Завршува ИФАД „Стоби 2022“ - Канал 5

Завршува ИФАД „Стоби 2022“

Во чест на лауреатите, вечерва во 20 часот  на сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес во рамките на годинашниот 19-ти Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2022“ свој настап ќе има Националната опера и балет.

Завршува ИФАД  „Стоби 2022“

Во чест на лауреатите, вечерва во 20 часот на сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес во рамките на годинашниот 19-ти Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2022“ свој настап ќе има Националната опера и балет, со изведбата на современата балетска претстава „Госпоѓиците од Авињон“, со музика на Калиопи, кореографија на Олга Панго, либрето на Сашо Димоски.

Тие ќе настапат веднаш по доделување на наградите на фестивалот Гран при за најдобра претстава,за најдобра женска и машка улога и за најдобра режија.

Во официјална селекција на 19 ИФАД „Стоби“ се претставите кои во изминатите денови беа изведени на програмата „Антигона“, според Софокле, во режија на Диего Де Бреа, продукција на „Београдско драмско позориште“ од Србија, со која на 17 септември се отвори фестивалот.

На 19 септември на истата сцена, се изведе претставата „Ифигенија“, според Еврипид, во режија на Зоран Ракочевиќ, настаната во копродукција меѓу „Корифеј театар“, ЦК „Колашин“ и ЦК „Бјело Поље“, сите од Црна Гора.

Изведбата на претставата „Одисеј“ од Александар Секулов, според Хомер, режија на Диана Добрева, продукција на драмскиот театар „Н. О. Масалитинов“, од Пловдив, Бугарија беше на 24 септември.

Народниот театар од Ниш, Србија на 26 септември ја изведе претстставата „Еден Едип“, по авторски текст на А. Н. Роса, во режија на Југ Ѓорѓевиќ.

Последен наслов во официјалната селекција на 28 септември беше „Пандорината кутија: наследството на ќерката“ од Ришард Ниечим и „Медиа Артес“.

Сашо Димоски селектор на фестивалот и директор на Велешкиот театар во изјавата за МИА, оценува дека за разлика од изминатите години оваа година на ИФАД „Стоби 2022“ на публиката и понудиле разновидна програма со претстави, придружна програма и off-програма на фестивалот.

-Годинашната програма на ИФАД „Стоби 2022“ е поинакво искуство во сето она што досега значел Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“. Се надевам дека годинашното издание ќе помогне во тоа фестивалот да го издигне своето реноме на уште повисоко ниво и да стане една сериозна платформа на интернационална комуникација и создавање театарска уметност, потенцира Димоски./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрова немала информации дека ДАНС ѝ вршел притисок на Михаилова

За бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова останува мистерија од каде доаѓале информациите за наводни притисоци врз Ива Михаилова од страна на бугарската државна агенција за национална безбедност - ДАНС. 

 Петрова немала информации дека ДАНС ѝ вршел притисок на Михаилова

Откако опозициската партија „Да, Бугарија“, се закани дека за случајот со обвинувањата за притисоци врз Михаилова ќе го информираат и Брисел, Петрова-Чамова изјави дека досега немало индиции за какви и да се притисоци врз михаилова

–Како што можев да видам од изјавата на Ива Михаилова, таа самата тврди дека не била изложена на притисоци, па затоа за мене е мистерија од каде се појавија ваков тип на информации, до кои европски институции ќе пристигнат и што ќе им одговорат не сум многу сигурна, но досега немам видено таков случај,- -изјави Велислава Петрова-Чамова, министерка за надворешни работи на Бугарија.

На Михаилова, која има и македонско и бугарско државјанство, во судот во Кочани и се суди за сообраќајна несреќа лани во која животот го загуби 33-годишниот Бесим Дурмиши од Скопје.

Судењето се одвива во нејзино отсуство откако таа на 11 октомври под досега нерасчистени околности побегна од државата. Според адвокатот Драган Пешевски, одлуката на Михаилова да побегне во Бугарија, во време кгоа против неа се води активна судска постапка без пресуда, е неодговорна и нелогична.

–. Така да, сметам дека оваа одлука, посебно по она што го слушаме во јавноста за притисоци од службите од соседната држава, сметам дека брзо и се одби од глава оваа одлука,- изјави адвокат Драган Пешевски.

За потсетување, јутјуберот Станислав Цанов вчера објави аудиоснимки на кои наводно Михаилова тврди дека за време на лекувањето во Софија и бил поставен услов од вработен во ДАНС –да гостува кај новинарот Мартин Кабровски, кој добил однапред подготвени прашања, во спротивно ќе останела без средства за нејзиното лекување.

Михаилова и самата се огласи на социјалните мрежи, отфрлајќи ги обвинувањата дека некој во Бугарија и вршел каков било притисок. Пристисок врз михаилова демантираше и бугарската државна агенција за национална безбедност -данс. Следно рочиште за судскиот процес против Михаилова во кочанскиот суд е најавено за 27 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ново намалување на цените на горивата: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари

Од ноќеска на полноќ, ново поевтинување на цените на гориватамалопродажните цени на еуросупер бс-95 и еуросупер бс-98 се намалуваат за два денари по литар.  

Ново намалување на цените на горивата: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари

Бс-95 ќе се продава за 84 денари, а бс-98 за 86 денари за литар.

Дизелот еуродизел поевтинува за 2,5 денари, па новата цена ќе изнесува 92 денари за литар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во Брисел на форум за проширување на Европската унија

Македонија е исклучително добра во користењето на Планот за раст – нагласи претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен на отворањето на Самитот за проширување на ЕУ во Брисел. 

Мицкоски во Брисел на форум за проширување на Европската унија

Фон дер Лајен ја истакна земјава говорејќи за модернизацијата на начинот на кој земјите кандидатки можат да се приклучат на Унијата, поточно постепената интеграција преку исполнување на Планот за раст но и построги правила за идните земји членки.

-Европа отвора сектори на единствениот пазар, за возврат, земјите од проширувањето спроведуваат клучни реформи, да се ​​обезбеди дека имаме еднакви услови за игра со единствениот пазар на нашата Унија. Сето ова е комбинирано со значителни инвестиции. // На пример, Македонија е исклучително добра во користењето на Планот за раст. Принципот е едноставен - напредок во реформите што носи напредок во интеграцијата и нови пазари за двете страни,- - Урсула Фон Дер Лајен, Претседателка на европска комисија.

Фон дер Лајен е децидна дека постои нов моментум на проширувањето - Црна Гора се приближува кон финишот на пристапните преговори, Албанија постигнува „импресивен„ напредок а низ целиот Западен Балкан, земјите преземаат важни чекори на својот пат кон членство, изјави таа.

На Самитот ќе се обрати и премиерот Христијан Мицкоски на панелот посветен на реформите, инвестициите и растот. Претходно тој оствари и средба со директорот на Генералниот директорат за проширување и источно соседство на Европската комисија - Герт Јан Копман.

-Нашата определба за членство во Европската Унија е јасна и недвосмислена. Македонија заслужува европска иднина, заснована на принципиелни односи, почитување и заштита на националните интереси, како и доследно спроведување на реформите во интерес на граѓаните,- - Христијан Мицкоски, претседател на влада.

Само оваа година е постигнат повеќе напредок во проширувањето од последните 25 години, оцени ресорната еврокомесарка – Марта Кос, која додаде дека Русија би сакала да го спречи тој процес, наштетувајќи им на земјите-кандидатки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер