МакедонијаЗаврши надзорот од страна АХВ, кучињата се социјализирани, немаат беснилоТрите кучињата од Пинтија, од кои едно од нив пред два месеца до смрт искаса 8 годишно дете се социјализирани и немаат беснило.Трите кучињата од Пинтија, од кои едно од нив пред два месеца до смрт искаса 8 годишно дете се социјализирани и немаат беснило, утврдил надзорот на агенцијата за храна и ветеринарство, но сепак за нивната судбина последниот збор ќе го има ОЈО вели првиот човек на агенцијата Бабовски. Од обвинителството пак за Канал 5 велат велат дека го очекуваат вештиот наод од извршената обдукција, по што ќе се донесе јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката. Се извршија три клинички прегледи, потоа се изврши и тест за социјализација, кој по барање на стручното лице траеше малку подолго поради целата ситуација и сето тоа покажа дека животните се здрави, не се агресивни и понатаму овој предмет е во надлежност на ЈО. Се што беше професионално од наша страна е завршено, понатаму е на јавното обвинителство, а кучињата се се уште во центарот на МВР, не се вратени кај сопственикот. Во меѓувреме, изготвени се нови законски решенија според кои, одгледувачниците ќе мораат да бидат регистрирани, исто како и лицата кои сакаат да одгледуваат една женка и најмалку еден мажјак, посочи Бабовски. Додека пак, оние кои чуваат сдомашни миленици ќе мора истите да ги стерилизираат, без разлика на полот на животното, бидејќи се почесто е несовесното чување на миленици кои неретко завршуваат на улица... Сите оние кои што сакаат да си одгледуваат домашни миленици ќе мора истите да ги стерилизираат за да може да се контролира бројот на животни и акцентот најмногу, цело време, а и сега го зборуваме и ќе го зборуваме се додека на нашиве љубители на домашни животни и кои што си имаат свои миленици не сфатат и не разберат не е „ин“ да имате само домашен миленик, туку треба да се грижите целосно за него и да се грижат за одговорното сопствеништво... Од Анима мунди го поздравуваат ваквиот законски предлог бидејќи кучињата ќе имаат хуман третман, а и ќе запре црниот пазар на животни. Но, според нив, како решение треба да се воведат и повисоки казни за несовсните сопственици бидејќи актуелните, велат се само симболични. Дополнително, општините имаат насоки од АХВ да го утврдат вкупниот број на бездомни кучиња по нивните улици за да се воспостави соодветна контрола врз ситуацијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНа Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 часСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира утрово Авто мото сојузот на Македонија.АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез, времето на чекање е околу 30 минути до 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Граѓани на социјалните мрежи тврдат дека утрово помеѓу два и три часа се потребни за да ги минете двете пасошки контроли кон Грција на граничните премини Богородица и Дојран. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски со пионот на Вучиќ прави енергетски договорНајпосле Христијан Мицкоски ќе го легализира својот бизнис со струја.Како? Со Вучиќ. Вчера Мицкоски се сретна со Ѓуро Мацут - човекот кого само Вучиќ го нарекува премиер, на неочекувана посета, иако Мацут во Охрид се чувствува како дома. Целта: да ја официјализира соработката меѓу СНС и криминалната организација ВМРО. Со Душан Адамовиќ, високиот член на СНС, почесен конзул на Македонија, Мицкоски веќе има соработка, офшор фирми за продажба на електрична енергија. Сега со Мацут тоа ќе го официјализираат. Оваа балканска организирана криминална група, под водство на Вучиќ, а во Македонија под водство на Мицкоски, сега ќе ја легализира и продажбата на струја преку своите структури. Вучиќ ја легализираше корупцијата преку Експо 2027. Мицкоски тоа сака да го направи преку Скопје 2028. Кога ќе го завршат - криминалот и корупцијата ќе бидат легитимни. Повеќе нема да мораат ниту да се мачат со тендери, па ДКСК и Обвинителството да ги бранат. Кога ќе го изгласаат законот - парите и провизиите ќе одат директно во џеб. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
КултураКвартет „Сигнум“-индивидуална харизма споена во заедничко музицирањеЧетворицата извонредни саксофонисти Михал Кнот, Јакопо Тадеи, Алан Лужар и Едоардо Зоти, обединети во квартетот „Сигнум“ беа вистинско летно освежување на „Охридско лето“ со својот концерт што го одржаа вчеравечер во црквата „Света Софија“.Преку нивните импресивни виртуозни вештини публиката уживаше во музика од Хенри Персел, еден од најзначајните англиски композитори од епохата на средниот барок. Магичната вечер продолжи со гудачки квартет од Антони Дворжак аранжиран за квартет саксофони од страна на „Сигнум“, а заврши со двајцата великани во американската уметност, Џорџ Гершвиш и Леонард Бернштајн. Тенор саксофонот Алан Лужар потсети дека овој ансамбл биле дел од програмата на „Охридско лето“ во 2015 година. -Многу се радуваме што по толку години повторно се враќаме во Охрид. Овде се чувствуваме прекрасно и драго ни е што ја делиме музиката со публиката. Квартетот саксофони е формиран пред 15 години, едноставно во студентските денови. Светот на саксофонистите е мал и така се запознавме. Свириме од 60 до 70 концерти годишно на сите континенти, рече Лужар. Стилот што го негуваат како квартет „Сигнум“ претставува еден вид спој на повеќе жанри, со особена посветеност на музиката оригинално напишана за гудачки квартет, но и со афинитет кон рок- класиците на модерното време. Веќе од првите тонови на нивната изведба, овие музичари започнуваат со вистински „огномет“, кој надополнет со емоции и постојана љубопитност да се преминуваат границите на музиката, прави тие да создаваат необично и уникатно ансамблово музицирање. Без разлика дали станува збор за оригинални композиции напишани за квартет саксофони или пак аранжмани на оркестарски дела, барокни композиции или рок-музика – љубовта со која „Сигнум“ им пристапува прави да можат убедливо да изведуваат музика од сите епохи и жанрови. Честопати се вели дека е тешко со зборови да се опише нивното мајсторско свирење – единствен начин е тоа да се доживее при изведбата во живо.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter