Заврши акцијата на косовската полиција во Бањска, патот останува блокиран - Канал 5

Заврши акцијата на косовската полиција во Бањска, патот останува блокиран

Завршена е акцијата за пребарување на околината на селото Бањска во општина Звечан, во меѓувреме, продолжуваат обвинувањата на релација Белград-Приштина по избувнувањето на новите тензии на северот на Косово... 

Заврши акцијата на косовската полиција во Бањска, патот останува блокиран

По четири дена од крвавиот судир меѓу косовските специјалци и група етнички Срби, кој резултираше со пет жртви, отстранета блокадата за влез во селото Бањска во Звечан. Сепак на сите кои влегуваат им се препорачува да не скршнуваат од главниот пат, поради опасност од неексплодирани мини. Чекор кон деескалација на состојбата, ако воопшто во моментов тоа е возможно е ослободувањето на четворица Срби, поради како што пренесоа косовските медиуми, недостаток на докази за вмешаност во неделните инциденти. Во 30-дневен притвор остануваат четворица други. Во Белград и на северот на Косово е ден на жалост, а Србија и денеска го обвинува КФОР дека интервенирал еднострано.

-Не се работи само за прогон, пукање, буквално стрелање кон Срби, туку и упаѓање по куќи, малтретирање, масовни апсења. Ние очекувавме дека КФОР активна улога, а не дека ќе посматра од страна што се случува. , изјави за РТС, Милош Вучевиќ, министер за одбрана на Србија

За Приштина нема дилеми дека Вучиќ е директно инволвиран во инцидентите, особено по објавата на видеото на кое наводно меѓу групата напаѓачи е и вториот човек на Српската листа, Милан Радоичиќ, снимка за кој официјален Белград тврди дека датира од поодамна, а не од неделата. Денеска Приштина тврди и дека меѓу убиените напаѓачи е екс телохранител на директорот на српската безбедносна агенција, Александар Вулин. За косовскиот премиер Курти дојдено било време косовските Срби да бидат ослободени од туторство на Србија.

-Со над 5 милиони евра воено вооружување и доволни количества за група од стотици борци, се докажа сценариото за крвопролевање на Косово. Тие (теористите ) се појавуваат рамо до рамо, на маса во Белград со претседателот Вучиќ, предупредувајќи на директната улога на српската држава во оваа ситуација. , изјави на владина седница Албин Курти, премиер на Косово

И додека Брисел и Вашингтон апелираат дека единствениот пат за нормализација е враќање на дијалогот, дел од регионалните експерти сметаат дека пораките на меѓународната заедница се премлаки и дека е неопходен поголем притисок.

-Немате со кого друг да разговарате. Го имате Вучиќ и го Курти. Дали треба да се притиснат? Апсолутно. Дали се право доволно? Секако дека не. Дали е реално да очекуваме дека некогаш ќе ги дознаеме вистинските резултати од истрагата? Прашање е само дали ќе има договор под маса. , изјави на дебата на ХРТ Денис Авдагиќ, политички аналитичар од Хрватска

За вечерва е најавено ново обраќање на српскиот претседател Вучиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплување

Променливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР.

УХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплување

Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд.

Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Наглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. 

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“.

При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот.

Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард

Секој ден се повеќе СДС личи на расипана грамофонска плоча за ширење на лаги и дезинформации. 

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард

Народната банка и гувернерот се тие кои носат одлуки за банкарскиот систем, а не премиерот и Владата. Не е вистина дека било кога и било каде гувернерот Славески кажал дека одлуката за Алта банка ја донел Мицкоски.

Така да, ова е уште една лага на СДС и со цел да се шири паника и да се прави саботажа со банкарскиот систем на земјава.

Таквата саботажа на СДС, ја потврдува нивната неконструктивна улога од која штета имаат бизнисите, економијата и граѓаните. Премиерот не носи банки. Но очигледно, тие се поучени од времето кога братот на експремиерот Вице Заев, со неговите бизнис партнери земаа кредити без покритие од Еуростандард банка, со што ја уништија банката и ги украдоа граѓаните. Е тоа е криминал.

Разликата помеѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја украдоа банката, а во случајот со Алта, проблемот е увезен односно престана да постои нејзината матица која е во друга држава. Но за среќа, решение ќе има и граѓаните нема да се дозволи да бидат оштетени, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер