3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
МакедонијаНово намалување на цените на горивата: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари Од ноќеска на полноќ, ново поевтинување на цените на гориватамалопродажните цени на еуросупер бс-95 и еуросупер бс-98 се намалуваат за два денари по литар. Бс-95 ќе се продава за 84 денари, а бс-98 за 86 денари за литар. Дизелот еуродизел поевтинува за 2,5 денари, па новата цена ќе изнесува 92 денари за литар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШумската полиција се засилува: Доделени уверенија на 81 полицаец и еден заменик-командирНа свеченост во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска беа доделени уверенија за завршена шестмесечна обука на 81 шумски полицаец и на еден заменик-командир.Министерот Серафимовски посочи дека засилувањето на Шумската полиција со нови човечки ресурси доаѓа на почетокот на грејната сезона, кога се очекува поголем притисок врз шумите. Тој истакна дека со вклучувањето на новите полицајци, Шумската полиција ќе може да спроведува повеќе контроли за да ја спречи бесправната сеча и да открива случаи на превоз и продажба на дрва од незаконско потекло. „Законот треба да важи подеднакво за секого, без оглед на името или функцијата. Држете се до фактите и постапувајте во рамките на своите законски овластувања. Ја имате целосната моја поддршка во борбата против криминалот со нашето шумско богатство“, им порача министерот Серафимовски на новите припадници на Шумската полиција, соопштуваат од МЗШВ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Петрова немала информации дека ДАНС ѝ вршел притисок на МихаиловаЗа бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова останува мистерија од каде доаѓале информациите за наводни притисоци врз Ива Михаилова од страна на бугарската државна агенција за национална безбедност - ДАНС. Откако опозициската партија „Да, Бугарија“, се закани дека за случајот со обвинувањата за притисоци врз Михаилова ќе го информираат и Брисел, Петрова-Чамова изјави дека досега немало индиции за какви и да се притисоци врз михаилова –Како што можев да видам од изјавата на Ива Михаилова, таа самата тврди дека не била изложена на притисоци, па затоа за мене е мистерија од каде се појавија ваков тип на информации, до кои европски институции ќе пристигнат и што ќе им одговорат не сум многу сигурна, но досега немам видено таков случај,- -изјави Велислава Петрова-Чамова, министерка за надворешни работи на Бугарија. На Михаилова, која има и македонско и бугарско државјанство, во судот во Кочани и се суди за сообраќајна несреќа лани во која животот го загуби 33-годишниот Бесим Дурмиши од Скопје. Судењето се одвива во нејзино отсуство откако таа на 11 октомври под досега нерасчистени околности побегна од државата. Според адвокатот Драган Пешевски, одлуката на Михаилова да побегне во Бугарија, во време кгоа против неа се води активна судска постапка без пресуда, е неодговорна и нелогична. –. Така да, сметам дека оваа одлука, посебно по она што го слушаме во јавноста за притисоци од службите од соседната држава, сметам дека брзо и се одби од глава оваа одлука,- изјави адвокат Драган Пешевски. За потсетување, јутјуберот Станислав Цанов вчера објави аудиоснимки на кои наводно Михаилова тврди дека за време на лекувањето во Софија и бил поставен услов од вработен во ДАНС –да гостува кај новинарот Мартин Кабровски, кој добил однапред подготвени прашања, во спротивно ќе останела без средства за нејзиното лекување. Михаилова и самата се огласи на социјалните мрежи, отфрлајќи ги обвинувањата дека некој во Бугарија и вршел каков било притисок. Пристисок врз михаилова демантираше и бугарската државна агенција за национална безбедност -данс. Следно рочиште за судскиот процес против Михаилова во кочанскиот суд е најавено за 27 ноември. Тагови: ива михаилова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook