Се уште нема обвинение за полицајците осомничени за непостапување во случаите со трагично загинатите Росица и Ивана
Повици до институциите за итна разврска на случајот со претепаната девојка во Охрид-Спорни се квалификацијата на делото и мерките што се одредени за насилникот
1Се уште нема обвинение за полицајците осомничени за непостапување во случаите со трагично загинатите Росица и Ивана
2Повици до институциите за итна разврска на случајот со претепаната девојка во Охрид-Спорни се квалификацијата на делото и мерките што се одредени за насилникот
3Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош
3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
МакедонијаПовици до институциите за итна разврска на случајот со претепаната девојка во Охрид-Спорни се квалификацијата на делото и мерките што се одредени за насилникотОстра осуда и повици до институциите за итна разврска- се огласија политичките партии за случајот со претепаната девојка во Охрид. И власта и опозицијата бараат детална истрага и одговорност за сите вмешани лица кои на било каков начин му помогнале на сторителот да го прикрие делото и да помине со поблаги мерки. Од ВМРО-ДПМНЕ со која го поврзуваат семејството Корабоски, преку соопштение го осудија насилството врз 26 годишната Сара и порачаа дека никој не е над законот. Упатија критика до обвинителството зошто по апсењето го пуштиле сторителот на слобода. -Ова е скандалозно однесување на Обвинителството, за која мора да има одговорност. Доколку постојат индиции дека кој било, дури и од Обвинителството, се обидува да го заташка случајот или на незаконски начин да влијае врз постапката, мора веднаш да биде изведен пред лицето на правдата., стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ пак велат дека блиските релации на семејството со владејачката партија му помогнале на насилникот да помине полесно. Повикаа на протест утре во 18 часот пред СВР Охрид. -Пропустите на МВР и штитењето на криминалот имаат фатални последици. Затоа бараме веднаш да се утврдат сите пропусти, влијанија и обиди за заштита на осомничениот насилник. Бараме одговорност од сите и нивно разрешување од позициите. Бараме итна и ефективна заштита на Сара,-Кети Штерјова – Форум на жени на СДСМ. За да се стави крај на покажување на моќ пред системот треба да има поригорозни казни, оценува претседателката на ЛДП Моника Зајкова. Според неа треба да одговараат и оние кои се обиделе да му помогнат на сторителот да го прикрие случајот. -Сметам дека обвинителството во ваков случај треба да ги земе сите околности и како правник би барала да се квалификува како обид за убиство а не само како нанесување на телесни повреди. Навистина се гледа дека девојката можеше да биде следната жртва на фемицид. / Чиво сака нека биде, дете на директор, на министер, на кого сака, одговорност пред законот,-Моника Зајкова – претседателка на ЛДП. Се огласи и министерот за правда Јетон Шасивари, кој вели дека полицијата, обвинителството и судовите мора да постапуваат без притисоци, привилегии и двојни стандарди, а секое пропуштање, непостапување или незаконско влијание мора да биде предмет на соодветна проверка и одговорност. Додава дека со новиот Кривичен законик ќе се зајакне заштитата од семејно и родово базирано насилство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе уште нема обвинение за полицајците осомничени за непостапување во случаите со трагично загинатите Росица и Ивана Се уште е неизвесно дали некој од полициските службеници кај кои беа утврдени пропусти во постапувањето во случаите со семејно насилство во кои животот го загубија Росица Коцева и Ивана Јовановска, ќе понесе и кривична одговорност. Повеќе од една година по убиството на 31-годишната Росица од Велес, која заедно со својот татко беше убиена од нејзиниот поранешен партнер Илија Стефановски, а кој потоа си го одзеде и сопствениот живот, се проверува постапувањето на 11 полициски службеници од СВР Велес. Во предметот за Ивана која со својата малолетна ќерка си го одзеде животот, под лупа се 39 полициски службеници кои не постапувале по пријавите за семејно насилство против нејзиниот сопруг Стојанче Јовановски. Досегашниот шеф на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, тврди дека во двата предмета интензивно се постапува, дека се сослушани голем број лица и дека наскоро се очекува обвинителска одлука. -Во тој предмет се преземени доста дејствија, се сослушани многу осомничени, сведоци, лица кои можат да помогнат во оваа постапка и очекуваме во брзо време јавниот обвинител да донесе соодветна јавнообвинителска одлука. По однос на времетраењето на предметите и преземените дејствија, од секој настан, од секоја кривична пријава зависи. За двата предмети што вие ги спомнавте интензивно се постапува и секако кога ќе ги прибави сите потребни докази и известувања и наредби што ги дал јавниот обвинител, ќе донесе соодветна јавнообвинителска одлука и по овие предмети,- изјави – Ислам Абази – Досегашен шеф на ОЈО ГОКК. Но, новата шефица на ова обвинителството, Искра Хаџи Василева, уште на почетокот на мандатот посочува на проблем во функционирањето на специјализираното одделение кое ги гони полициските службеници. На реакциите околу долгото траење на истрагите, вели дека еден од нејзините приоритети ќе биде прашањето за функционирањето на ова одделение. -Веројатно во иден период треба да се размислува за, во суштинска смисла да се размислува за позицијата на ова одделение и за видот на пристап во однос на одговорноста, бидејќи одговорноста на полициските службеници е широка. Таа имате и дисциплинска и кривично-правна. Мислам дека тука има простор за подобрување, а знам дека и раководителот е на тој став, така што останува тоа да биде едно од прашањата со кои после првите административни ќе се занимава секако и шефот на обвинителството,- изјави – Искра Хаџи Василева – ЈО на ОЈО ГОКК. Хаџи Василева од денеска и официјално ја презеде функцијата шефица на ОЈО ГОКК од Ислам Абази, кој по истекот на мандатот се враќа во Вишото јавно обвинителство во Гостивар. Таа порача дека е убедена оти ќе остане имуна на политичките и другите притисоци и дека нема да дозволи интервенции во конкретни предмети. Абази заминува од функцијата со оценка дека обвинителството го водел професионално, законито и непристрасно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОсомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасошКристијан Корабоски доби мерки на претпазливост, за 31 годишниот охриѓанец кој е осомничен дека ја претепал неговата 26 годишна девојка и ја исфрлил полусвесна пред маркет од автомобил, охридското обвинителство не побара притвор.Кристијан Корабоски доби мерки на претпазливост, за 31 годишниот охриѓанец кој е осомничен дека ја претепал неговата 26 годишна девојка и нефоцијално полусвесна ја исфрлил пред маркет од автомобилот, охридското обвинителство не побара притвор, откако СВР Охрид му поднсе кривична пријава за нанесување „тешки телесни повреди“. Од кривичниот суд во Охрид велат дека се одредени побараните мерки, а зошто нема притвор за осомничениот насилник на прашањето не одговори ниту републичкиот обвинител Ненад Савески, кој посочи дека не сака да шпекулира околу квалификацијата на делото и дали истата треба да биде потешка, бидејќи се уште се прибираат докази. На Корабоски, кој треба еднаш неделно да се јавува во суд, одземен му е пасошот, изречена му е забрана да и се приближи на Ѓорѓиоска на 50 метри. -Доколку би одговорил на вашето прашање, да утврдам јас правна квалификација, тоа би се свело на мое шпекулирање, бидејќи правната квалификација произлегува од сето она што ќе се собере на истражната постапка. Денес дури известен сум од надлежниот јавен обвинител дека веќе се во контакт со жртвата, тој исказ ни е многу суштествен, од него ќе ни произлезат многу докази, со голема доказна вредност,- - Ненад Савески – Јавен обвинител на РМ. „Собери ги сите познаници, да го прикроиеме нештово и да се ослободиме од оваа, дали да ја фрлам во некоја провалија?“ – е разговорот кој го слушнала Сара во автомобилот помеѓу насилникот и неговиот татко, инспектор во УЈП, според обвинувањата на нејзината мајка која ги изнесе на социјалните мрежи. Таа обвинува и дека се правеле обиди за прикривање на случајот преку неговите родители, нагласувајќи дека негова мајка е Љубинка Корабоска, поранешна – претседателка на антикорупциска. Дополнително, според тврдењата, и неговата тетка се јавувала во болницата каде што е сместена за да влијае врз медицинскиот извештај и да се прикаже дека имала полесни повреди. Савески кажа дека се истражуваат и овие наводи. Братот на Сара, Димитар, за Канал 5 вели дека хоророт за претепаната девојка, која има отоци на главата, модрици по цело тело и знаци на давење, е уште поголем оти насилникот е на слобода, па секој слушнат чекор во болницата мисли дека е негов. Воедно, стравуваат да не влијае на обвинителите и на докторите. -Слушнавме дека е ослободен и уште дотолку се исплаши сестра ми. Цела ноќ никој не спиеше, сестра ми ми вика дека секој звук што го слуша, стравува дека некој ќе влезе, и ние подолг период останавме пред болницата и мораше да сме тука во близина. Сара кога се освестила малку, слушнала како прашува напаѓачот како да се спаси од делото, ни кажа дека го зела телефонот да бара помош и рекле да молчи оти ќе биде убиена. Го зела од дечкото телефонот, затоа што нејзиниот веќе бил уништен. Напаѓачов не е задржан ниту 18 часа. Сношти во 11 часот само,- - Димитар Ѓорѓиоски – брат на Сара Ѓорѓиоска. Во меѓувреме во приведен е и таткото на Ѓорѓиоска, по пријавата на мајката на осомничениот дека по претепувањето телефонски им се заканувал на целото семејство, за што од СВР Охрид велат дека исто така ќе следува кривична пријава. Што се однесува до безбедноста на Сара, посочија дека полицијата ќе ја спроведе секоја мерка која ќе биде побарана од правосудните органи. -По консултации со ЈО, СВР Охрид ќе преземе и други мерки доколку бидат побарани од ЈО, така да напоменувам дека посебен тим на полициски службеници е посветен на решавање на овој казнено правен настан и секако сигурноста и безбедноста ја гарантира СВР Охрид. Според кривичната пријава, на 15ти во два часот по полноќ дошло до расправија меѓу партнерите во домот на Корабоски, а продолжила во автомобилот на осомничениот кој бил во алкохолизирана состојба, по што тој физички ја нападнал. Откако го сопрел возилото, продолжил со нападот, при што Ѓорѓиоска изгубила свест и паднала. Неофицијално, ја оставил пред маркет во Охрид. Три часа подоцна, околу 5 часот, Корабоски бил приведен од полицијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter