Властите во Колумбија ќе убијат 80 нилски коњи на поранешниот нарко бос Ескобар - Канал 5

Властите во Колумбија ќе убијат 80 нилски коњи на поранешниот нарко бос Ескобар

Колумбиските власти планираат остро намалување на популацијата на нилски коњи коишто потекнуваат од животни  донесени и во сопственост на некогашниот нарко-бос Пабло Ескобар.

Властите во Колумбија ќе убијат 80 нилски коњи на поранешниот нарко бос Ескобар

Колумбиските власти планираат остро намалување на популацијата на нилски коњи коишто потекнуваат од животни донесени и во сопственост на некогашниот нарко-бос Пабло Ескобар, соопшти Владата, по години дебата за тоа како да се контролира крдото во пораст.

Министерката за животна средина, Ирене Велез Торес објави дека властите имаат намера првично да убијат околу 80 животни, велејќи дека напорите за преместување на нилските коњи во зоолошки градини и паркови за диви животни во земји, вклучувајќи ги Мексико, Индија и Филипините - досега не успеале. Министерството, се вели, сè уште работи на планови за преместување, но се предупредува дека е потребна итна акција за да се ограничи бројот на овие животни.

Се проценува дека во мигов во Колумбија живеат околу 200 нилски коњи. Без интервенција, нивниот број би можел да се зголеми на околу 1.000 до 2035 година, соопшти министерството.

Научниците предупредуваат дека животните ги нарушуваат околните екосистеми, загрозувајќи ги автохтоните видови, како што се морските крави и речните желки, и оштетувајќи го обработливото земјиште, а истовремено претставуваат опасност и за луѓето.

Нилските коњи потекнуваат од четири животни од Африка, увезени од Ескобар за неговата приватна зоолошка градина во имотот „Хасиенда Наполес“. Откако Ескобар беше убиен од безбедносните сили во 1993 година, имотот пропаднал, а животните избегале во блиските реки, каде што брзо се размножувале и се прошириле низ регионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Блокадите на училиштата се шират низ Франција, учениците палеа канти и фрлаа предмети кон полицијата

Француските средношколци продолжуваат со блокирање на училиштата барајќи подобри услови за образование.

Блокадите на училиштата се шират низ Франција, учениците палеа канти и фрлаа предмети кон полицијата

Протестите ескалираа во судири со полицијата, при што учениците палеа канти за отпадоци и фрлаа разни предмети кон полицајците. Демонстрациите пред средните училишта траат уште од минатата недела. Учениците се незадоволни од пренатрупаните распореди, преголемите паралелки и недостигот на наставници, пренесува „Еуроњуз“.

Проблем претставуваат и прегреаните училници по неодамнешните топлотни бранови. Движењето започна во регионот Ил-де-Франс (областа околу Париз), каде што образовните власти забележаа блокади во околу десетина училишта. Оттогаш, протестите се проширија и во други градови низ земјата.

Судири низ Франција

Во Лил, во северна Франција, маскирани ученици се собраа пред средното училиште „Сезар Баџо“. Според фотограф на АФП, тие запалиле канти за отпадоци и уништиле автобуски постојки и билборди. Фрлале шишиња, калдрма и други предмети кон полицијата, која возвратила со солзавец.

Во Нант, на западот од земјата, тинејџери го блокирале влезот на училиштето „Габриел Гист'о“ користејќи десетици канти за отпадоци. Тензично беше и пред училиштето „Араго“ во Париз, каде што околу триесет ученици се соочија со полициски кордон. Слични акции беа пријавени во Марсеј, Бордо и Лион.

Околу осумдесет ученици се собраа пред училиштето „Ламартин“ во Париз. Тие носеа транспаренти со натписи: „повеќе часови на настава отколку спиење“ и „од 8 наутро до 6 попладне – дали сме ученици или затвореници?“. Немири избија и во Рен, пред најголемото средно училиште во Бретања, „Брекињи“, каде што околу стотина ученици фрлаа разни предмети кон зградата.

Политички реакции и поширок контекст

Ученичките протести се одвиваат во време кога синдикатите организираат национални демонстрации и штрајкови против буџетот предложен од владата на премиерот Себастиен Лекорну, близок соработник на претседателот Емануел Макрон.

Се очекува десетици илјади луѓе да се соберат во Париз и во други градови. Наставниците и пожарникарите штрајкуваат низ целата земја, иако јавниот превоз моментално функционира без поголеми прекини. „Гневот е огромен. Ја предупредувам владата дека мора да ги слушне барањата и да го ревидира нацрт-буџетот. Тоа е опасно за земјата и нè води директно кон рецесија со брзина од 200 километри на час“, изјави за „BFM TV“ Софи Бине, лидерката на синдикатот „CGT“.

Една 17-годишна ученичка од гимназијата „Ламартин“, која сакаше да остане анонимна, изјави дека се фрустрирани поради недостигот на ресурси, условите во училниците и пренатрупаните распореди. „Тука сме и за да ги поддржиме нашите наставници, кои работат исклучително напорно за платата што ја добиваат“, изјави таа за „AFP“.

Премиерот Лекорну вчера изјави дека каква било ескалација на протестите во училиштата би била неодговорна. Тој остро ја критикуваше радикално левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI) за поттикнување немири. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез соопшти дека вчера биле уапсени 164 лица и дека протестите опфатиле 180 училишта. „Нема да толерираме неред“, додаде тој.

Во сиромашното париско предградие Сен-Сен-Дени, градоначалникот од редовите на „LFI“, Бали Багајоко, им се придружи на стотици ученици на протестот пред гимназијата „Пол Елијар“. Тој ги предводеше учениците во пеењето на „Марсејезата“ и ги опиша протестите како целосно легитимни. Тој предупреди дека посиромашните области добиваат значително помалку средства од побогатите.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција низ цело Скопје

Утре, 30 септември, со почеток во 10:00 часот, низ сите скопски општини ќе се одржи голема еколошка акција за чистење на јавните површини, во која ќе учествуваат неколку илјади волонтери.

„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција низ цело Скопје

Во акцијата ќе се вклучат општините и градоначалниците, амбасади, ученици, спортисти, јавни личности и голем број граѓани, со заедничка цел – почисто, поубаво и поздраво Скопје.

Акцијата е замислена како почеток на континуирана иницијатива, која ќе продолжи да се организира двапати месечно, со цел грижата за јавниот простор да стане трајна навика и заедничка одговорност.

Ги повикуваме сите граѓани да се приклучат и со личен пример да придонесат за почисто и поуредно Скопје.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС со блокади и празни пораки не можат да ги сокријат фактите дека денес имаме повисоки пензии

Филипче и СДС со блокади и празни пораки не можат да ги сокријат фактите  дека денес имаме повисоки пензии, пониски цени на горивата и економски раст.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС со блокади и празни пораки не можат да ги сокријат фактите  дека денес имаме повисоки пензии

РЕАКЦИЈА НА ПРЕСОТ НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ

Филипче нуди само блокади и празни политички пораки, на СДС и Филипче се им смета и се против се што е добро за државата.

Кога Филипче зборува за горивата, да го потсетиме дека во услови на најголемата енергетска криза, денес во Македонија благодарение на политиките на Владата дизелот има најниска цена во регионот и пошироко.

Во однос на пензиите, СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен денес имаме 7.000 денари повисоки пензии и редовна исплата.

За помалку од две години, пензиите се зголемени за околу 7.000 денари, што е значително повеќе од зголемувањето од 540 денари во првите две години од мандатот на СДС.

СДС нема кредибилитет да зборува за пензиите. Во првите 2 години од доаѓањето на СДС на власт, од јуни 2017 година до јуни 2019 година, Заев и Филипче пензиите ги зголемиле за 540 денари.

За време на СДС и ДУИ, над 200 илјади пензионери примаа пензии под 14 илјади денари, а зголемувањата беа минимални и недоволни за реално подобрување на животниот стандард.

Филипче и СДС знаат само за марихуана економија, стабри здравство и тендери а единствена грижа им беа провизиите, процентите и тендерите во четири очи.

Да потсетиме дека во првите осум квартали по доаѓањето на СДС и ДУИ на власт, просечниот реален раст на БДП изнесувал околу 2,6 проценти. Во првите осум квартали на актуелната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, просечниот раст изнесува околу 3,55 проценти. И последниот официјален податок, дополнително ја потврдува позитивната динамика во економијата или во вториот квартал од 2026 година реалниот раст на БДП достигна 4,3 проценти.

За крај, Филипче треба да знае дека токму криминалите и распродажбата на државата ја сместија СДС во длабока опозиција и на маргините на политичката мапа.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер