти пат го отвора повикот за наставници во рамки на програмата за влијание на заедницата „Науката и јас“, со цел унапредување на наставата по природни науки и поттикнување на интересот на учениците за науката, истражувањето и практичната работа. Повикот е наменет за предметни наставници од основните училишта во Македонија кои реализираат настава по природни науки, биологија, хемија и физика, а особено за наставници-приправници и наставници со до 10 години работно искуство во наставата. Во рамки на проектот ќе се организира еднодневна практична обука за 25-30 наставници, со фокус на методи кои можат директно да се применат во училницата, вклучително учење базирано на истражување, практични експерименти, проектно учење, поттикнување критичко размислување и активно вклучување на учениците во процесот на учење. Обуката ќе се реализира во соработка, и е сертифицирана од страна на Бирото за развој на образованието. Програмата не завршува со самата обука. Учесниците ќе добијат дидактички материјали, практични стратегии за работа, менторска поддршка и сертификат за професионален развој. Дополнително, дел од наставниците ќе имаат можност стекнатото знаење да го применат заедно со своите ученици преку подготовка на експерименти и научни проекти, учество на 1–2 регионални саеми по наука или преку организирање сопствени научни активности во рамки на училиштето. За дел или за сите учесници, во зависност од нивната ангажираност во активностите по обуката, предвидена е и можност за добивање сет за наука со материјали и опрема за практични експерименти. За ограничен број наставници и ученици е предвидена и можност за посета на фабриката на Џонсон Мети во близина на Скопје. Четврта година на „Науката и јас“ Ова е четвртото издание на проектот „Науката и јас“. Во досегашните изданија проектот вклучи 109 наставници, над 35 ментори и илјадници ученици од училишта низ Македонија. Преку досега реализираните 10 регионални саеми по наука, учениците имаа можност своите експерименти и проекти да ги претстават пред повеќе од 2.600 врсници, наставници и членови на пошироката заедница. Континуитетот на програмата овозможува обуката на наставниците да биде поврзана со конкретна примена на наученото во училницата, поддршка од ментори и директно вклучување на учениците во истражување, експериментирање и практична работа. Македонија2025 упатува искрена благодарност до Џонсон Мети за континуираната поддршка на програмата, како и до Бирото за развој на образованието, наставниците, менторите, училиштата и сите дополнителни корпоративни и институционални партнери кои во изминатите години се вклучија во реализацијата на активностите и придонесоа кон проширување на влијанието на проектот. Нивната поддршка овозможи „Науката и јас“ постепено да прерасне од обука за наставници во поширока програма која ги поврзува професионалниот развој на наставниците, практичната примена на наученото, менторската поддршка и активното учество на учениците во науката. Отворени сме за нови партнерства И во новото издание, Македонија2025 останува отворена за соработка со компании, институции и организации кои ја препознаваат важноста на квалитетното образование по природни науки и сакаат да придонесат кон создавање дополнителни можности за наставниците и учениците. Дополнителните партнерства можат да придонесат кон проширување на активностите, обезбедување материјали и опрема за практична настава, поддршка на научните саеми и училишните активности, како и создавање нови можности учениците да се запознаат со практичната примена на науката, технологијата и иновациите. Целта на програмата останува иста - да ги зајакне компетенциите на наставниците и да создаде повеќе можности учениците да ја доживеат науката преку истражување, практична работа, експериментирање и создавање. Аплицирање и важни датуми Крајниот рок за аплицирање е 15 октомври 2026 година. Обуката е планирана за ноември 2026 година, додека практичната работа и активностите со учениците ќе се реализираат во текот на учебната 2026/2027 година. Научните саеми и презентациите на експериментите се предвидени за периодот март - мај 2027 година. Повеќе информации за повикот и начинот на аплицирање се достапни на: https://macedonia2025.com/en/news/otvoren-povik-za-predmetni-nastavnici-od-oblasta-na-prirodnite-nauki За дополнителни информации и прашања: [email protected] Науката започнува со љубопитност. Инспирацијата започнува со добар наставник.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
КултураПродолжуваат „Звуците на културата во Ѓорче 2026“ - забавна програма за сите генерацииВо рамките на традиционалната манифестација „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“, продолжува богатата културно-забавна програма под наслов „Звуците на културата во Ѓорче 2026“, наменета за сите генерации.По успешниот почеток на септемвриската програма со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, Општина Ѓорче Петров продолжува со нови настани кои ќе донесат музика, улична уметност, балет, хорско пеење, базар, детски работилници и дружење на повеќе локации во општината. На 16 септември, со почеток во 18:00 часот, кај амфитеатарот во Реонскиот парк, ќе се одржи „Music Talent Show“, со настап на млади таленти, музика и театарска претстава на Алтернативен театар „Отпишани“. Централната програма продолжува на 18 и 19 септември. Во петок, 18 септември, на Корзото и кај амфитеатарот, програмата започнува во 18:00 часот со „Баскерфест“, по што во 18:30 часот ќе настапи Балетското студио „Ребис“, а во 19:00 часот хорот „Фрида“. Во рамките на „На Базар“, посетителите ќе имаат можност да разгледаат штандови со ракотворби и различни производи, додека за најмладите ќе бидат организирани детски работилници и креативни содржини. Истата вечер, во Реонскиот парк, ќе се одржи музичката програма во рамките на „Октоберфест“. Во 20:00 часот ќе настапат „Суперхикс“, во 21:30 часот „Пауза за ракија“, а вечерта ќе продолжи со настап на DJ Галоски од 23:00 часот. Во сабота, 19 септември, програмата продолжува во Реонскиот парк. Во 19:00 часот ќе настапат The Crew, во 21:00 часот следува концертот на „Ареа“, во 22:30 часот ќе настапат „Куку Леле“, а програмата ќе ја затворат трубачите „Левис“ со почеток во 23:30 часот. -Деновите на Општина Ѓорче Петров се можност уште еднаш да покажеме дека нашата општина е заедница која живее, создава и се развива заедно. Сакам нашите паркови, улици и јавни простори да бидат места каде што граѓаните ќе се среќаваат, ќе се дружат и ќе создаваат убави спомени. Ги поканувам сите жители да бидат дел од програмата и заедно да ги прославиме деновите на нашето Ѓорче - рече градоначалникот Александар Стојкоски по повод завршните денови на манифестацијата „Звуците на културата во Ѓорче 2026“. Преку различните содржини, Општина Ѓорче Петров има цел да создаде простор за дружење, културна размена и заедничко доживување на јавниот простор, каде што семејствата, младите, децата и повозрасните ќе можат да бидат дел од една заедничка атмосфера.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
Други спортовиМОК ја продлабочува соработката со Светската е-спорт федерација: Е-спортот и олимпизмот се новатаМакедонскиот олимписки комитет денеска оствари работна средба со висока делегација на Светската е-спорт федерација (IESF), предводена од претседателот Влад Маринеску.Македонскиот олимписки комитет денеска оствари работна средба со висока делегација на Светската е-спорт федерација (IESF), предводена од претседателот Влад Маринеску, на која беа разгледани можностите за продлабочување на соработката и понатамошен развој на е-спортот во Македонија. Во ера на брза дигитална трансформација, на средбата беше потврдена заедничката визија за поврзување на е-спортот со традиционалниот спорт, со посебен фокус на заштитата на интегритетот, едукацијата и приближувањето на олимписките вредности до младите генерации. Генералниот секретар на МОК, Ѓорги Тасев, потсети дека е-спортот во државава е признат од 2022 година, а институционалната поддршка дополнително е потврдена со формирањето посебна комисија во рамки на Олимпискиот Комитет. Тој го истакна значењето на средбата, потенцирајќи ја потребата да се биде во чекор со времето и да се следат новите трендови доколку сакаме спортот да остане близок до младите. „За нас како Македонски олимписки комитет ова е исклучително значајна средба. Ни значи многу што денеска имаме можност да разговараме со претседателот Маринеску, а особено нè радува што во структурите на една ваква глобална организација се и Македонците Бобан Тотовски и Игор Недевски. МОК силно го поддржува е-спортот и веќе имаме формирано комисија со цел да го развиваме и интегрираме во секојдневниот спорт, нормално, преку доследна заштита на интегритетот, едукативниот и спортскиот аспект. Сакаме да ја интензивираме соработката со Македонската е-спорт федерација. Врската помеѓу е-спортот и олимпизмот е веќе реалност која не може да се игнорира. Ние активно ги следиме новите трендови и јасно ни е дека за да допреме до младите генерации и да им ги пренесеме олимписките вредности, мораме да зборуваме на нивниот јазик, а дигиталниот свет е нивното секојдневие“, изјави Тасев. Претседателот на Светската е-спорт федерација, Маринеску, изрази благодарност за отвореноста и визијата на МОК. „Поддршката од Олимпискиот комитет е од големо значење за глобалниот развој на е-спортот. Радува фактот што Олимпискиот комитет овде има слух за модерното време и новите генерации. Оваа институционална подготвеност за соработка и заштита на интегритетот на спортот е вистински пример за тоа како традиционалниот спорт и е-спортот можат да се надополнуваат во духот на олимписките вредности“, изјави Маринеску. Генералниот секретар на IESF, Бобан Тотовски, ја поздрави подготвеноста на МОК за продлабочување на соработката и ја потенцираше важноста на домашната поддршка за меѓународниот успех. „Како претставник на светската федерација, но пред сè како Македонец, горд сум на чекорите што ги презема МОК. Следењето на глобалните технолошки и спортски трендови е одлика на вистинско лидерство. Формирањето на посебната комисија и признавањето на е-спортот од 2022 година, како и формирањето на е-спорт простор во рамки на Олимпискиот центар покажуваат сериозна визија. Оваа средба е само потврда дека со заеднички сили можеме да го кренеме е-спортот во државата на едно многу повисоко ниво“, истакна Тотовски. Посебен фокус во натамошната соработка ќе биде ставен на едукацијата и на заедничкото организирање на настани и натпревари, преку кои ќе се промовираат спортскиот и едукативниот аспект на е-спортот. Соработката меѓу двете страни отвора нови можности за поврзување на е-спортот и традиционалниот спорт, особено во создавањето нови можности за младите и за меѓународна промоција на Македонија. На крајот од работната средба беше заклучено дека двете страни остануваат посветени на понатамошен развој на соработката и реализација на нови заеднички активности и иницијативи во областа на е-спортот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter