Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи
1Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи
3Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска
КултураЗавршија 58. Рацинови средби со доделување на признанијата на годинашните лауреатиПрограмата на Рациновите средби траеше во изминатите два дена, а завршува денеска со традиционалната посета на планината Лопушник, Кичевско, местото на погибјата на Рацин, во чија чест ќе се одржи Марш за Рацин.Со доделување на Рациновото признание на Милован Стефановски за „Теорија за кучешката година" и на Почесното Рациново признание на Ала Генадјевна Шешкен, руски славист и македонист, за нејзиниот придонес за афирмација на македонскиот јазик и литератира во светот, синоќа во Велес завршија 58. Рацинови средби. Програмата на Рациновите средби траеше во изминатите два дена, а завршува денеска со традиционалната посета на планината Лопушник, Кичевско, местото на погибјата на Рацин, во чија чест ќе се одржи Марш за Рацин. Поради пандемијата и неможноста да присуствува лично, добитничката на Почесното Рациново признание за 2021, Ала Генадјевна Шешкен, се обрати со видеопорака, а наградата ќе и биде врачена преку Руската амбасада. На нејзиниот универзитет „Ломаносов" во Москва рече дека се формираат нови генерации македонисти кои ги сакаат литературата и јазикот на Кочо Рацин и Блаже Конески. -Годинава се одбележуваат и сто години од раѓањето на Блаже Конески. Делата на Конески и Рацин и на другите современи македонски писатели ја отсликуваат убавината на македонскиот јазик, благородството на националниот карактер, богатството на душата на човекот, рече Генадјевна Шешкин. -Во ситуација на пандемијата, за жал, немав можност лично да присуствувам на оваа убава свеченост и затоа ви се обраќам преку видеоснимка, истакна наградената македонистка од Русија. Во салата на Велешкиот театар, оваа висока награда за проза на лауреатот Милован Стефановски му ја врачи градоначалникот на Велес Аце Коцевски, во својство на претседател на организацискиот одбор на Рациновите средби. Стефановски во своето обраќање нагласи дека наградата го има најубавото книжевно име кај нас, името на Рацин, со која може да се закити и гордее македонскиот писател. Посочи дека во своите почетоци, во 1978 година, ја напишал песната „Лопушник" посветена на Кочо Рацин. -Рацин за мојата генерација и сите родени во времето по војната за нас претставуваше книжевна икона, со посебен пиетет ги учевме неговите стихови, со нагласен восхит ги рецитиравме неговите песни во најразлични пригоди и со незгаслива жед ги читавме сите текстови поврзани со Рацинивиот живот и дело, рече Стефановски. Додаде дека е голема неправда што големиот поет го напуштил светот на само 35 години и оследен пат, како што рече, ја видел светлината кога го слушнал несреќниот истрел на падините на Бистра. -Рацин за толку кратко време напишал колку за неколку нормални животи. Ако не се случил тој трагичен настан, не можеме ни да замислиме уште колку убави и значајни нешта би се случиле со името на знаменитиот велешанец. Името на Рацин би било на прво место меѓу основачите на Друштвото на писателите на Македонија, кое е формирано само три и пол години по неговото загинување, рече Стефановски. Во рамки на 58.Рацинови средби, учесниците и гостите вчера традиционално ја посетија Спомен-куќата на Коста Солев Рацин во стариот дел на Велес, а Клубот на писатели „Коста Солев Рацин" од Велес промовираше збирка поезија од проектот „Млади поети:Битисување од љубов", во издание на Агенцијата за млади и спорт. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикиниТаа е жена од соништата, во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година. Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи. Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања. Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикиниМладата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекцијаСексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи. Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење. „Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата Тагови: кајли џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамВидео: Гламурозно порше 911Славната француска модна куќа „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“. Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили. Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци. Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач. Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС. Louis Vuitton і Singer створили шикарний тандем: переосмислений Porsche 911 🚗 Спочатку Singer звернувся до Louis Vuitton із проханням створити годинник для панелі приладів, але ідея переросла у повноцінний дизайн 2 авто з фірмовими матеріалами та деталями Louis Vuitton 🤩 pic.twitter.com/Z9vrcafQru — Радіо Трек (@radiotrek) August 13, 2026 Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода. Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter